Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас се си мислам дека Хлеб че го земиме,изгорен е да игра во интер,а еве Барселона се повлекле.....

оф:а бе денеска не требаше да игра Македонија пријателски натпревар???Ај ако игра кажете со кого,каде и дали ке го даваат на телевизија...
 
Јас би играл на Лампард и Мансини.

Останатите доле-горе се само шпекулации
Мурињо ќе игра со еден шпиц со 2 активни крила. Кварезма и Мансини би било одлично. Па и Хлеб е одлична варијанта за крилната позиција.
Исто така ни треба замена за Матераци.. Се враќаат Кордоба и Самуел, тука е Киву, Ривас, Бурдисо но не е на одмет еден стопер плус, на пример Карваљо.
Напаѓачи имаме и повеќе одошто треба.. Значи за новата сезона ни требаат 3-4 нови играчи.
Па 100 годишнина е на клубот Морати ќе потроши малку повеќе пари. А и многу пари треба да се земат од продадени играчи.
Очекувам неколку добри засилувања после европското.
 
Ривас не беше даден на позајмица во Џенова ?
 
Ривас не беше даден на позајмица во Џенова ?
Не.. Џенова го бараше како дел од трансверот на Конко но ништо не испадна од тоа.. барем засега..
 
Го гледам ЕВРО 2008 и со задоволство ги пратам Холндија и Португалија иако навивам за Шпанија. Првоте две репрезентации па и до негаде Шпанците играат фантастичен фудбал, со многу додавања комбинации и пред се напаѓачки. Нешто што во моментов го игра Барса и Арсенал а и Ферги пробува да го примени во Јуанјтед и засега му оди одлично.

За жал во Интер нема убавина, ниту еден тренер не практикувал екстремно напаѓачки фудбал, пред се фудбал за око (барем јас откако убаво пратам во последниве 8 години).

Дојде Мурињо кој е феноменален тренер но за жал тренер кој го преферира резултатот а не убавината на играта. Ме интересира дали тој ќе може да промени нешто, дали на Интер ќе му даде нов шмек, ново лице.

Знам дека преку ноќ неможе да се смени ништо, дека ќе бидат потрбни неколку години за да се трансформираме во напаѓачка екипа но многу се битни играчите кои ќе го сочинуваат новиот Интер бидејќи од нив ќе зависи поставеноста на играта.

Ми се допаѓа тоа што се интересираме за крилни фудбалери, тоа ни недостасува во последните неколку години ама некако сите беа слепи. Мурињо уште во првиот ден даде наредба за ангажман на такви профили на играчи но судејќи според минатото и поставеноста на играта на Мурињо од 4-3-3 каде што нападот го сочинуваат две крила ваквиот поход беше неопходен. Како и да е добро е да се промени нешто. Се спомнуваат Манчини, Кварезма, Ван Перси, Конко, Хлеб.

Од сите овие не ми се свига Ван Перси бидејки е склон на повреди и не верувам дека може да издрзи цела сезона во Италија, Конко ме плаши да не биде новиот Суазо односно како онаа старата изрека, прв во село ама последен во град. Останатите тројца се класа и мислам дека не е лошо да се ангажираат во пакет со оглед на тоа дека сезоната е долга и напорна а ХЛЕБ може да одговори на сите позиции во средниот ред.

Најголемиот проблем односно немањето на креативец... Од ангажманот на плејмејкерот многу ке зависи стилот на игра. Лампард е добар организатор ама е слаб во повлекувањето на напад и делот кога со дриблинг ќе треба да се ослободи од играч. Но Френки има неверојатна визија за текот на нападот и прецизно додавање во прав момент. Деко ги има истите карактеристики но за нијанса е подобар во дриблинзите и би било тажно ако не е така бидејќи секој Бразилец го има тоа во крвта. Уште еден играч кој мене ми се допаѓа и ќе го кажам по 100 пат, Диего. Од мене само ова Деко=Диего -10 години.

Воопшто не ми се допаѓаат идиите за ангажман на Есиен и Дрогба. Веќе имаме неколку играчи на позицијата дефанзивен играч во средниот ред а и некако Есиен ми е тапа играч. Трча се залага за тимот но во неговата игра нема убавина. Дрогба веќе влегува во своите 30ти години а напаѓачката позиција ни е добро покриена без разлика колку добри пријатели се со Мурињо на Интер не му треба, да беше некој друг клуб на пример Милан слободно можеа да се соединат пак.

Последен играч кој морам да го спомнам иако незнам дали е дел од плановите на Мурињо, е Диара од Реал. Мансио беше подготвен да плати 30 милиони... Незнам само што виде во него. Јас не би го викнал за во мааоло кога играм фудбал а не за во Интер.

Кај и да е ќе почнат да се откриваат картите и новите засилувања за наредната сезона, со нетрпение очекувам да го видам новиот Интер, напаѓачки и атрактивен, екипа од која сите ќе се плашат. Па Интeрaши повлелете со вашите очекувања за новата сезона.
 
Дечки спрема најновиов апдејт на форумов има можност да се направи социјална група!
Можеме да направиме Интер група само незнам дали има потреба за тоа!
Димитар одтебе од тони и Јове очекувам одговор како модератори!
Инаку нешто он топик денеска дали оти задушница празник беше на гоал.ком немаше празни известувања за нови трансфери :D
 
Фан клубовите можат да се отворат и како групи, но незнам колку ќе има потреба. Сепак тука на темава разменуваме мислењата за Интер

Ако имате некоја подобра идеја (нешто што би можело да се прави таму место тука) кажете...
 
Балотели и Интер се договориа за нов договор од 3 милиони евра по сезона. Досега Балотели земаше по 60 000 по сезона.

“There is an agreement for a contract renewal,” he told the Corriere dello Sport.

“I want to thank Mancini for giving me the chance to play, but Jose Mourinho is a great Coach and he won’t take age into consideration.

“My main objective is the Champions League and I also can’t wait to represent Italy.
 
да не е некако многу , 3 милиони по сезона ? да не е 3 000 000 до 2013 годдина ?
 
да не е некако многу , 3 милиони по сезона ? да не е 3 000 000 до 2013 годдина ?
which will see him earn €3m-a-year by the time the deal expires in 2013. :)
Не е многу.. па Адриано зема 5 милиони, Солари зема околу 3 милиони...
 
which will see him earn €3m-a-year by the time the deal expires in 2013. :)
Не е многу.. па Адриано зема 5 милиони, Солари зема околу 3 милиони...

Нема официлајни бројки а медиуми шпекулираат за 1,1 милион фунти годишна плата со можност да се искачи до 2,1 во 2013
 
да не е некако многу , 3 милиони по сезона ? да не е 3 000 000 до 2013 годдина ?

не да е, до сега зимал 60.000 годишно, а сега ке зема 3.000.000 евра.
кога ке ги споредиш бројкиве......ц ц ц стварно мн.
 
не да е, до сега зимал 60.000 годишно, а сега ке зема 3.000.000 евра.
кога ке ги споредиш бројкиве......ц ц ц стварно мн.

girl балотели е таман за тебе,ем генерација сте ем зима 3 милиони по сезона м м топ:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom