Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Адриано се подготвува за трансфер во Сити:uvo:
Бразилскиот репрезентативец Адриано во интервју за весникот од својата земја "О Глобо" уште еднаш изрази незадоволство од својот статус во Интер и односот со тренерот Роберто Манчини. Меѓу другото, напаѓачот ја потврдил својата желба да игра или во спротивно да биде позајмен или продаден на друг клуб. Како своја најголема желба Адриано го истакнал Манчестер Сити откаде има интерес во последните неколку месеци.
"Разговарав со мојот клуб и им порачав дека сакам да си одам во јануари. Моја прва желба е Манчестер Сити и Ериксон бидејќи знам дека Интер се интересира за Бјанки", рекол Адриано.
Наводно, и од Интер постои расположение да го ослободат Бразилецот во замена за Роландо Бјанки, кој минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци во Серија "А" како член на Реџина, но не успеа да се навикне на животот и стилот на игра во Англија иако во Манчестер Сити замина како дел од трансферот вреден 13 милиони евра. Новиот сопственик на Сити, Таксин Шинаватра, објави дека има намера да го засили тимот во јануарскиот преоден рок, но дека главниот збор за тоа кои фудбалери ќе бидат ангажирани го има менаџерот Ериксон.
"Ќе инвестираме во нови играчи во јануари, но само ако има вистински фудбалери по вистинска цена. Знам дека Свен има некои идеи и јас ќе продолжам да му ја давам својата поддршка", изјави Шинаватра.
Постои можност Адриано да биде испратен во Фенербахче во замена за Роберто Карлос, но прва опција и натаму останува Манчестер Сити.


Росицки мета на Интер
Италијанскиот шампион подолго време ги следи настапите на Чешкиот интернационалец и е заинтересиран за неговите услуги уште кога тој настапуваше во Германија во редовите на Борусија Дортмунд.
Интер веќе преговараше со Арсенал за Роситски, кога летоска планираа да се ослободат од услугите на Адриано.
Но понудата за размена на овие двајца играчи беше одбиена од Арсен Венгер, но италијаните се надеваат дека овојпат ќе го убедат тренерот на Арсенал, бидејќи Роситски континуирано заработува повреди и има ограничен број настапи во дресот на Арсенал.
Арсенал за неговите услуги платија Ј6.8 милиони, па доколку го продадат на Интер ќе остварат профит од неговиот трансфер.
Исто така се шпекулира дека Топџиите во Јануари ќе испратат понуда и до Динамо Загреб за нивниот играч Лука Модрич, па тоа е само една причина плус за да ја прифатат понудата на Интер.
 
Убаво што знаеш да користиш копи/паст, ама уште поубо ќе беше ако видеше дека пред два дена за тоа дискутиравме...
 
остај го море џове...му рековме 1000 пати да не се гл*пира тој,пак продолжува да постира...
 
abe kaj i da ide Adriano, INTER niso nema da zagubi, a mnogu bi sakal da go vidam Rosicki ili Van Persie vo dresot na INTER, (so ili bez Adriano, INTER pak ke bidat sampioni u Seria A)
 
Интер пракал скаути и го гледале Марат Исмаилов Русин офанзивен играч е но не знам на која позиција играл крило најверојатно овој играч го сакал и Ериксон и Самдорија исто го следеле како што гледам има осет за гол и добар шут.Сега игра во Спортинг
[media]http://www.youtube.com/watch?v=9U1IHcixdEA[/media]http://www.calciomercato.com/index.php?c=23&a=60421
 
За миланез, јас не го бркам од фан клубот. Мене баш ми е убаво кога некој од другите ривали ќе постира во фан клубот Интер, само нека биди некоја нова интересна вест, не вести кои се веќе видени и на кои сме дискутирале.

------------------------------------------------------------------------
Исмаилов?
Хм, чудно... јас прв пат слушам за човеков. Ај ќе побарам шо можам да најдам за него. Ќе се вратам, ако вреди.
 
maca_kaka, на следната ваква слика леташ од темава.

Edit: maca_kaka е банирана од темава поради сераторски коментари и провокации.
 
Кај ги наоѓаме бе,некои глупи играчи...
Исмаилов имево му е за сумо ...
 
Ајде сега малце одмор за повекето од играчите цела недела поради квалификациите за еуро2008.
и после тоа продолжуваме со Аталанта,Фиорентина и Фенербахче.
Едвај чекам турките да дојдат на Сан Сиро па да ги испукаме со 3-4 гола за да им се извиниме што не мрзеше тогаш да ги плескаме!
 
Inter v Lazio and Roma v Cagliari will be played on Wednesday 5 December at 20:30.
ibra pak zltana topka vo svedska
 
Според последните вести од фудбалскиот свет, Свен Горан Ериксон ги одбил гласините дека Манчестер Сити е заинтересиран за Адриано.
Како и да е, изгледа дека Интер е спремен да му помогне на Адри, нормално, доколку он го сака тоа. Повеќе за ова - тука.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom