Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Шала настрана,не сте ама ич за потценување.
Иако имате мал пад во формата,утакмицата на Стемфорд ќе биде лудило.
Нешто налик на ланската помеѓу Челзи-Ливерпул,ако ви текнува.
Само сега се надевам дека нема да биде истиот резултат.

Ваша предност е што имате 2-1 резултат,а пак голманската позиција на Челзи е ептен загрозена.
Дали Трнбал дали Хиларио двајцата се дрва.Чех нема шанси да биде спремен за в вторник.

Ќе биде интересно едвај чекам.
Да бев од Скопје,ќе се соберевме ќе гледавме,ама вака..
Да се надеваме на друга прилика.

Јас несенадевам дека ќе игра голема улога кој ќе биде на голот на Челзи. Тоа нека го мисли Интер, и така ќе се игра само на еден гол.
 
Мислам дека ќе влијае.
Нафрлања,прекини,слободни удари,аути..
Барем на овие работи,Чех истрчуваше и одлично реагираше.
Овие двајца се катастрофа.
Хиларио секој шут на противничката екипа го проследува со поглед,и поттрчнува колку да се рече,а Трнбал има рефлекси -78,така да еден шут,на Снајдер или Станковиќ рецимо,и ете го толку посакуваниот гол на Мурињо.

Е после и тоа како ќе биде заебано,и шансите за пролаз на Челзи ќе бидат сведени на минимала,да не речам на ништо..
 
Додека кај нас ако не игра Мунтари, готови сте. :tv:
:icon_lol:

Прв болд Проблем Малуда,решение Маикон.
Втор болд Проблем Алекс,Тери,Дрогба,Балак,Бане... решение Лусио.
>.<

Немате 5 Лусио-овци :smir:

Проблем Жирков - решение?

Да не почнуваме со претпоставки, проблеми и решенија, препирки.
Во вторник ќе се види кој е кој, што е што :toe:

Имате предност, можете да бидете (колку-толку) мирни :smir:
 
Еб*м ви претпоставките, камо фудбалот да беше така едноставен. :D
 
Дискутираме само!
Впрочем за тоа се наменети фанклубовиве.

Се вжештува атмосферата уште одсега,едвај чекам да дојде тој ден веќе!
 
Дискутираме само!
Впрочем за тоа се наменети фанклубовиве.

Се вжештува атмосферата уште одсега,едвај чекам да дојде тој ден веќе!
Само Мурињо да не помисли да ги брани 2-1.
А за другото лесно е, еден гол да постигне Интер и друга ќе биде приказната.
Мој тип 1-1
Малку навивачки :)))))))))
 
Само Мурињо да не помисли да ги брани 2-1.
А за другото лесно е, еден гол да постигне Интер и друга ќе биде приказната.
Мој тип 1-1
Малку навивачки :)))))))))

Думане, се надевам дека со "1-1", мислиш на крајниот резултат, а не на тип после прво и тип после второ полувреме. :icon_lol:
 
Само да не помисли Мурињо да ги брани 2-1 од Џузепе Меаца, е дури тогаш ќе бидеме за подсмев.
Само виша сила може да ни помогне во Лондон.
Јас се надевам дека ќе ни помогнет некоја виша сила , и така никаква надеш немам во Мота, Марига, Суле, Станковиќ и Камбиасо.
Нападот ни е добар, голманот добар, одбраната е супер.....само уште четворицата во средниот ред ( сите се да ги однесеш во Фенербахче). негибиват ниту за деструктивци ниту за креатори, а пола се избор на специалниот особено Мунтари и Марига кој пред да дојдет во Интер немаше првотимски статус во Парма, а ние си замислуваме со него да го добиеме Челзи. Да се чудеш и да неможеш да поверуваш.

Многу реален пост...ова болдираното слатко ме насмеа ама е сурова реалност..Ваква екипа како Интер што атакува на сите фронта не заслужува да има такви играчи во среден ред(да не ги споменувам)...Тоа е веќе најголема наша болка(Кој сите ние бевме убедени дека ќе помини со ангажманот ан снајди)..кај Снајдер го решивме проблемот т.е. плејмејкер но се гледа по нашата игра дека не било само племејкерот проблемот туку треба сите да трчаат и да се обидат да направат нешто(во средниот ред)...Ето да не беше во првиот натпревар да ги потикни играчите да тргнат понапред можеби сега ќе бевме во многу понеповолна ситуација односно положба...Io sono мислам дека потенцираше тука на форумот дека овие играчи и да ги натераш да одат понапред т.е. да се решат на офанзива тие по инерција ќе се врата назад:toe:..за со челзи како што кажав голем песимист сум и така ќе остане..Forza Inter
 
Думане, се надевам дека со "1-1", мислиш на крајниот резултат, а не на тип после прво и тип после второ полувреме. :icon_lol:
Нормално на крајен резултат.
Но со напомена оваа е на база со малку пристрасност.
Оваа е фудбалска игра , а понекогаш се случуваат и чуда, како тоа што беше во средата Реал Мадрид - Лион 1-1
На такво чудо се надевам и за вторник Челзи - Интер 1-1
 
Знам дека на тоа мислеше, се зезав. :)
Како и да е, ќе ни биде потребна среќа во Лондон, и сите 11 играчи да ја покажат борбеноста на Снајдер од дуелот против Сиена - да одат таму како да сме во негатива. Е тогаш постојат реални шанси за одење понатака. Бранење на резултатот би било чиста лудост.
 
Имам приметено, кога игра максимално борбено Интер секогаш ги добива натпреварите, но кога игра само да заврши натпреварот ни се случува некоја Аталанта, Катанија, Панатинаикос и многу реми натпревари.
Се надевам дека во Вторник ќе ги видам фудбалерите со испотени дресови, а ако тоа биде така со сигурност ве убедувам дека ќе го гледаме Интер во 1/4 финале.
 
:icon_lol:
Немате 5 Лусио-овци :smir:

Не ама имаме 1 кој знае да се самоклонира неколку пати :pos:

Значи толку многу ја сакам одбраната на Интер што имам 1000 одговори на таа тема :pos:
 
Изјава на Бранка:
Никогаш немаме примено гол со само еден противнички играч во нашиот пеналтик. но направивме грешка кога мислевме дека натпреварот оди во наша полза. Шефот додаде уште еден напаѓач во второто полувреме за нападот да добие повеќе живост и можност да маневрира на теренот но не успеавме да се наметнеме.
Катанија заслужено победи. Мораме да учиме од грешките и да продолжиме цврсто понатаму. Ни недостигаше вообичаеното внимание и концентрација."

Изгледа небеа доволни неколкуте катастрофални натпревари со Парма, Џенова, Наполи, Сампдорија за да ги научаат грешките.
иста грешка како Мунтари направија и Самуел и Кордоба на натпреварот со Сампдорија...добија експресно по два жолти картони, плус специалниот реагираше како некоја битанга, а за таква реакција сигурно знаел што се добива.
Мунтари има од кого да учи, од неговиот ментор Мурињо.
На 1 Април нема да биде Априли лили ако го видеме Интер на втората позиција, иако за оваа немаше пред еден месец да ви поверува ниту фан на Билан.
Заклучок.
Нема да е шега ако на 1 -ви Април некој ви рече дека Интер е втор во калчото.
 
инаку интервјуто на бранка е скоро исто како интервјуто што го даде после сампдорија, среќа не го преведе никој тогаш инаку само копи пасте ќе му направевме.
 
duman,ти си посовремена верзија од Arseshavin од фан клуб Арсенал(кој го знае,ќе потврди).:pos2:
У стилот-пред натпревар шири песимизам-ако победат нигде го нема-ако изгубат се радува дека бил у право

Дај малце пооптимистички,почна да ја споредуваш фаворитската улога на Челзи со онаа на Реал против Лион пред натпреварот и ако победиме,тоа ќе биде големо изненадување,исто како што направи Лион.Го направи Интер ептен затуцан.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom