Nope.
Со овој состав што го напиша Диџеј ќе бидеме само уште една Барселона. Ќе имаме одлична игра, убава за око, ќе диктираме и темпо и игра се... али во формацијава нема реализатор. Ќе нема реализација. Кој ќе ги постигнува головите?
Ибра не е тип на напаѓач што дава по 30/40 голови по сезона(вкупно, не се летајте).
Eве ти ја Рома , класичен пример , играат слична тактика , без класичен напаѓач па пак разараат , да во право си , ке играат убав фудбал , убав за око , ке диктираат темпо . . . па тоа е она што на Интер му фали повеќе од 10 години , плус реков и порано а ке повторам и сега , Интер т.е. Манчини од максималниот потенцијал на Ибра користеше минорен дел , убеден сум дека сосем спротивното од Ибра ке го видиме со Мурињо , плус , Мансини е играч кој знае да постигнува голови , Кварезма исто ,
Ибра ке повлекува двајца , тројца играчи како и секогаш али со тактичар како Мурињо тоа максимално ке биде користено од остатокот во тимот , нешто што Интер овие две сезони со Манчини не го правеше . И да напоменам дека Мурињо во тимот не бара фудбалер кој ке дава по 30/40 гола по сезона, во Порто го немаше али имаше по 4,5 играчи со двоцифрен број постигнати голови , така да тоа го очекувам и во Интер .
Го спомнав Кварезма махинално , иако во оваа тактика може да дојде и играч од типот на Ето / Агуеро ( овој вториов многу тешко сезонава ) , за вториод дел од нападот на Интер ке почекаме , а Мансини најверојтано ке се пресели на Меаца , иначе идеата за уште еден напаѓач не ти е лоша , али не и уште еден класичен напаѓач , затоа и ги спомнав Ето и Агуеро , т.е. играчи кои можат да играат на позиција полушпиц или am/fc што би рекле оние кои ја играат FM .
Во овој систем на Мурињо ке гледаме максимална употреба и на бековите ( Максвел и Маикон ) , тоа го гледавме во Челзи , го гледавме истото и во Порто , со овие двајца кои според мене се едни од најдобрите бекови моментално во светот Мурињо ке има одлични услови во создавањето на системот кој го преферира а со тоа ке се овозможи и оние крилни играчи во нападот да бидат поставени поцентрално и да разараат уз Ибра .
Убаво рече Бојан , вакви '' стручњаци '' како нас ги има многу , али сите имаме согласност во тактиката што ја преферира Мурињо , ги гледавме Челзи 3 сезони како играа, претходно ги гледавме Порто во ЛШ со Мурињо така да приметлива е таа константност во начинот на игра и тактика , и во Порто и во Челзи , така да не верувам дека Мурињо ке менува нешто и во Интер , а за тоа говорат и играчите кои се поврзувани со Интер .