- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Без разлика на формацијата, Кварезма е одличен играч и сигурно ќе се најде улога за него. И Барселона не играше 4-4-2 па Кварезма сите ги воодушеви со настапите за каталонците. Сигурен сум дека може да се адаптира на повеќе места во тимот ако има потреба за тоа. А тим како Интер не може да си дозволи да игра една те иста формација цело време. Играчите мора да се спремни за промена на формацијата и тоа во текот на еден натпревар ако затреба. Овде ги исклучувам Манчестер и повеќето островски екипи на кои 4-4-2 им е религија. Што се однесува до Диего тој е фантастичен играч и би бил многу среќен ако заигра за Интер. Сега дискусијата отиде во некој правец “Диего или Кварезма“ ама јас би сакал да ги видам и едниот и другиот во дресот на Интер. Не знам колку пари има за трошење Морати па не би навлегувал во тоа дали е ова можно или не.
И уште да не заборавам, Интер му даде 48h рок на Атлетико Мадрид во кои овој клуб треба да даде одговор, позитивен или негативен, во врска со трансферот на Маниче.
Еве ја формацијата на Интер.
Најчестите стартери.

Кварезма не е полушпиц. Само таму може да го смести Манчини.
Не ти е доволно, еве уште неколку лоши работи за него. Зошто да се прилагодува цел тим, за еден играч... кога тој не го заслужува тоа?
Премногу е себичен
Не е од типот на Манчини(versatile), туку игра само по бочни страни, ОФАНЗИВНО!
Не се докажал во голема лига
Никаков тимски дух
Статус на ѕвезда
Манекен
Ако дојде во голем тим како Интер, едино ќе добие тој. Ќе добие силни спонзори. Беше Бекам, па К.Роландо па ќе биди Кварезма. Не ни требаат манекени, ни требаат фудбалери. Истите карактеристики ги поседува и Карваљо, само што не е бејбифејс... затоа кошта 10милиони помалку. Ако веќе сака интер да земи добар техничар, крило ќе оди на Д. Карваљо, нема да оди на Рикардо.
Треба уште да разглобувам или јасно е?