Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не знам шо се деси со форумов ама најискрено ми недостигаше :pipi:
Немаше каде да постирам заааааааааа...
Рома - Интер (0-4) :vozbud::vozbud::vozbud:
Ибра им покажа кој е кој на теренот...посебно на Хуан (кој за гоал.цом изјави ќе го запрам Ибра :tapp::pos2:)
Србинот по подолго време изигра како шо треба и постигна гол фантастико (па и редно беше гол да дајт :) ова кажува се -> http://www.inter.it/aas/news/reader?L=en&N=30080&stringa=stankovic)
Ааааа за Обиња изненадувачки во прв состав али изигра одлично и не го изневери Мурињо за укажаната шанса...ме потсети на Оба Оба кога го постигна голот (I miss Martins sometimes :( )

Next: The South Gays :pos2:

http://uk.youtube.com/watch?v=EvivDvnqUaU
 
Одлична игра на Интер..посебно на средината од теренот..Камбијасо и Мунатари беа супер..иако и Дејан не заостануваше..за нападот нема што Ибра уште еднаш докажа дека е вон сериски играч...
 
Ајде и јас да постирам после колапсов на форумов -.-
Форцццца ИНТЕР.Секоја чест, супер игра.Конечно добивме реализација.Секоја чест за Ибра !!!
 
Жал ми е што немаше форум викендов. Ќе имавме убава дискусија. Уживав додека го гледав натпреварот. Ибра е мајстор за голови од невозможни ситуации. Може да утне некоја огромна шанса, ама затоа ќе даде од некоја ситуација од која си мислиш нема шанси да падне гол :). Одлични беа и головите на Станковиќ и Обина.
 
Mурињо конечно ги замолче сите скептици т.е. оние кои беа убедени во негов колапс во Италија .
Не мора многу да се трола за вчерашниот меч , победи вистинскиот ШАМПИОН на Италија , Рома беше на колена ( for a blowjob ) , голем поздрав до сите оние на темава кои викаа дека Станкович мора да лета ( еее кога викав јас дека Мурињо ке го среди ) да не беше Ибра вчера , србинот ке беше man of the match за мене .
Дојдов до заклучок дека треба да се направи рокада , т.е. Балотели Аут , Обина Ин , Мур го покажа својот карактер и тренерски квалитет , не гледа имиња , го гледа она што играчите го покажуваат на тренинзите , немојте многу да се чудите ако Станкович или Обина многу почесто ги гледаме во стартниот тим на сметка на Адри или некои други од средината на теренот .
Срамота за Адријано што повторно се враќа на неговите стари навики , уште еден ваков испад и слободно може да оди во некој друг тим , и онака Агуеро ке дојде за една до две сезони .

И дефинитивно морам да се согласам со Спалети , еден од ретките искрени Романисти кои не плачат и не даваат агугу изјави дека се вистински шампиони на Италија , горенаведениот господин рече : '' Резултатот е нефер и дава нереална слика за вчерашниот меч " . Точно, не требаше да биде 0-4 , комотно мечот можеше да заврши 0-6 , 0-7 .

Го запоседнавме врвот , истиот веќе не го делиме со други тимови и истото ке трае и трае и трае се до моментот кога повторно во Мај Милано ќе биде обоен во црно-сините бои .

CE SOLO L'INTER PER NOI !!!!
 
Другарчиња што напраил сеа Адриано?Не сум баш во тек
 
Прекрасни голови и прекрасен натпревар за очи се разбира за фановите на интер.Честито победа.
 
Другарчиња што напраил сеа Адриано?Не сум баш во тек

Дегенерик , после мечот со Венецуела каде постигна гол рекол дека е премногу изморен , на истиот добил жолт картон и не ни имал право за настап против Колумбија . Проблемот е што останал во Бразил 3 дена и закаснил на еден од тренинзите на Интер .
Мурињо убаво кажа , јас само ке го цитирам , ако Адријано се пожалил дека е изморен од Венецуела тоа значи дека не работел доволно добро на тренинзите т.е. му треба уште повеќе работа и посветеност , а тој касни на тренинг .
Незнам што сака Адри повеќе , а и не ми фали , бар мене не , вчера Обина докажа дека заслужува да го носи црно - синиот дрес .

Колку за потсетување , Цезар го сруши рекордот на Тафарел , нема примено гол на последните 5 меча за Бразил . Самиот изјави дека е презадоволен од ова постигнување , со оглед дека кога бил помлад, Тафарел му бил и еден од идолите . Да се држи рекорд на најтрофејната светска сила во фудбалот е за респект , браво за Цезар и Интер кои му ги отворија вратите во Европа и кои имаат голем удел за неговиот првотимски статус во репрезентацијта.
 
Другарчиња што напраил сеа Адриано?Не сум баш во тек
Па вака добил три дена слободно од Мурињо, но тој и покрај тоа задоцнил на тренингот закажан за Четвортокот..
Адриано сепак се покажа како нестабилна и непрофесионална личност.
Незнам како да му се помогне, и покрај што сите беа на негова страна тој тоа не го цени.
Првата опомена му беше на клупа следната највероватно на трибини ќе му прави друштво на Креспо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom