Најверојатно, после последниов испад на Рафа, готово е ...
fcinter1908 пишува дека шансите по ова Бенитез да остане тука се 1 %, пренесуваат дека Морати имал средба со Капело во Абу Даби ( Морати инсистирал на ова ) и дека во Вторник и дефинитивно Рафа ке лета од тимот. Други кои се спомнати од овој медиум се Пеп, но тоа е изводливо само од Јуни па нагоре, и Леонардо, ја сум против оваа опција.
За трансферите, пак се враќаат на Кака и Торес, додека за Касано не, е сега пак интересно е тоа што наеднаш Морати се откажа од Касано па ова пак го поврзаа со Капело, бидејќи верувам знаете, Капели и Касано после фијаското во Реал никад нема да се соединат. ( мада, ова може да е само коинциденција )
fcinternews, овие па се повикуваат на Газета Дело Спорт ( кои покрај Скај, е еден од најрелевантните медиуми во Италија, поготово кога Интер се во прашање ), утрешното издание на овој весник е со наслов '' Бенитез си оди '', додека пак за иден наследник, според нив, во пол позиција е Спалети, па потоа и Леонардо.
Според мене, бар сега ако гледаме ко кладилнициве, со најголеми шанси за наследник на Рафа е Спалети, Капело сепак е сеуште тренер на Англија па незнам како ке се изведе неговото доведување иако он е единствениот од сите кандидати со кои Морати се сретнал фејс ту фејс, Лео е со најмали шанси. Останува да видиме што ке се случува деновиве, иако Се поизвесно е дека Рафа си заминува, на општо задоволство, мада, според мене штетата е веќе направена и не сум голем оптимист за оваа сезона, без разлика кој ке седне на тренерската позиција.