Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
адриано е суспендиран 2 утакмици, 18 месеци жими таквото
 
Интересна утакмица, со уште поинтересен крај. Добро се држевте, и се мачевте - тоа се цени. :)

Бај д веј,
kobnikot ми се јави, и рече да го поздравам IOsonoINTERISTA многу !
 
Мхм.
Слабо. Сигурно на прсти можам да избројам колку пати Ибрахимович ја имаше топката повеќе од 10 секунди. Одбраната, секоја чест за неа; освен за Матераци, кој беше исклучен ама буквално за џабе. Вториот жолт не беше ни фаул. Средниот ред, беше целиот во одбрана. Станкович ништо не направи.
Како и да е, за две недели да се надеваме... дека ќе дојде до пресврт.
 
Разочаран сум, ама не и лут. Сите играчи дадоа максимум, се изнатрчаа тоа е најбитно. Останавме без двата столба во одбраната,средниот ред беше одбрана, нападот среден ред. Ама продолжуваме напред и што би рекле србите „Биче дана за мегдана“:smir:
 
Уште е рано, има уште еден натпревар во кој историјата ке се повтори.
 
Интересна утакмица, со уште поинтересен крај. Добро се држевте, и се мачевте - тоа се цени. :)

Бај д веј,
kobnikot ми се јави, и рече да го поздравам IOsonoINTERISTA многу !

Поздрави го и ти него, нели 3-4 гола на Ливерпул беше муабетот? Да потраеше утакмицата уште пола сат и да се повредеше уште Маикон веројатно ќе му се оствареше желбата.

Енивеј, победата ви е заслужена, честитам за тоа. Голот на Џерард ми ги турна надежите за реваншот пошто и онака не сум голем оптимист.

За Интер вечерва што да кажам. Слабо, послабо да не може да биде. Од Матераци уште малку ќе се откажам преку весник. Виеира од поодамна викам дека не е за во Интер и треба да размисли за кариера во ракомет, пошто и онака повеќе игра со рака и прави фаули одколку што нешто работи на теренот. Улогата на Станкович во последно време не ми е многу јасна. Манчини со играч помалку игра на контри со два напаѓачи повисоки од 1.90. Суазо го чува за скок игра при нафрлени топки изгледа... Одамна не сум критикувал толку ама ме разочараа ептен вечерва.

За реваншот ќе ни треба чудо, посебно ако е повредата на Кордоба сериозна, затоа што не смееме да примиме гол. Тешко, скоро невозможно...
 
кога Франција беше освоена од Германија во 2 светска војна големиот Шарл Де Гол на французите им се обрати со зборовите"Можеби ја добија битката но војната не е завршена"
Кога на стадионот се пееше You will never walk alone мене дома ме полазија морници а незнам како им беше на играчите.
на 11.03 е возвратното коло е тогаш браќа ливерпулисти да ве видам кога 85.000 навивачи ке ја пејат C'e solo Inter!!
 
Не знам шо да кажам...максимално се изнервирав...за малце телевизорот шо не го фрлив...и сега не ке можам да спијам...
 
јеби га од ова се плашев манчини не му е дораснат на бенитез но тоа е повторно скудето како утеха :( :( :( сепак има реванш иако се надевам но тоа е чиста формалност
 
Многу лош резултат, меѓутоа сепак има шанси сеуште. Не смееме да се откажеме може да се дојде до 2 - 0 на реваншот па ќе видиме по продолженијата. Судијата беше копиле без осет, не требаше Матераци да добие картон за 2от фаул. Виера беше многу спор и мислам дека Суазо требаше да игра, а не Круз. Како и да е најкриво од се ми е проклетиот 2 гол, што толку евтино го примивме.
 
хммм, онај Хименез има право да игра во ЛШ ?

доколку има, мислам дека тој требаше да биди во составот, пошто ем знај да ја задржи топката, ем можи и да креира шанса.

И не го критикувајте Виеира џабе, имаше неколку добри моменти само шо не е во топ форма. И да, она неговото беше чист пенал.

Појќе среќа во реваншот, мада чисто сумљам, пошто Бенитез е познат по затворената игра а и Ливерпул имаат искуство со досадна игра, со чести прекршоци и долги топки
 
Денационализација на интернационалниот Енфилд.(спонзорирано од Блекер)



1. Со секоја следна провокација на оваа или другите ваши омилени теми ќе барам бан да добиете од истите.

2. Реално очекував натпреварот да биде израмнет, со притисок на Ливерпул во почетните моменти, и шанса за Интер кон крајот. Нереалните предвидувања од 0-3 и 0-4 за Интер беа смешни и кажав, Барнсли и национални купови е едно, Интер и ЛШ е сосем друго... особено кога виси столчето на еден стратег.

3. Концепцијата на игра на Интер, од почетокот уште кога ја видов стартната постава ми изгледаше нереална, но сепак работеше. Тогаш на сцена стапи фашистичкиот критериум на Блекер. Без опомени, нема врска. Не досуди пенал. Не досудуваше многу картони, прекршоци. Едноставно не дозволи да се развие никаква игра на теренот на Енфилд. Интер немаше што да бара на Енфилд, освен можеби потајно... се надеваа на еден гол. Што во случајов ќе значеше многу. Вака без постигнат гол на гости, со разрушена одбрана(следната ќе игра Ривас)
Оцена за судијата НУЛА, за Ливерпул 4ка, за Интер кец.

бонус:
Ете го Ибра, кажав дека нема да се забележи дека игра и тој на теренот. Круз ме разочара. Во глобала тимот, со оглед на околностите... супер одигра, цел натпревар го одигравме со играч помалку, да се затвориш така и да играш перфектно во одбрана 60 минути не е лесно. Сепак немавме среќа и многу згреши Манчини што не изврши измена на Ибра со Суазо... многу.

Не е се загубено, ќе се игра и на Меаца. Со паднат морал и наведната глава но, за Интер зборуваме и навиваме, а со Интер ништо не се знае. Дека ќе победиме не се соомневам, само се соомневам дека ќе издвоиме победа со три гола разлика.
Честитки за Ливерпул, честитки за Бенитез.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom