Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Hahaha, насловов од fcinter1908.it, Miracolo a Milano: Mancini se ne va!
 
Не му фалеше ништо на Емре ама муабетот беше дека се стремиме во средината да имаме играчи од топ-класа, не само добри фудбалери. Значи зборувам за монструозна средина, ако веќе се инвестира понатаму.

Енгин, тој може е супер во Бундес лига, и Диего беше ѕвер таму. Навистина таму многу се трча и има многу поголема слобода во играта. Сосема друго е во Италија кога ќе му наметнеш дисциплина и конкретни задачи. Многумина се изгубиле...

Енивеј, Ганзо е пак актуелен:
Лео го одбра Гансо пред Нејмар

--- надополнето ---

Hahaha, насловов од fcinter1908.it, Miracolo a Milano: Mancini se ne va!
Најдобар трансфер зимава! :)
 
Неможеш за никој играч да кажеш дека ќе успее ако е од друга лига . Навистина тешко се успева во Италија , ете пример Диего што го спомна . Ама мора нешто младо да се купува покрај старцине во средина што ги имаме , сите се над 30ка . А да го купиш Фабрегас , Швајни или друг некој од топ 10 е скоро невозможно , затоа мора вакви млади талентирани играчи да собираме .

Ако одиме по таа логика еве овој Гансо од кај знаеме дека ќе успее кај нас , или пак овој Холанѓанецов што се спомнува , некое детиште , дури ни на youtube не ме импресионира :)
 
Нема гаранции за никој, ама овој Ганзо ми изгледа како ѕверотиња. И повеќе сум за фудбалер од бразилско првенство зошто знам дека прво, ќе ги имаат сите потребни информации за играчот, второ, полесно ќе се адаптира покрај другите бразилци во клубот, ќе има помош. Скептик сум за било кој фудбалер од Бундес, освен некој искусен ѕвер како Швајни.
 
Hahaha, насловов од fcinter1908.it, Miracolo a Milano: Mancini se ne va!
crazydude.gif
 
Осеќам денес резултативе ќе бидат у наш прилог , од прв до последен
 
Чим Лео го одбрал Гансо пред Нејмар ...значи така трбеало да биде ...Ипак типот ги донесе Кака и Пато у Милан ...ваљда нема да не заебе нас =))
 
Само чичко Морати нека го одврзе кесето... иначе, колку плата земаше Мансини?
 
Aбе вие осеќајте добар епилог за Интер од денешниве мечеви али со Наполи играат а се без Снајдер, Ето и Цезар, а во спротивен табор комплетни се и во нездрава форма се моментално.
Ја аналогно на очекувањава за сезонава, не сум убеден у позитивен резултат со наполитанциве, ко нарачано е ова гостување за нив против десеткуваниов Интер кој сега за сега е во очајна форма во домашното првенство.
Извинете за скептицизмов :), aли у моментов бар ја не глеам основа за оптимизам.

p.s. Мацари преферира игра со тројца стопери, 3-4-1-2, така некако му е поставена формацијата, па со гол у први 15 минути ќе се заврши голема работа, ко што направија Милан на нивни терен, во таква ситуација со оваа тактика кога ке тргнат all in у напад, од контри ке бидат искинати. Вака ако се тргне споро, ако се тегне мечот, ке расте и нервозата и кај играчите а и на трибините и тоа само би им одговарало на Наполи. Они ако дадат први гол, тешко дека ке се сврти мечот, максимум нерешено ке заврши натпреварот според мене.
 
Aбе вие осеќајте добар епилог за Интер од денешниве мечеви али со Наполи играат а се без Снајдер, Ето и Цезар, а во спротивен табор комплетни се и во нездрава форма се моментално.
Ја аналогно на очекувањава за сезонава, не сум убеден у позитивен резултат со наполитанциве, ко нарачано е ова гостување за нив против десеткуваниов Интер кој сега за сега е во очајна форма во домашното првенство.
Извинете за скептицизмов :), aли у моментов бар ја не глеам основа за оптимизам.

Знаеш дека обично сум песимист ама не и денеска. Во принцип, тие се јаки напред, Кавани-Лавеци-Хамшик се супер трио. Мислам дека ние покрај сите фрки, најмногу страдавме од некомплетната одбрана која примаше смешни голови. Ако излеземе во формација Занети-Ранокиа-Лусио-Маикон, и ако малиот се вклопи брзо, мислам дека можеме да ги неутрализираме, а на остатокот од теренот сме подобри. Да не редам други работи, мислам дека вечер можеме да стигнеме до три бода.

Јуве претрпе бродолом иначе :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom