Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Без разлика на формацијата, Кварезма е одличен играч и сигурно ќе се најде улога за него. И Барселона не играше 4-4-2 па Кварезма сите ги воодушеви со настапите за каталонците. Сигурен сум дека може да се адаптира на повеќе места во тимот ако има потреба за тоа. А тим како Интер не може да си дозволи да игра една те иста формација цело време. Играчите мора да се спремни за промена на формацијата и тоа во текот на еден натпревар ако затреба. Овде ги исклучувам Манчестер и повеќето островски екипи на кои 4-4-2 им е религија. Што се однесува до Диего тој е фантастичен играч и би бил многу среќен ако заигра за Интер. Сега дискусијата отиде во некој правец “Диего или Кварезма“ ама јас би сакал да ги видам и едниот и другиот во дресот на Интер. Не знам колку пари има за трошење Морати па не би навлегувал во тоа дали е ова можно или не.

И уште да не заборавам, Интер му даде 48h рок на Атлетико Мадрид во кои овој клуб треба да даде одговор, позитивен или негативен, во врска со трансферот на Маниче.

Еве ја формацијата на Интер.
Најчестите стартери.

2005075104439906463_rs.jpg

Кварезма не е полушпиц. Само таму може да го смести Манчини.
Не ти е доволно, еве уште неколку лоши работи за него. Зошто да се прилагодува цел тим, за еден играч... кога тој не го заслужува тоа?

Премногу е себичен
Не е од типот на Манчини(versatile), туку игра само по бочни страни, ОФАНЗИВНО!
Не се докажал во голема лига
Никаков тимски дух
Статус на ѕвезда
Манекен

Ако дојде во голем тим како Интер, едино ќе добие тој. Ќе добие силни спонзори. Беше Бекам, па К.Роландо па ќе биди Кварезма. Не ни требаат манекени, ни требаат фудбалери. Истите карактеристики ги поседува и Карваљо, само што не е бејбифејс... затоа кошта 10милиони помалку. Ако веќе сака интер да земи добар техничар, крило ќе оди на Д. Карваљо, нема да оди на Рикардо.

Треба уште да разглобувам или јасно е?
 
aman dosta veke so nagaganja potvrden e interesot samo za menez i maniche. licno mislam deka quaresma nema da dojde vo inter cini mnogu pari a ne e po vkus i na mancini i na morrati. i diego ke ni ostane pusta zelba iako bi sakal da go vidam vo inter. inace site si imame svoi favoriti no treba vnimatelno da se kupuva da ne se narusi harmonijata vo timot.
(potreba e samo zamena za vieira i taka ne saka da igra za inter i non stop e povreden )
 
Еве ја формацијата на Интер.
Најчестите стартери.

2005075104439906463_rs.jpg

Кварезма не е полушпиц. Само таму може да го смести Манчини.
Не ти е доволно, еве уште неколку лоши работи за него. Зошто да се прилагодува цел тим, за еден играч... кога тој не го заслужува тоа?

Премногу е себичен
Не е од типот на Манчини(versatile), туку игра само по бочни страни, ОФАНЗИВНО!
Не се докажал во голема лига
Никаков тимски дух
Статус на ѕвезда
Манекен

Ако дојде во голем тим како Интер, едино ќе добие тој. Ќе добие силни спонзори. Беше Бекам, па К.Роландо па ќе биди Кварезма. Не ни требаат манекени, ни требаат фудбалери. Истите карактеристики ги поседува и Карваљо, само што не е бејбифејс... затоа кошта 10милиони помалку. Ако веќе сака интер да земи добар техничар, крило ќе оди на Д. Карваљо, нема да оди на Рикардо.

Треба уште да разглобувам или јасно е?

За блондираното:

Викаш дека е премногу себичен,што е точно.Ибрахимович,Фиго,К.Роналдо сите сите себичат ,сите имаат одличен дриблинг ама затоа вредат премногу.

Точно е дека не се докажал во голема лига,има еден неуспешен период у Барса ама тогаш беше мн млад.Немора да значи дека и во Интер ќе биде таков.

За статусот на ѕвезда-Најнормално дека има таков статус заради тоа што е едноставно предобар за у Португалија и за Порто.Тоти исто така е мега ѕвезда ама пак е многу добар.Кога ќе дојде у тим полн со ѕвезди(пр. Интер) ќе се спушти на земја.

И К.Роналдо е и Бекам се манекени ама тоа нема врска на теренот,надвор од него што сака нека биде.

И мислам дека Кварезма би бил најодоброто решение за замена на Фиго во Интер.
 
Едно е да имаш еден дриблер-себичњак во тимот, друго е да имаш 2/3. Фифа дозволува играње со само една топка. Нас ќе ни требаат повеќе.

Манчини форсира тимска игра. Не себичњаци/ѕвезди. Игра цел тим, не игра еден играч. Доказ ланско првенство кога освен Дакур, целиот тим на Интер се бар по еднаш се запиша во листа на стрелци.

Ибра па и CR7 беа себични и правеа непотребни потези/дриблинзи, се дур не созреаа психички. Не го ставам на рамниште Кварезма со Ибра, бидејќи колку сака нека е добар сепак не е тип на играч кој решава натпревари со еден потег. Т.е. може да реши, со некој идиотски непотребен дриблинг, убав за око... лош за тимот. :)

Кога ќе видам сериозност од Кварезма, кога ќе видам жртвување за тимот тогаш ќе биде добредојден од мене. Ибра беше таков на 21/22 години, но се промени, далеку е од вашиот Ибра, Ибра од Јуве.

За манекен те молам не ме убедувај дека не е така. Колку фудбалери ги упропастија кариерите ради тие ебани пепси реклами, сам знаеш.

Не ни треба. Нема никаква цел да се купи. И нема да дојде.
Oсвен за фрлање на пари, за ништо не служи.

ЕДИТ: Само што разбрав дека трансферот на Маниче е готов.
Пет милиони евра, не е лошо... не е ни нешто посебно. Можеби подобра опција ќе беше позајмица од 6 месеци али то е.

Сега Болцони ќе мора да оди на позајмица, јас повеќе сакав да остане... па следната сезона пополека да се вклопува во првиот тим. Сега имаме замена за Дакур, достојна. ''Двонасочен'' фудбалер, кој може да на нашата но и на противничката поволина. Ок е, задоволен сум.
 
ЕДИТ: Само што разбрав дека трансферот на Маниче е готов.
Пет милиони евра, не е лошо... не е ни нешто посебно. Можеби подобра опција ќе беше позајмица од 6 месеци али то е.

Одкаде разбра дека е готово кога никаде не пишуе ништо
 
Ако дојде во голем тим како Интер, едино ќе добие тој. Ќе добие силни спонзори. Беше Бекам, па К.Роландо па ќе биди Кварезма. Не ни требаат манекени, ни требаат фудбалери. Истите карактеристики ги поседува и Карваљо, само што не е бејбифејс... затоа кошта 10милиони помалку. Ако веќе сака интер да земи добар техничар, крило ќе оди на Д. Карваљо, нема да оди на Рикардо.

Треба уште да разглобувам или јасно е?

Не се работи за тоа дали е јасно или нејасно туку се работи за вкусови и мислења. Јас мислам дека Кварезма е најдобрата замена за Фиго а гледам и други мислат така. Тоа не е прифатливо за тебе. Ти упорно не убедуваш дека Кварезма е манекен и дека Интер ќе треба да ја смени формацијата заради него. Тоа не е прифатливо за мене. Јас мислам дека дечкото е одличен фудбалер и дека ќе се снајде во било која формација затоа што има неспорни квалитети. Можеби Кварезма е ѕвезда во Порто и дека така ќе се однесува во Интер. Интер е тим со ѕвезди поголеми од него и сигурно ќе си го најде местото. Златан каков беше кога дојде? И уште е на моменти, знае да не изнервира до максимум, ама “забива“ што би рекле Хрватите па му простуваме за се.

И така... треба да си ги кажеме секој своите размислувања, тоа е добро, ќе се створи дискусија. Не треба да си наметнуваме мислења. Еве јас никогаш не тврдам дека сум во право. Ова е само моето мислење...
 
Ц ц ц...

Ако си читал мои постови ќе видеш дека, ретко настојувам да наметнам мислење. :)
Ќе се снајдел. Ок, нека е.
Не ги оспорив квалитетите на Кварезма, едноставно ја кажувам вистината. Таков е, таа му е позицијата.
Последниот збор од страна на обвинителот е:
''Ако дојде, ќе биде новиот Ван дер Мејден.''
Тоа што имав јас, си кажав.

Поротата нека одлучи. :wink:
 
ОК, изгледа ќе треба да дојде Кварезма за да добиеме одговор на спорот :-) Во меѓувреме, ти ја зборуваш вистината, јас ја зборувам вистината, сите ја зборуваме вистината. Онака како што ја гледаме се разбира :-)

Мислам дека премногу принципиелно се држиш до некои работи како формацијата, менталитетот на играчот и слично. Мислам дека е многу поважно дали играчот го бива или не го бива. Никој нема гаранција дека по доаѓање во нов клуб ќе му тргне. Па макар и да е роден за местото за кое го земале. Не треба да се гледа на работите црно-бело. Всушност, кога сум кај тоа, многу поубаво изгледаат кога се гледа црно-сино :-)

Поздрав!

:inter::inter::inter::inter::inter:
 
Хахаха хахаха хахаха аи да си жив и здрав. Не изнасмеа во ова глуво доба.
Италијански е. Пишува дека трансферот е готов. Дека интер ќе плати оштета од 5м евра и дека договорот ќе биде на три години, т.е. до 2011 година.

Јавува Рекалкати, досега нема погрешено трансфер. Повеќе му верувам него, а не на гол.ком/трајбл/спорт24... глупостите.
 
pa ne znam ni italianski satoa mislev deka e spanski
 
Маниче едно време многу ми се допаѓаше кога беше во Порто ама последниве 2 години некако не се истакнува. Како и да е со оглед на честите повреди на Дакур и пред се Виера може да ја пополни таа празнина а и не е потрошена преголема пара. А за Кварезма се согласувам со Јове, мислам дека не вреди да се фрлат големи пари за него особено што добро функционира играта последниве 2 год. За понатаму ќе видиме ако не го купи друг тим може да се размисли и да се види како ќе созрее.
 
abe maniche ne saka da igra vo a.madrid lazel deka e povreden da ne igra
 
за тие што сакаат да го гледаат натпреварот: Интер - Ајакс во живо, еве линк, но претходно треба да го имате инсталирано програмот.

SopCast: sop://202.190.75.149:3912/1004

SopCast Download
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom