Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Se izgubi malo dete od okolu 170 cm se odzviva na imeto MESSI oblecen e vo dres na BARCA i posleden pat e viden na zagrevanjeto pred natprevarot so INTER, za cesniot pronaogac sleduva nagrada :)


:pos2::pos2:
Најверојатно Тиаго Мота го сокрил некаде ...:tv:
 
Сега откако се смирија страстиве ме интересира дали има некои информации за Маикон???
Да, имал скршен заб ( секач :) ), така да не би имал никаков проблем за настап во вториот меч.
 
2скршени заба ко шо чув ја и исеченица на горната усна ....

Виде некој Лео да се извини за ударот ?

Не беше Меси крив, не верувам дека намерно го направи тоа. Се беше во жарот на играта.

Колку “Калински“ звучам. :)
 
Најнова вест.. Чави го обвинува судијата кој бил Португалец и затоа судел на страната на Интер..
Премногу голем притисок вршат врз судиите, оти мислам дека можно е да делува кај наредниот кој треба да суди? :tapp:
Да ти ебам тимот посран..

да се немало класа ......... само со погрешен човек садат краставици , римембр фриск .

мите кажал што кажал ниеднаш не проба да исфорсира трансфер ко јуда на пример и во никој случај не ги заслужи свирежите ... секако и јас сака и реал ги поебе и еден банер да извадиме ... ИБРА zero tituli :D
 
Не беше намерно од Меси, али не се ни извини а тоа му беше лош потег...
 
Не беше Меси крив, не верувам дека намерно го направи тоа. Се беше во жарот на играта.

Колку “Калински“ звучам. :)

не беше намерно ко да имаше шанси да стигне до таа топка , дел орно за помал старт врз него доби црвен
 
Прво за Интер:

Вечерва видовме еден поинаков Интер, екипа со поинаков менталитет. Екипа која реши да се надигрува со најдобрата екипа во Европа, и ја надигра. Навикнати сме да гледаме ситуации во кои на нафрлена топка нема сино-црн дрес во шеснаесетникот. Вечерва, Милито, Ето, Пандев, Снајдер, Маикон... влегуваа во 16 метри и се обидуваа да го постигнат посакуваниот гол. Навикнати сме да гледаме како Интер се затвора после водство и чека на грешка на противникот. Вечерва, не ми се веруваше на очите дека на 2-1 за нас, се обидуваме да постигнеме трет гол, и го постигнавме. Вечерва, и после 0-1 не се мислев многу да уплатам 1, зошто видов по пристапот дека се решени да победат и дека ќе победат.

Наместо одма да пикираме некој за критика, дајте одвреме навреме да пофалиме некого. Место за критики има, ама прво да видиме за заслугите. Прво, капата долу за Мурињо, неговата храбра тактика и прецизна тактика на крајот на краиштата. Ако некој мисли дека Ибра и Меси беа спречени на среќа, или не им беше денот, се лаже. Го оддалечивме Меси подалеку од голот и не му дадовме на Ибра да прими топка. Прекрасна одбрана. Честитки за Цезар кој имаше навремени и храбри интервенции. Честитки за Лусио и Самуел за бескомпромисната борба, честитки за Занети и неговите 36 години, за Маикон кој би бил еден од најдобрите играчи на светот воопшто, ако му дадат да игра само дерби натпревари. Честитки за Пандев кој си поигруваше некогаш и со 2-3 играчи одеднаш. Играта на Интер падна по неговото излегување од причина што немаше кој да го повзе нападот со прецизни проигрувања. Штета што не е физички поподготвен. Честитки за Снајдер кој гореше од желба да постигне гол и како што изјави предходно, да игра во Мадрид. Честитки за Тиаго Мота кој ако се заборават 4-5 лоши проигрувања во серија во првото полувреме, тотално растураше во дефанзива и му дишеше во врат на Меси. Честитки за Камби, човекот кој го има насекаде. И за Ето и Милито кои се редовна закана по голот на противникот, кој и да е.

Честитки за најголемиот дел од публиката која направи Вулкан на Меаца и ја заслужи оваа победа.

На крајот по некоја критика:

Критика за оној дел од публиката која го создаде проблемот со Балотели. Со кој памет му се свири на свој играч при 3-1 на крајот на натпреварот, не можам да разберам. Единствените „гревови“ на играчот беа едно лошо проигрување кога топката лошо му отскокна, и еден удар на кој сите ќе збесневме од еуфорија ако му легнеше добро, како што му легна со Удинезе на пример. Нема ништо што тука не би го пробале Маикон или Ето, ама нив немаше да им свират.

Критика и за Балотели, кој сеуште не знае како да се справи со притисокот. Реагираше недолично и неговиот потег е за секаква осуда. Сепак, колку и да го критикуваме некогаш, овој пат не беше тој кој иницираше и тој кој создаде проблем.

Со оглед на тоа дека Матераци го нападна во тунелот а навивачите во гаражата, сега дојдовме до ситуација на линч, која ја започна дел од неодговорната публика а ја влоши Балотели со неговото незнаење и непрофесионализам.

Моментот од херој до трагичар е некогаш еден удар, овој пат беше ударот кој не заврши во мрежата, удар кој ќе ја потопеше Барса дефинитивно.

Сепак, да не заборавиме дека:

- издвојувана е огромна победа над европски првак и најсилна екипа во моментов
- ќе одиме на реваншот со 2 гола предност, што ни дава големи шанси да играме финале после 40-тина години (сеуште ништо не е готово)
- во очите на светската фудбалска јавност пораснавме за неколку километри, бидејќи до вчера скоро едногласни беа сите, дека нема тим кој може да ја победи Барселона.

Уживајте во победата вечерва и не му ја мислете за други работи.
 
josemourinho002.jpg
 
Ај ако може да најде некој слика од конечниот резултат на семафорот на Меаца!
 
Околу Балотели:

Точно дека правеше доста бељи, ама навивачите треба да го поддржуваат секој играч на клубот, а не да го исвиркуваат ко да губите 3:1 по негова вина.
Знам дека не е ист случајот, ама земете пример случајот со Тери и Ванеса Перонсел, и покрај тоа фановите застанаа зад Тери.

Не го оправдувам ама...
Сепак мислам дека не требаше повеке од 1-2пати да го исвиркуват
 
Луѓе да ви честитам само одлична победа ! Одлично изигравме !
Ве сакам!Кис4иња! <3 Срекен сум :P
 
Јас сум пасиниран фан на Интер последните 12 години и денешниот натпреварот со Барса бездруго спага во редот на петте најдобри натпревари целиот тој период, особено ако се има во предвид 'тежината' на ривалот и неговата моментална форма. Најголеми заслуги секако има фудбалскиот генијот Мурињо, на кого му успеа да ја неутрализира Барса до линија на непрепознатливост. И секако, целиот играчки колектив со исклучок на Балотели (чие однесување не би го коментирал), за доследно спроведената фудбалска филозофија од теорија во пракса.

Инаку, иако е неблагодарно да се коментира судењето, да имавме помалку пристрасен коментатор ( кои патем, не коментираше, туку навиваше) можеби и судењето немаше да ни се види толку пристрасно. Имено, да посветеше и пола од времето за експертска анализа за досудувањето на непостоечката офсајд ситуација на Милито уште во првото полувреме, кого овој испагаше сам пред Валдес, како што тоа го направи при третиот гол на Интер, ќе немавме разлог да се сомневаме во конспиративни теории против европскиот шампион.

Како и да е, за нешто повеќе од недела дена не очекува најтешкото гостување годинава...и само со ладна глава и силни нерви од гостувањето на Камп Ноу можеме да се вратиме како финалисти.
 
Сега може да се каже дека шансите се 50-50, вие ги имате 2та гола предност ние ја имаме предноста на Кампот :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom