Го гледам ЕВРО 2008 и со задоволство ги пратам Холндија и Португалија иако навивам за Шпанија. Првоте две репрезентации па и до негаде Шпанците играат фантастичен фудбал, со многу додавања комбинации и пред се напаѓачки. Нешто што во моментов го игра Барса и Арсенал а и Ферги пробува да го примени во Јуанјтед и засега му оди одлично.
За жал во Интер нема убавина, ниту еден тренер не практикувал екстремно напаѓачки фудбал, пред се фудбал за око (барем јас откако убаво пратам во последниве 8 години).
Дојде Мурињо кој е феноменален тренер но за жал тренер кој го преферира резултатот а не убавината на играта. Ме интересира дали тој ќе може да промени нешто, дали на Интер ќе му даде нов шмек, ново лице.
Знам дека преку ноќ неможе да се смени ништо, дека ќе бидат потрбни неколку години за да се трансформираме во напаѓачка екипа но многу се битни играчите кои ќе го сочинуваат новиот Интер бидејќи од нив ќе зависи поставеноста на играта.
Ми се допаѓа тоа што се интересираме за крилни фудбалери, тоа ни недостасува во последните неколку години ама некако сите беа слепи. Мурињо уште во првиот ден даде наредба за ангажман на такви профили на играчи но судејќи според минатото и поставеноста на играта на Мурињо од 4-3-3 каде што нападот го сочинуваат две крила ваквиот поход беше неопходен. Како и да е добро е да се промени нешто. Се спомнуваат Манчини, Кварезма, Ван Перси, Конко, Хлеб.
Од сите овие не ми се свига Ван Перси бидејки е склон на повреди и не верувам дека може да издрзи цела сезона во Италија, Конко ме плаши да не биде новиот Суазо односно како онаа старата изрека, прв во село ама последен во град. Останатите тројца се класа и мислам дека не е лошо да се ангажираат во пакет со оглед на тоа дека сезоната е долга и напорна а ХЛЕБ може да одговори на сите позиции во средниот ред.
Најголемиот проблем односно немањето на креативец... Од ангажманот на плејмејкерот многу ке зависи стилот на игра. Лампард е добар организатор ама е слаб во повлекувањето на напад и делот кога со дриблинг ќе треба да се ослободи од играч. Но Френки има неверојатна визија за текот на нападот и прецизно додавање во прав момент. Деко ги има истите карактеристики но за нијанса е подобар во дриблинзите и би било тажно ако не е така бидејќи секој Бразилец го има тоа во крвта. Уште еден играч кој мене ми се допаѓа и ќе го кажам по 100 пат, Диего. Од мене само ова Деко=Диего -10 години.
Воопшто не ми се допаѓаат идиите за ангажман на Есиен и Дрогба. Веќе имаме неколку играчи на позицијата дефанзивен играч во средниот ред а и некако Есиен ми е тапа играч. Трча се залага за тимот но во неговата игра нема убавина. Дрогба веќе влегува во своите 30ти години а напаѓачката позиција ни е добро покриена без разлика колку добри пријатели се со Мурињо на Интер не му треба, да беше некој друг клуб на пример Милан слободно можеа да се соединат пак.
Последен играч кој морам да го спомнам иако незнам дали е дел од плановите на Мурињо, е Диара од Реал. Мансио беше подготвен да плати 30 милиони... Незнам само што виде во него. Јас не би го викнал за во мааоло кога играм фудбал а не за во Интер.
Кај и да е ќе почнат да се откриваат картите и новите засилувања за наредната сезона, со нетрпение очекувам да го видам новиот Интер, напаѓачки и атрактивен, екипа од која сите ќе се плашат. Па Интeрaши повлелете со вашите очекувања за новата сезона.