Бележиме значен напредок во ЛШ во однос на истиот овој период од лани. Тоа што дадовме два погодоци е успех. Но имавме неколку грешки, како од страна на Мурињо така и од играчите.
Мора да се исправат зошто на Стемфорд Бриџ ќе биде опасно. Тактика со три шпица е еднакво на самоубиство. Апла ја препуштаме битката на средината од теренот на Челзи, кој е многу квалитетна екипиа во тој дел од теренот и со тоа дозволуваме они да го диктираат темпото а ние во никој случај не можевме да го искористиме правиот потенцијал на напаѓачите.
Бане Ивановиќ не утепа по таа десна страна. Не смееме да си дозволиме таков пробив каков што направи кога Калу даде гол. Мота можеби сноси одредена вина ама Занети е тој што е крив пошто он е левиот бек и он е тој што треба да му ја земе топката или да му направи фаул. Требаше многу повеќе да ја искористиме нивната слаба лева страна и жално е што на Хиларио не му шутнавме ни една во последните 20 минути. На таков збунет голман можеше и најобичен шут да биде гол.
Не очекува тежок реванш на Стемфорд Бриџ и се надевам дека во пресрет на тој дуел нема да играме со 7 души на натпреварот во Серија А.