Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
The deal is almost done. Mancini to Inter and Suazo to Roma, this is the result of which will be defined in the coming days between the two italian clubs .

Aјде да го прославиме конечно првиот трансфер на Мурињо.Се надевам дека нема да се изјалови работава.
 
sepak balotelli ke ostane vo inter najmalku do 2013
 
Nope.

Со овој состав што го напиша Диџеј ќе бидеме само уште една Барселона. Ќе имаме одлична игра, убава за око, ќе диктираме и темпо и игра се... али во формацијава нема реализатор. Ќе нема реализација. Кој ќе ги постигнува головите?
Ибра не е тип на напаѓач што дава по 30/40 голови по сезона(вкупно, не се летајте). Природната позиција на Ибра е помошен напаѓач/втор напаѓач како сакате кажете го. Затоа секогаш тренерите го комбинираа со некој ''БОМБАРДЕР'' од калибарот на Трезеге и во нашиот случај Круз. Значи таквите играчи го искористуваа Златан за да имаат поголеми бројки во салдото на постигнати голови, типичен пример за тоа денес се Руни и Кристијано. Едниот без другиот не можат, Кристијано стана она што е само поради Шрек.

Значи ако се игра со 4-3-3 формација, шо не ми се верува... или нема да има место за Ибра или ќе оди лево како лево крило, што и не е така лошо. Сепак не ми се верува дека Мурињо ќе направи таков потег. И то. И јас после подолго време еве пишувам али ги следам сите новости, случувања, не грижете се. :)

Сети се дека тогаш Барселона освои Лига на шампиони:):wink:Јас те разбирам што сакаш да кажиш,ама сепак,Ибра нема постигнато толку голови оти немавме играчи до сега кои ке му отвараат простор.Досега,како што кажа ти,Ибра му отвараше простор на Круз,а сега(ако ДАЈ БОЖЕ испадни вака работава)Куарезма и Мансини ке му отвораат простор(и тоа бааѓи богами:) ) и тогаш јас мислам дека Ибра не 30/40 туку 102.5 гола ке постигнува:vozbud:(што би рекол Амди Бајрам:):):)
 
Inter In Talks For Joaquin

http://www.goal.com/en/Articolo.aspx?ContenutoId=734658

ova me raduva , pregovori so uste edno kvalitetno krilo
Хм... да беше за Силва ок, но не и Жоакин.
Спор играч, но добар теничар.. Го имаме Хименез шо ќе ни е Жоакин.
Она што ни треба се брзи крила како Мансини и Кварезма.

Но по изјавата на Сколари дека го сака во Челзи уште сум поубеден дека Кварезма има потпишано за Челзи.
 
Хм... да беше за Силва ок, но не и Жоакин.
Спор играч, но добар теничар.. Го имаме Хименез шо ќе ни е Жоакин.
Она што ни треба се брзи крила како Мансини и Кварезма.

Но по изјавата на Сколари дека го сака во Челзи уште сум поубеден дека Кварезма има потпишано за Челзи.


Жоакин на времето ми беше еден од поомилените играчи , експлозивно десно крило , имаше дриблинг , правеше кросеви и беше стандарден во Шпанската Репрезентација ( има 26 години а 51 настап , што не е малце ) али во Валенсија оваа сезона неда стагнираше во формата, т.е. истата му тргна во надолна линија како и остатокот од целиот тим , пред Се по доаѓањето на Куман . Ризик е да се земе овој играч зашто цената која би се платила не би била мала , иако Мурињо уште кога беше во Челзи имаше неколку неуспешни обиди за трансфер на Жоакин , така да воопшто не ме чуди оваа шпекулација .
Факт е дека покрај Мурињо имаш огромен прогрес на играчите , не се дозволува стагнација , падови во формата и се нема никаков респект за оние кои делуваат незаинтересирано на теренот така да доколку би се реализирал трансферов на Жоакин од него очекувајте го најдоброто , а има многу да понуди .

Е сеа оваа шпекулација можно е и да не е случајна , зашто доаѓа по вчерашната изјава на Кварезма . . . се надевам дека не сум во право .
 
Ме немаше на форумот подолго време, многу шпекулации прочитав многу имиња се поврзуваат со Интер па еве го моето мислење.

Најблиску до Интер во овој момент е Мансини. Ми се допаѓа тоа бидејќи ирачот е докажан во Серија А и не се плашам од тоа дали ќе успеее или не.

Многу шпекулации околу неговата цена и играчите кои се спомнуваат како евентуална замена. Мислам дека можеме да им го дадеме Суазо.

Жоакин уште од времето на Бетис ми е омилен играч, пред две сезони имаше одлична година ама лани беше тапа и затоа не доби повик од Арагонес за настап на ЕВРО 2008, Милсам дека во моментов нема да ни е потребен таков тип на игарч.

Кварезма ??? Не е спорно дека има огромни квалитети но незнам колку добро ќе се снајде играјќи за колем клуб. Во Барса беше катастрофа ама тогаш беше и премалад. Во секој случај очекувам дека достојно ќе го носи сино-црниот дрес. Проблем! 30 милиони фунти цената што ја бара Порто.

Доаѓањео на Сколари во Челзи ќе помати многу работи незнам кој креативец ќе го добиеме, Лампард или Деко, можеби ни еден ама некако тие двајца во моментов се опција.

Мене ме чуди една работа, зашто не тргнеме по Диего, па и Насри или пак Давид Силва. Варт е исто така интересна опција а зошто да не и Хлеб. Останува да видиме само што Мурињо има смислено во својата глава бдијќи вакви фудбалски стручнаци како нас има над еден милион но само Жозе е главен на ИНТЕР
 
Но по изјавата на Сколари дека го сака во Челзи уште сум поубеден дека Кварезма има потпишано за Челзи.
Ја вака малку оф топик сум, ама кога изјавил Сколари оти го сака Кварезма во Челзи? Кај ја има та изјава?:icon_conf:raz::raz:
 
Чим го бараат Жоакин овие,стопосто ништо не направивме со Куаресма:(
Ама и жоакин пред 2-3 години важеше за едно од најдобрите крила во европа,заедно со Висенте,порано мноогу сакав да дојди,сеа малку сум скептичен ради лошата сезона што ја имаше,али сигурен сум во одлуките на Мурињо,ако мисли дека вреди,и дека можи да му ја врати формата тогаш,ВРЕДИ!!!:)
 
Nope.

Со овој состав што го напиша Диџеј ќе бидеме само уште една Барселона. Ќе имаме одлична игра, убава за око, ќе диктираме и темпо и игра се... али во формацијава нема реализатор. Ќе нема реализација. Кој ќе ги постигнува головите?
Ибра не е тип на напаѓач што дава по 30/40 голови по сезона(вкупно, не се летајте).

Eве ти ја Рома , класичен пример , играат слична тактика , без класичен напаѓач па пак разараат , да во право си , ке играат убав фудбал , убав за око , ке диктираат темпо . . . па тоа е она што на Интер му фали повеќе од 10 години , плус реков и порано а ке повторам и сега , Интер т.е. Манчини од максималниот потенцијал на Ибра користеше минорен дел , убеден сум дека сосем спротивното од Ибра ке го видиме со Мурињо , плус , Мансини е играч кој знае да постигнува голови , Кварезма исто , Ибра ке повлекува двајца , тројца играчи како и секогаш али со тактичар како Мурињо тоа максимално ке биде користено од остатокот во тимот , нешто што Интер овие две сезони со Манчини не го правеше . И да напоменам дека Мурињо во тимот не бара фудбалер кој ке дава по 30/40 гола по сезона, во Порто го немаше али имаше по 4,5 играчи со двоцифрен број постигнати голови , така да тоа го очекувам и во Интер .

Го спомнав Кварезма махинално , иако во оваа тактика може да дојде и играч од типот на Ето / Агуеро ( овој вториов многу тешко сезонава ) , за вториод дел од нападот на Интер ке почекаме , а Мансини најверојтано ке се пресели на Меаца , иначе идеата за уште еден напаѓач не ти е лоша , али не и уште еден класичен напаѓач , затоа и ги спомнав Ето и Агуеро , т.е. играчи кои можат да играат на позиција полушпиц или am/fc што би рекле оние кои ја играат FM .

Во овој систем на Мурињо ке гледаме максимална употреба и на бековите ( Максвел и Маикон ) , тоа го гледавме во Челзи , го гледавме истото и во Порто , со овие двајца кои според мене се едни од најдобрите бекови моментално во светот Мурињо ке има одлични услови во создавањето на системот кој го преферира а со тоа ке се овозможи и оние крилни играчи во нападот да бидат поставени поцентрално и да разараат уз Ибра .


Убаво рече Бојан , вакви '' стручњаци '' како нас ги има многу , али сите имаме согласност во тактиката што ја преферира Мурињо , ги гледавме Челзи 3 сезони како играа, претходно ги гледавме Порто во ЛШ со Мурињо така да приметлива е таа константност во начинот на игра и тактика , и во Порто и во Челзи , така да не верувам дека Мурињо ке менува нешто и во Интер , а за тоа говорат и играчите кои се поврзувани со Интер .
 
Со Тренер како Мурињо и Лидер како Занети сите во тимот ке ја доведат дисциплината на едно високо ниво!
А кој не е задоволен може да побара трансфер!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom