Не сакам да пишувам вака на други фан-клубови затоа што по дифолт се сфаќа као провокација,ама ќе пробам да заобиколам се што било кој тука може да го сфати као провокација.
Го гледав Интер вчера и нормално како навивач на Милан,не можам да речам дека не ми беше мило што изгуби.Ама тоа не е моја работа.
Се сложувам се Марли и понемотивиран и поклимав Интер ни јас немам видено долго време.Сигурно дека за тоа најмногу виновен е Бенитез кој не е чудно да го направи и уште поникаков тимот со оглед на тактиките,формацте и најмногу ротациите кои ги користи.Реално гледано Интер го нема тој ростер за да може да поднесе току ротирања и експерименти во стилот на игра.Јас најискрено ви кажувам да сум фан на Интер не би верувал многу во Бенитез.Има свои добри страни и карактеристики,ама јбг има и превише глупи одлуки.
Е сеа најбитното што сакав да го кажам...
Да,Мурињо си го направи своето лани и беше многу засужен за успехот на Интер,ама да не беа Милито,Снајдер и Лусио донекаде ни Интер немаше да биде тоа што беше.Нормално над добрите игри на овие тројца стоеше генјалноста на Мурињо! Е сеа..Да бидеме реални ни Милито ни Снајдер, не се од онаа прва класа најдобри играчи во светот па да може да задржат константен врв на форма две или повеќе сезони по ред.Милито не е Дрогба,Торес,Ибрахимович или Виља(колку и сите да сакаат да биде-Милито не е од калибарот на најголемите светски напаѓачи)Тој дури и 2 сезони по ред игра одлично:Во Џеноа и во Интер.Нормално е сеа да има пад и формата да му се движи во надолна линија. Истото важи и за Снајдер.Ни тој не е од калибарот на Џерард,Лампард,Кристијано Роналдо,Роналдињо,Чави,Меси.. И да гледаме реално..Луѓето освоија се!Тројна круна и индивидуални награди. Верувајте ние од Милан знаеме како е кога играчите губат мотивација заради истите причини.

За цел тим на Интер,за играчите,за навивачите Мурињо беше Бог!Кога си замина и играчите и навивачите се разочараа.За очекување е после се да се помалку мотивирани и формата после врвот да оди во надолна линија. Тоа се случи со играчи од калиброт на Кака,Роналдињо,Руни и слични,а камоли за Милито и Снајдер..
За враќање на мотивација битно е да се најде некој мотив или да се има добар трењер,а што се тиче Милито:ги нарави Интер шампиони,зеде индивидуална награда,а речиси и не заигра на Светското..Јас мислам дека ги исполнува сите услови да се демотивира и да му падне формата..
И за крај..Ако Интер освои и нареднаа сезона,верувајте,тоа ќе биде само ако некој друг од тимот блесне..Ето или можда некое ново засилување што би успеале да го донесете во последниве денови.Јас не би се надевал во Бенитез,а мислам дека ни во Милито и тие кој врвот на формата го имаа минатата сезона!