За утакмицава со Сампдорија излишно е да се даваат коментари..
Се радувам што не примивме гол, бидејќи знам дека Мурињо немаше така лесно да ја предаде серијата без пораз на домашен терен, а тоа од друга страна значеше голем напор од нашите фудбалери и некоја непланирана повреда.. А така нежни фаци гледав на теренот во имињата на Снајдер и Станкович, при секој фаул над нив умот ми леташе на мечот со Челзи..
Сантон гледам не настапувал бидејќи е повреден.. Така да не верувам дека би добил одма место во стартните 11 во среда, што значи Занети ќе оди лево (Кордоба не ни сакам да помислам), и конечно на еден натпревар последниве години откако почнавме да освојуваме да имаме средина која ќе има 4 играчи, а ќе го нема Занети во неа. (Се надевам ќе бидат 4 против 5 -те кои ги очекувам од Челзи). Значи тука идат Снајдер, Станкович, Камбиасо и Мунтари/Мота. Овие последниве двајца се дрва невидени, јас му давам предност на Мунтари од причина што во една работа е константен - цело време трча и се бори за топката. Додека Мота еден натпревар го игра добро, наредните 3 (од кои 2 влегува од клупа) катастрофално..
И доаѓа нападот.. Таму треба да играат Пандев и Милито. А она котлено од Африка нека седи на клупа.. Ако треба ќе го викниме.. Иако не би ме чудело заради искуство Мурињо пак да го стави прв тим.. А коа само ќе помислам дека зема 10.5 милиони.. !!
Челзи нема некои јаки крилни фудбалери кои би направиле проблем, можеби Малуда знае да изненади одвреме навреме, но на таа десна страна е Маикон така да не му се секирам многу.. Занети можи да кулира на левата страна.. А и не очекувајте многу центаршутеви од Маикон бидејќи утакмицава се работи да се биде или не, не смее да се прими гол од една страна, додека од друга нема кој да игра со глава на неговите центаршутеви..
Битката очекувам да се води во средината и стварно конечно очекувам победа на домашен терен во 1/8 за разлика од последните 3 натпревари кога игравме 2-2 со Валенсија, 0-1 со Ливерпул и 0-0 со Манчестер. Оваа мора да се добие бидејќи сум убеден дека во спротивно поради онаа психичка бариера која ја имаме во гости нема да одиме понатаму во 1/4..
Ајде нека иде среда веќе..