Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Добар реванш за поразот во 1 коло.Добар гол на Ибра:)
 
Знае некој кога се враќа Фиго? Колку е серизона повредата?
Јас слушнав дека имал напукната коска и дека ќе одсуствува подолго време.. Сигурно ќе ни треба замена за него во Јануари..
 
пред некое време Морати изјави дека НЕМАЛО да купува нови играчи во јануарскиот преоден рок бидејки очекувал сите да закрепнат до тогаш.
Најверојатно и Фиго е меѓу тие,Адриано и Виеира се враќаат после новогодишните празници.
 
Па само нос е кај да го фаќа :pos2:

Ајде нека ни е честита победа и прво место во групата.
Добра игра, не одиравме најдобро во средината на теренот но нема врска сепак убедливо победивме.. На гостувањето кај ПСВ суспендирани се Ибра и Самуел..

namerno gi zedoa zoltite kartoni camuel i ibra za da ne zemat koga ke izlagat od grupata i da ne igrat vazen natprevar.vaka nema da igrat protiv psv bez zna4en natprevar...:smir:
 
Јас од секогаш го поштовав Манчини, без разлика на другите лоши мислења за него. Добро е секој да си имат свое мислење.
П.С. Не се работи за фракција во Фан клуб: ИНТЕР. хехехехехе
ПОЗДРАВ ИНТЕРАШИИИИИИИ!!!!!
 
Што се работи до Жолтите картони на Ибрахимович и Самуел тоа е чисто наместено од Манчини и самите нив.Сега ке ги одработат сите картони против ПСВ а напролет во нокаут стазата ке влезат без ниту еден.
Иначе утакмицата со ПСВ ке биде одлична да се испробаат некои нови тактики и да им се даде шанса на младинците ионака и да изгубиме секако ке завршиме на прво место.Очекуам да се пушти Славковски малце да им ги скрши кичмите:pos2:
 
На мене најмногу ме радува вчера како играше Хименес прекрасно изигра Манчини треба да знае дека има играчи од средниот ред а не само Дакур па Киву го става среден дури и Максвел
Станкович вчера беше катастрофа се згреши еден добар потег не направи
Заклучок од вчера треба да му дава повеке шанса на Хименес
Според мене Фиго веке е завршена приказна за Интер Морати треба да му најде екстра замена
И не знам играч како Креспо еден од најдобрите 10 напаѓачи на сите времиња да не добива шанса заборава Манчини кој му беше најдобар стрелец лани иако имаше и лани мала минутажа(на може идиотот манчини да му опрости за изјавата кога го препорача Мурињо)
 
Креспо ќе стартува во недела, ротира Манчини. Супер е тоа, ме радува... конечно почна нешто да учи и од другите. Успесите на Бенитез и Мурињо меѓудругото се базираа и на ротацијата на играчите. Треба добар тим, Интер го поседува па зошто да не се искористи тоа.

Ако се сеќавате, токму поради слични проблеми испаѓавме од ЛШ, повредени играчи, замор и слични глупости. Со ротацијата би требало да се избегне тој проблем. Ме радува и фактот што Киву одлично се снаоѓа и во улогата на заден везен. Кога ги правев анализите, пишав дека во текот на кариерата играл и на таа позиција но не очекував да биде толку добар.

Хм, друго забележеав нова тактика кај Манчини, кој конечно се сети да ја употреби. Уште кога пристигнаа Маикон и Максвел очекував играта на Интер да биди ваква, но требаше да поминат 12 месеци за Манчини да ја разработи тактиката. Синоќа ако забележавте игравме со двојни бекови. Како двојни бекови?

Максвел и Киву се природно леви бекови. Едниот офанзивно настроен другиот дефанзивно. Постојано се надополнуваа и ги менуваа местата. Нивните маркери беа збунети, имаше огромни дупки. Затоа имаше толку простор по крилните позиции. Впрочем трите голови паднаа од нафрлени топки од лева страна.
Нешто слично се случуваше и на десната, но со оглед на тоа што Маикон е малку поофанзивен и попргав играч од Максвел, тука правевме на многу грешки, на десната страна. Хавиер играше малку поцентрално за да го затвора одличниот Алекс па оваа страна реков ни беше најслабата точка. Неколку контри на Фенер тргнаа токму од оваа страна и добро што ниедна не реализираа. Значи супер тактика е, кога се игра против екипи како Милан, Јуве, Реал, Манчестер кои играта ја базираат на средината на теренот... Со брзи атаци по крилата, цетаршутеви кон бомбардерите Круз и Креспо, заедно на теренот(динамично дуо) Интер ќе жари и пали.
Со среќа нека ни е понатаму, па и титула да видиме :)

J:)ван
 
На мене најмногу ме радува вчера како играше Хименес прекрасно изигра Манчини треба да знае дека има играчи од средниот ред а не само Дакур па Киву го става среден дури и Максвел
Станкович вчера беше катастрофа се згреши еден добар потег не направи
Заклучок од вчера треба да му дава повеке шанса на Хименес
Според мене Фиго веке е завршена приказна за Интер Морати треба да му најде екстра замена
И не знам играч како Креспо еден од најдобрите 10 напаѓачи на сите времиња да не добива шанса заборава Манчини кој му беше најдобар стрелец лани иако имаше и лани мала минутажа(на може идиотот манчини да му опрости за изјавата кога го препорача Мурињо)
За Фиго сигурно дека ќе има замена.. но мислам дека тоа ќе биде во летниот трансвер период а не сега..
А Дакур баш добро игра во Интер.. дојде како слободен играч и игра одлично.. Она што на Интер му недостасува се квалитетни крилни ииграчи.. Некој од типот на Меси или Кварезма.. а не би било лошо да се земе и Диего, одличен организатор на играта и има само 22 години.. Денес читав дека Интер подготвува понуда до Бремен за овој играч..
 
Ај сеа прочитај ми го постот и види дали ни требаат крила.
 
Крила Крила тоа отсекогаш ни било проблем кај нас.
Купер проба со кили Гонзалес и Ван дер Мејде а по средината го имаше Емре како креатор.
Сега немаме ништо од тоа Цела игра се базира на Мајкон и Занети се е преку нив Згреши ли некој одма го бара Занети да додаде.
Мора да се земе брз лев бек и Креатор а конечно време е да ес мисли и на десно крило кога веќе се очекува Занети и Фиго да се пензионираат.
Го Видов Хименез одличен беше според времето кое му се укажа.
А за станкович би рекол да не се тревожите многу за 1 најмногу 2 кола пак ке идат 2 да го маркираат:smir:
 
Ај сеа прочитај ми го постот и види дали ни требаат крила.
Без разлика тоа со која тактика играме ни требаат крила.. Па до кога ќе игра Фиго? Време е тој да се пензионира. И неможи играта да се базира само на дефанзивни играчи како што се Камбиасо, Виера, Дакур..
И со овај тим е супер но секогаш мози да биде подобро.
 
На Интер му фали офанзивен играч од среден ред креатор кој знае и да подаде и да даде гол ништо друго не ни треба имаме се инаку Интер како што кажа Јове игра со офанзивни бекови Максвел и Маикон
А за играта вчера го немам гледано Интер оваа сезона да игра полошо од вчера првото полувреме катастрофа две додавања не знаеа да сврзат второто малку оправија инаку според мене најдобро вчера изигра Камбијасо особено во дефанзива
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom