Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кристиајан Киву (184cm 81kg)

''Вампирот од Трансилванија!'' :)

Најдобриот дефанзивец на светот... левичар. Потекнува од познатата школа на Ајакс. Во холандскиот клуб бележеше огромни успеси и беше дел од блескавата генерација на Шнајдер, Ибрахимович, ван дер Варт, ван дер Мејден...
Успеа да стане првиот човек во тој силен тим, ја доби капитенската трака, беше првиот играч на списокот, играчот околу кој се градеше тимот. Таа година Ајакс газеше се пред себе. Светот дозна за Киву, всушност Рома беше првата звучна екипа која го забележа неговиот талент. Рома која во тој период бележеше финасиски загуби сепак реши да ризикува и дури се позамуваше, за да собере доволно пари за Киву. Навивачите на Рома очекуваа многу од него, сепак не ги разочара. Со блескави игри Киву стана еден од топ 3 дефанзивци во Калчо лигата. Одличното дуо Мексез-Киву стана поим, успешно се справуваа со сите предизвици. Но се се' смени...

На сцена стапи Морати. Интер беше во потрага по дефанзивец, дефанзивец кој ретко се наоѓа на пазарот. Левичар, техничар, со добра градба и добар баланс... играч кој би се снашол перфектно во партнерство со некој робусен дефанзивец како Неста, Тери, Матераци. И го најде... тоа беше Киву. Романецот кого секој тренер би сакал да го има во својот тим. Зошто? - Прво е млад, но има огромно искуство зад себе, потоа тој знае да игра на повеќе позиции, централен дефанзивец, лев или десен бек, дефанзивен среден па дури и лево крило. Едноставно никој не треба да се грижи ако го има Киву во својот тим. Иако е сеуште рано, сепак треба да се навикне на новата средина... неразурите очекуваат многу од Киву, тој треба да биде играчот околу кој ќе се гради новата одбрана на Интер. Но ќе биде, со тек на време ќе се среди и тој, впрочем покажа и во Ајакс и во Рома дека е класа сам по себе.

Претставува еден од најинтелигентните играчи во фудбалот, впрочем тоа се гледа во неговата игра, во преку 400 одиграни натпревари ретко кога знаел да погреши. Едина лоша партија која ќе остане запаметена е таа со Манчестер. Зборува 5 јазици, зрачи со позитивна енергија, со сите е добар пријател, едноставно е перфектен. Одличен дефанзивец, со цврста природна градба, одличен бек... знае правовремено да се уфрли и во напад и за разлика од неговите колеги секогаш, ама секогаш е на вистинското место. Никогаш не сум го видел да се загуби да остане во нападот додека противничкиот тим повлекува контра. Еднакво е добар и во дефанзива и во офанзива. Одличните пасеви и креативноста дозволува да се употреби и како дефанзивец во средниот ред... едноставно нема што не може да игра. Гладен за добра игра, гладен за победа, за трофеј, за крв... тоа е вампирот од Трансилванија.

Врв на кариерата: Доаѓањето во Интер, жедта за нови трофеи

Маикон (184cm 77kg)

''Новиот Кафу''

Има ли надеж за бразилската репрезентација која стана запаметена по тие нејзини бекови, со тие поими Р. Карлос и Кафу. Офанзивни бекови какви што светот немаше видено досега. Ок се пензионираа и двајцата... но прашањето е - Кој ќе ги наследи?

Ок за Карлос не знам, но за Кафу мислам дека ќе има достоен наследик. Човек кој е неуморен, човек кој трча побрзо од коњ, човек кој поседува огромна стамина, кој е невозможно да се помине, и човек кој секогаш знае да се уфрли во напад НО и да севрира топка за напаѓачите.

Првите неколку работи не можат да се стекнат, треба природна дарба но со 184 cm и со 77 килограми чиста мускулна маса, звучи застрашувачко. Сето тоа искомбинирајте го со одлична креативност, голема брзина и експлозивност, одлични дилагонални топки кои ги наоѓааат напаѓачите како да имаат вграден ГПС.:) Ете тоа ви е накратно Маикон. Ок не спомнав дека е одличен изведувач на слободни удари, дека има топовски шут има 28 настапи за репрезентацијата а 4 голови и не споменав дека игра бек, не средина или напад... туку бек. Релативно непознат за спортската јавност, дури критичарите беа доста скептични за неговото доаѓање во Интер и високата цена која ја плати Морати за него. Колку ли само не беа во право, добивме одличен бек, одличен играч. Играч кој игра добро во одбрана, секогаш се уфрлува во напад. Ланската сезона беше ВТОР асистент во тимот зад ФИГО!!! На досега одиграни 32 натпревари за Интер има постигнато 2 гола и иднината изгледа светла за Интер и за репрезентацијата... најверојатно гледаме во новиот Кафу.

Врв на кариерата?
Епа не знам дали ви изгледа на врв но на 26 години има освоено:
2 трофеи Копа Америја
1 Куп на Конфедерации
1 Скудето
стандарден во Интер, стандарден во репрезентацијата... што би можел повеќе да посака?(се разбира сеуште е млад ЛШ и СП се пред него)

Хавиер Занети (178cm 75kg)

''Тракторот''

Капитенска константност... тоа е фразата со која би се опишал овој човек. Тој стои зад успехот на Интер во последнава декада. Иако во ерата на Морати сите знаме дека политиката беше да се носат квалитетни играчи, ако не се докажат одма да се расипат, сепак овој човекот е нешто посебно. Искрено не памтам еден натпревар кој го изиграл лошо, макар Интер и да губи со 5-0 сепак тој ќе биде најсветлата точка во тимот. Човекот кој претрчува по 15 километри на натпревар и го има насекаде. Во секоја акција, во секој дуел, во секоја контра, на секој дел од теренот... неуморен го дава срцето за тимот. Тој треба да претставува модел, како треба да се развиваат следните генерации на фудбалери. Да се залага за тимот, да нема изгубена топка да нема изгубен натпревар. Беше првиот играч кој го купи Морати и единствениот кој остана да игра за Интер во последниве 10 години, сите знаеме колку е строг Морати, значи мора да е нешто посебно штом преживеа 10 години во Милано. Има преку 500 настапи во дресот на неразурите и рече дека би сакал да изигра уште толку. ЛЕГЕНДА!

Ил Капитано, како што е познат кај навивачите на интер е подготвен да ја испишува историјата. Во неговата кариера има освоено повеќе трофеи но сепак кажа дека му фали најсјаниот од сите - ЛШ трофејот. Нема да се откажам додека не го освоеме рече Занети. Можеби денес имаме поинаков Интер, можеби денес имаме тим полн со звезди и млади таленти кои допрва треба да се докажат, но бидете сигурни дека тие секогаш ќе можат да се потпрат на стариот и добар Занети.

Врв на кариерата: Конечно скудетото во неговиот плакар и секако прекрасниот гол во финалето на УЕФА купот, во 1998 кога Интер успеа да го освои.
 
:zver::aplauz::aplauz::aplauz:
Супер анализи.. Одвај чекам да напишеш за сите.. :bravo:
 
Естебан Камбијасо

''Тивкиот убиец''

Ок покрај Патрик Виеира кој би ве забекежал, ќе речат скептиците. Но јас не би играл така. Стартот беше... хм? Па и не беше баш најсјаен, дојде од Реал на слободен трансфер, Реал се откажа од него, не бил она што очекувале... немал талент! Една од најголемите грешки на Реал, колку само страдаа низ годиниве затоа што немаше кој да ги пополнува дупките зад ѕвездите од типот на Фиго, Бекам, Зидан. Звезди кои беа заинтересирани само за напад и голови и оставаа дупки зад себе... но доста за тоа. Иако немаше изградено име за себе, сепак денес Камби претставува еден од најважните делови во сложувалката на Манчини. Едноставно тимот не може да функционира без него, што се виде во ЛШ(беше повреден) кога отпаднавме, поради немањето на квалитетен играч, играч кој би го заменил на средината на теренот. Кога првпат стапна на италијанско тло, сите очекуваа од него да биде новиот Џенаро Гатузо... па и не погрешија многу, освен фактот што Естебан доаѓа од Аргентина, земја каде се негува фудбалот, каде
фудбалот е најважното нешто, таму децата прво учат да контролираат фудбалска топка а дури после учат да читаат.:) Значи ја имаше пргавоста на Гатузо, но поседуваше одлична техника слична на онаа на неговите попознати колеги(Д'Алесандро, Аимар, Рикелме и сл.). Во првите неколку сезони не успеваше да се вклопи, но не беше тој виновен. Партнерите со кои го спојуваше Манчини... Верон, Пизаро, Емре, К. Занети тие беа премногу различен тип на играчи. Сепак кога дојде Виеира се се' смени. Интер го поседува најдоброто дефанзивно дуо во светот. Виеира човекот легенда и Камби тивкиот убиец, хех фразава како од некој филм да е излезена. Како Бони и Клајд, како Мујо и Хасо, како Дуле и Коки... вазелин и Боки, тоа се нашите Веириа и Коки:)

Интелигенција и пристап на играта која е незабележлива за неговите колеги, тивкиот Камби секогаш е на вистинското место, секогаш ги растура противничките акции, знае да пресечи пас, да повлече контра, да испрати длабочинска топка, па дури и сам да постигне гол. Кој ли не се сеќава на Аргентинската магија на СП 06 кога после преку 26 непрекинати пасови Камби го постигна голот против Србија?

Одличен играч, играч без кого неможе тимот, иако поседува одлични фудбалски вештини, сепак не ужива статус на суперѕвезда. Играч на кој секогаш може да се потпре тренерот, единствениот Естебан Камбијасо.

Врв на кариерата:
Голот на СП 06 против Србија, кога тој и неговата дружина ги хипнотизираа србите, фудбалска магија од 26 комплетирани пасови и гол.

Патрик Виеира

''Грдосија, чудовиште, монструм!''

Во минатите години секогаш знаевме да се пожалиме на трансферите на Интер. Ок, но кој може да го спомене истото денес, кога Интер во своите редови го има ѕверот Виеира, Виеира кој го зедовме за 10 м евра!!! Техничкиот директор Бранка, успеа да извлечен од ракавот еден од најдобрите трансфери досега, ако не и најдобриот.

Играч легенда, играч кој е задоволство да се гледа, играч кој не се поминува, чудовиште од Франција со африканско потекло, со моќ на лав, со нозе на газела, тело на минотаур - Тоа е Патрик Виеира. Треба ли да објаснувам повеќе, па самиот човек претставува синоним за таа позиција на која игра. Позиција во која внесе револуција, 190cm со 90 килограми мускул, со фудбалски талент: техника, пас, стамина, дефанзивни дуели, скок игра, пргавост, креатор на игра, но и деструктор на противнички акции.... човек КАРПА!

Можеби е премногу горд на себе, често знае да не почитува ни противнички играч ни судија, но со реномето кое го има зад себе со светските титули, со скудетата, со премиерлигашкиот трофеј.... сето тоа му дозволува да биде арогантен. Со ваков играч во тимот целите се високи, колку високи...190? Не со играч од рангот на Патрик целта е трофеј, трофеј во домашно првенство, во Европа...

Врв на кариерата:
Освојувањето на Светското Првенство во 1998 година.

Дејан Станкович

''Балкански менталитет''

Алката која недостасуваше во Интер, линкот помеѓу одбраната и нападот. Човекот кој поврзува се. Еден од главните виновници за успехот на Интер во изминатата сезона, со украдени топки, асистенции, голови. Имаше многу добри партии, но секако во сеќавање ќе остане миланското дерби. Дежан изигра перфектно, едноставно блескаше, асистенција и гол... еврогол! Безброј комплетирани пасови, одлична контрола на средината од теренот. Конечно ја покажа вистинската вредност и потенцијал. Сепак нема доволно среќа, постојано го следат повредите. Само што ќе го достигне врвот на формата, се повредува. Но сепак навивачите на Интер се гладни повторно да го видат во изданието од минатата сезона, да го
поврзе Интер, главната артерија на Интер, човекот околу кој се врти се.

На почетокот од кариерата во Интер, играше на погрешна позиција, тоа и беше грешката на Манчини, кога го стави повеќе кон аут линијата, на крилните позиции... тогаш Станкович блесна, играше во одлично издание. Секогаш ја оправдува довербата на тренерот кога ќе му се укаже шансата. Освен што е еден од најдобрите поединци во Интер, тој птерставува и главниот играч во српската репрезентација. Дел од ѕвездениот Лацио од 2000та година, дел од блескавата генерација на римјаните, покажува огромен потенцијал, но дали ќе го искористи? Во
својата досегашна кариера има преку 10трофеи, но само 3 од нив се шампионати.

Шампион на Србија во 95 со Црвена Звезда, шампион со Лацио во 2000 и ланскоот скудето. Дали е гладен за нови успеси... па ќе ја видеме неговата вистинска вредност? Само времето ќе каже...

Врв на кариерата:
Титулата со Лацио во 2000, тој тим на звезди каде беше еден од најдобрите поединци. И секако незаборавната битка во Милано, каде беше интеровиот војсководец!

Луис Фиго

''Ф-факторот''

Има ли тим во кој што играл овој фудбалер, кој не освоил трофеј?
Трофеите го следат него или пак тој е најзаслужен за нив?

Секако дека е второто. Најдобриот играч на светот за 2001 и најдобиот европски
фудбалер за 2000 е еден од топ 100 играчи кои некогаш ја шутнале фудбалската топка. Блескава кариера полна со награди, скоро да нема трофеј кој не го освоил...
Имаше надимак предавник бидејќи од Барса, прејде во најголемиот ривал Реал М. Впрочем со него почна таа генерација на Галактикос! Еден од најдобрите фудбалери кои некогаш сум ги видел, талент ретко видел... всушност после Пеле и Марадона мислам дека е најдобиот техничар кој излегол во изминативе 20 години. Знаеше со своите дриблинзи често да изместува зглобови и да нанесува фрактури.

Тој беше човекот кој му недостасуваше на Интер. Вистински шампион, играч кој има победнички менталитет, играч кој со потег решава натпревари. Откако дојде во Милано, се се' смени. Иако Интер успеа да го доведе за никаква сума сепак се знаеше дека вреди многу. Вреди премногу впрочем долго време го држеше рекордот за најскап трансфер во историјата. И да платевме исто толку пари колку што плати Реал за него 2000, немаше да зажалиме. Во неговите нозе имаше уште 3 години, три години од вистинскиот Фиго. Одигра клучна улога во успесите на Интер, секогаш знае да повлече во вистински момент. Ја крева екипата на грб, кога не му оди на Интер знае сам да изигра, да се подмести да изнуди прекршок во близина на голот. Знае да постигне гол од слободен удар, да испровоцира играч да добие картон, знае да задржи топка, да измести зглоб, да даде топка со очи, сам да постигне гол. Нема што не знае овој играч, ги поседува сите квалитети на еден
расен плејмејкер.

Кризата. На крајот од 2006та година Фиго одлучи дека сепак крајот е близу и дека ќе се пензионира. Неразурите и нивниот претседател правеа се што е можно да го убедат магионичарот да остане уште една сезона во Милано. Сепак Фиго рече дека тоа е негова одлука и дека иако жали, сепак мора да се пензионира. Беше така, се додека не стигна понудата од Катар. Катарците фрлаа огромни милионски суми за Фиго само за да го видат во дресот на нивните клубови. На блискиот Исток владееше Фиго манија. Сите сакаа да го видат овој фудбалски великан, набрзо беше договорен и трансфер. Сепак на крајот работите се искомплицираа и Фиго реши да го раскине договорот и да остане во Интер, уште една сезона. Навивачите беа среќни, играчите исто така, Морати славеше... уште еден од неговите миленици ќе ја заврши кариерата во Интер.

Денес Фиго иако има 34 години, набрзо полни 35 сепак е еден од најдобрите играчи на Интер. Иако ја изгуби брзината и подвижноста сепак тој магичен допир остана. Тој допир кој не се учи, тоа е вроден талент па нема да го изгубите ни на 40 години. Денес не успева да ги издржи сите дуели, не успева да му побегне на противниците, да ги претрча... но сепак стариот и искусен лисец Фиго, знае добро
да се постави, да се загради, да ги испровоцира да го фаулираат. Исклучителен талент, кој тешко дека ќе се замени... разделбата на Фиго со Интер, ќе биде болна, но тоа е фудбалот, тоа е животот.

Врв на кариерата:

Добивањето на признанието најдобар играч на светот во 2001 година. И изминатата сезона изигра перфетно, тешко дека ќе го замени некој во тимот на Интер. Интер е приморан да бара негов наследник, некој кој достојно ќе ги пополни неговите копачки. Самиот Фиго го препорача неговиот пријател и колега од репрезентацијата - Кварезма, па мислам дека подобра препорака и не може да најде. Viva Figo... Forza Nerazzuri
 
Овој Виера откога дојде не може 3 утакмици да врзе за интер секогаш се повредува
 
лелее Кордоба :nesvest:
ЦСКА-ИНТЕР 1-0
 
Јовенценце, секоја чест! :)
Го погоди Станкович... повеќе од сите други. :)
 
Кордоба и Максвел се катастрофа!
А Станкович најдобар е... NOT!!!
Креспо и тој исто.. го нема никаде.. Лошо прво полувреме..
На ибра му одговара климата и добро се држи.. Само е многу чуван..
А на Занети не му влијае климата :) Тракторот ора на секоја нива.. макар и со вештачка трева..
 
Е овој Манчини стратегот не можам да го сватам го вади Креспо што згреши толку не знам наместо да ги пушти или Солари или Хименез да го освежи средниот ред не знма што направи Дакур до сега

Таман се заредија шанси Манчини мора да се умеша и да растури цела игра

Ауу голманот на ЦСКА ѕвер:pos:
 
Eве бе го пушти Солари
и ОДма ГГГООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛл
Самуел 82 мин
 
:pos: дај кажите кој брани за ЦСКА... тапа
 
Другар ви, што е на списокот на желби на Берлускони.

* Игор Акинфеев.
 
Другар ви, што е на списокот на желби на Берлускони.

* Игор Акинфеев.
Не е Акинфеев кој според мене ако не е најдобар е еден од најдобрите голмани во светот

Овој се вика В.Манџуркин Акинфеев е повреден
 
Mandrykin, Veniamin Anatolievich бранел за ЦСКА... не верувам Акинфиев да брани вака лошо...
Честито победа...
 
Нема веза кој бранел кај нив.Најважно е 3 бода у џеп шо имаме! и сме први до вечер на табелата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom