Думан на 100 места ја искоментирав утакмицава , али не и тука , ај ке бидам ''краток'' и за жал ке се повторам .
Како неутрален фан : ZzZzZzZ , досадно дерби , се на се 5,6 шанси , за Италијански услови се гледаше добар фудбал , за остатокот од светот потпросечен фудбал во кој одлучуваа нијанси , реален резултат би бил нерешениот што не значи дека победата на Милан е незаслужена ,напротив.
Како фан на Интер : Далеку од тоа дека би се криел под јорган или нешто слично ,секогаш сум бил со тој chins up став без оглед на се. Реков неколку пати ,Интер не беа надиграни ,не беа понижени , 5то коло е и таман работа овој пораз да не деморализира . Башка од доаѓањето на Купер во Интер ,во сеќавање ми остана негвиот прес пред сезоната кога рече : Скудетото нема да го добиеме само ако ги победиме Јуве и Милан .
Се согласувам дека Мурињо треба некои работи во тимот да ги промени и да се адаптира на фудбалот во Серија А ,со погрешен пристап влегоа во првиот дел и тоа е делумната причина за '' неуспехот'' .
Факт е дека голот беше од минорно офсајдче али со право не беше поништен , за истиот го обвинувам лежерниот и незаинтересиран Киву кој дефинитивно не може да се снајде на позиција лев бек , Максвел обавезно на истата , и нормално Камбија кој погрешно го процени летот на топката .
Имавме проблеми во средината , потребен е Мунтари кој е далеку поподвижен од Виеира и може да изигра на ниво цели 90 минути и дефинитивно креативец , за тоа сите се согласуваме .
Во вториот дел имаа и играч помалку а имаа добри можности за израмнување на резултатот , башка што наметнаа игра чија филозофија за жал беше нарушена со црвениот на Бурдисо .
За истиот , се согласувам дека првиот жолт непоравдано му беше доделен , Кака за поостар старт помина со опомена ( иако Кака бар според мене важи за доста фер играч и очекував таква одлука на судијата ) , грешката на Бурдисо беше што стартуваше остро непотребно , на средината од теренот:nenene: .
Лошата игра на Ибра беше за очекување зашто Мансини и Кварезма тотално потфрлија .
Овој вториов е причината за моето разочарување , еднаш на goal.com пишав дека Кварезма е еден од оние кои премногу го преценуваат , тој став овде го немав пишано , потребно е многу работа со играчов од страна на тренерскиот кадар на Интер за целосна адаптација во Италија , сепак , мора средствата потрошени за него да бидат оправдани од негова страна.
Сеа за сеа толку , ако имам нешто да додадам , истото ке биде реализирано на темава .