Денационализација на интернационалниот Енфилд.(спонзорирано од Блекер)
1. Со секоја следна провокација на оваа или другите ваши омилени теми ќе барам бан да добиете од истите.
2. Реално очекував натпреварот да биде израмнет, со притисок на Ливерпул во почетните моменти, и шанса за Интер кон крајот. Нереалните предвидувања од 0-3 и 0-4 за Интер беа смешни и кажав, Барнсли и национални купови е едно, Интер и ЛШ е сосем друго... особено кога виси столчето на еден стратег.
3. Концепцијата на игра на Интер, од почетокот уште кога ја видов стартната постава ми изгледаше нереална, но сепак работеше. Тогаш на сцена стапи фашистичкиот критериум на Блекер. Без опомени, нема врска. Не досуди пенал. Не досудуваше многу картони, прекршоци. Едноставно не дозволи да се развие никаква игра на теренот на Енфилд. Интер немаше што да бара на Енфилд, освен можеби потајно... се надеваа на еден гол. Што во случајов ќе значеше многу. Вака без постигнат гол на гости, со разрушена одбрана(следната ќе игра Ривас)
Оцена за судијата НУЛА, за Ливерпул 4ка, за Интер кец.
бонус:
Ете го Ибра, кажав дека нема да се забележи дека игра и тој на теренот. Круз ме разочара. Во глобала тимот, со оглед на околностите... супер одигра, цел натпревар го одигравме со играч помалку, да се затвориш така и да играш перфектно во одбрана 60 минути не е лесно. Сепак немавме среќа и многу згреши Манчини што не изврши измена на Ибра со Суазо... многу.
Не е се загубено, ќе се игра и на Меаца. Со паднат морал и наведната глава но, за Интер зборуваме и навиваме, а со Интер ништо не се знае. Дека ќе победиме не се соомневам, само се соомневам дека ќе издвоиме победа со три гола разлика.
Честитки за Ливерпул, честитки за Бенитез.