Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Со заминување на Мурињо целата конструкција на тимот може да се сруши како карти од кула, неговото заминување може многу да ги погоди играчите. Ниту останување на Мурињо не гарантира успех или нешто слично но се ќе беше многу полесно доколку тој останеше. Вака за две години треба да правиме нов проект, се да почињаме од почеток, станауваме како Реал Мадрид само што не носиме ГАЛАКТИКОС играчи како нив. Потребен е еден континуитет подолго време еден тренер да биде на кормилото, поголемиот дел од играчите се во врвот на кариерата и со Мурињо на чело можеме да бидеме првиот тим што ја одбранил титулата од Лигата на Шампионите.

Времето ќе покаже кој бил во право а кој не... Што се однесува до Морати, човекот не е достоен на зборот, дур не заврши трансфер пазарот нема да бидам сигурен дека некоја ѕвезда нема да го напушти Интер

сосема си во право ... за мене најстрашно е што ќе ја изгубиме психичката стабилност , особено по константните медиумски напади ако имаме за тренер изгубени во свемир тенеќии ко бенитез и михајловиќ. единствена колку толку достојна замена би бил капело кој бара дисциплина и навикнат е на цела таа хаварија што се нарекува калчо.
единствена надеж ми е сега егото на перез на надвладее и да не го исполни основнот барање на мур ... целосна контрола врз тактика тим трансфери итн. итн.
 
Со среќа нека ви е новата титула и да ви се множат......(извинете што ви пишав покасно немав време)...поззз
 
Со заминување на Мурињо целата конструкција на тимот може да се сруши како карти од кула, неговото заминување може многу да ги погоди играчите. Ниту останување на Мурињо не гарантира успех или нешто слично но се ќе беше многу полесно доколку тој останеше. Вака за две години треба да правиме нов проект, се да почињаме од почеток, станауваме како Реал Мадрид само што не носиме ГАЛАКТИКОС играчи како нив. Потребен е еден континуитет подолго време еден тренер да биде на кормилото, поголемиот дел од играчите се во врвот на кариерата и со Мурињо на чело можеме да бидеме првиот тим што ја одбранил титулата од Лигата на Шампионите.

Времето ќе покаже кој бил во право а кој не... Што се однесува до Морати, човекот не е достоен на зборот, дур не заврши трансфер пазарот нема да бидам сигурен дека некоја ѕвезда нема да го напушти Интер

Без разлика, Мурињо имаше уште една година од договорот. Што ќе беше поразлично ако си заминеше догодина? Кога - тогаш мора да се ремонтира, секој клуб поминува низ тоа.

Иначе што се однесува до Маикон или Балотели, тие и да си одат тоа нема да биде поврзано со Мурињо. Одамна се мети, посебно Маикон, и самиот Бранка изјави дека секоја понуда за нив ќе биде разгледана. Не е ни пожелно да останат сите, зошто во екипи кои освојуваат се потоа недостига мотивација, многу природно. Потребни се 3-4 нови првотимци да внесат свежина, а неој ќе си оди сигурно.
 
Според најточни извори-спортденес Морати го избрал Синиша Михајловиќ за тренер.
 
29863_1337639005731_1373810976_30883501_1688222_n.jpg


Сликава е само за Syn...

Да не ти ја пушти тој сликана од друга агол од трибина :pos:

--- надополнето ---

Според најточни извори-спортденес Морати го избрал Синиша Михајловиќ за тренер.

Штом викаат тие ондак е готово.
 
Јас искрено се плашам за иднината..не сега да ширам песимизам ама се надевам дека ова не е максимумот на Интер и дека ќе одиме подалеку и другата сезона ама очигледно тешко ќе биди тоа без Мур..се плашам дека го достигнавме максимумот и дека ќе тргниме во надолна линија и како да се заврши еден циклус од 4 прекрасни сезони за нас преполни со возбудувања,радост,тага,солзи......се надевам дека догодина ќе го задржиме истиот тим надополнет со две засилувања и тренер Капело и одиме кон нови походи...ако напишам дека повторно сакам тројна круна ќе биди мнгоу лакомо и пред се неблагодарно ....ама можиме и да станиме првата екипа која го одбранила трофеот само ако Капело пристигни на меаца ионака Морати најголема желба отсекогаш му бил дон Фабио....фановите на Барселона знаат како се чуствуваме во овој момент но кај нив тренерот си остана и истиот костур го задржаа...а кај нас којзнае што ќе се случи...сепак пред се ние сме величина во Европа ние сме ИНТЕР ,Морати не смее да си го дозволи тоа да се разбегаат играчите од овој клуб каде значи нешто после овој успех......признавам догодина ќе бидам презадоволен и со скудето ..сега целта ќе биди две звездички во наредните неколку години што верувам ќе ја достигниме па нека тролаат јувенташите после....FORZA INTER
 
Замислете во идеалниот тим на Лигата на Шампионите за оваа година го немало Меси..
Каков хаос човече.. Утре сонце нема да изгрее.. :tapp:
А такво нешто само еднаш се раѓа.. Да знаете..
 
Замислете во идеалниот тим на Лигата на Шампионите за оваа година го немало Меси..
Каков хаос човече.. Утре сонце нема да изгрее.. :tapp:
А такво нешто само еднаш се раѓа.. Да знаете..

Да не ја згреши темата?
 
Да не ја згреши темата?

Не бре пишувам за идеален тим во лигата на шампионите за сезона 2009/2010, во темата на европскиот шампион?!
Што е тука згрешено?
Можеби Меси фали а? Што викаш?
 
Ја тврдам дека нема да си оди Маикон а ни Милито...
Ме мрзи да ја барам сликата од Маикон кај што покажува дека ќе остане во Милано на мечот со Јувентус...
Истото важи и за Милито кој мислам дека изјавил дека има уште од договорот и дека ќе го одработи, доколку си отиде тоа ќе биде премногу неблагодарно од негова страна. Со Интер на 30 години освои се што можеше да се освои, ниеден друг клуб не му даде шанса и сега после само една сезона да го напушти тој клуб ќе биде многу лошо. Не сум преголем фан на Милито, но сепак не би сакал да си отиде...
Според мене играчи кои се пред заминување се: Кварезма, Мунтари, Арнаутович, Бурдисо, Мансини...

И за тренер само Капело и никој друг...
 
не прашањето е ТИ да не си на погрешно место....

Mister... are you lost?

Ти си грешка друже..
Тој е во право..
На вистинското место е..
Го бара Меси..
Последно е виден тука некаде.. Во Милано.. :pipi:
 
Не бре пишувам за идеален тим во лигата на шампионите за сезона 2009/2010, во темата на европскиот шампион?!
Што е тука згрешено?
Можеби Меси фали а? Што викаш?

Да, фали. Мое мислење, што е проблемот?
 
И за тренер само Капело и никој друг...

Каков Капело бре.. Не сме ние за Италијанец..
Се знае кој е следен за нас..
Сер Алекс Фергусон..
:pipi:

--- надополнето ---

Да, фали. Мое мислење, што е проблемот?

Кој побара твое мислење?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom