Нов скандал во Серија А: Интер местел натпревари?!

Италијанското правосудство го обвинило раководството на милански Интер дека нивниот тим лани продал неколку меча пред крајот на сезоната.
Извештајот на правосудните органи е објавен во изданието "Ил Џорнале", под наслов: “Правосудството: Интер губеше бодови за да ги крене обложувачките коефициенти!”.
Извештајот тврди дека екипата на Роберто Манчини минатата сезона, која на крајот заврши како шампион во Италија, продавала натпревари за да се кренат коефициентите кај букмејкерите.
Според истите извори фудбалерите на Интер намерно играле лошо на крајот од сезоната за да бидат поголеми коефициентите за нивните победи.
А да потсетиме дека титулата беше решена во последниот натпревар кога Интер ја совлада Парма и стана шампион. Конкретно се работи за натпреварите од 24-то коло од Серија А. Од тогаш букмејкерите веќе ги стопирале уплатите за освојување на титулата на Интер,
па затоа од Интер потоа ја вратиле неизвесноста до крајот на првенството.
До сознанието истражните државни органи дошле преслушувајќи ги тајно снимените телефонски разговори меѓу тогашниот тренер Роберто Манчини и мафијашкиот бос Доменико Бреша, кои Манчини го претставуваат како 'кројач' на текот на настаните. Бреша, инаку фанатичен навивач на Интер, има од порано дебело полициско досие наводно поради шверц на дрога.
Во извештајот се споменуваат и два конкретни сомнителни детали.
Сомнежи постојат во врќањето на теренот на Златан Ибрахимивич, кое според шпекулациите било одложувано се со цел тимот да игра послабо. Излегува дека Швеѓанецот бил подготвен и здрав за игра многу порано од последното коло, кога конечно заигра во вторите 45 минути и со два погодоци го реши прашањто на победникот на мечот против Рома.
Се тврди дека Хулио Круз намерно му го препуштил изведувањето на ударот од белата точка на Марко Мтераци во домашниот двобој од претпоследното коло, во кој Интер освои само еден бод играјќи 2-2 против Сиена. Централниот одбранбен играл го промаши пеналот кој на Интер ќе му донесеше шампионска титула.
Новото сознание е тежок удар за разнишаниот кредибилитет на италијанскиот фудбал.

