- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Кристиајан Киву (184cm 81kg)
''Вампирот од Трансилванија!''
Најдобриот дефанзивец на светот... левичар. Потекнува од познатата школа на Ајакс. Во холандскиот клуб бележеше огромни успеси и беше дел од блескавата генерација на Шнајдер, Ибрахимович, ван дер Варт, ван дер Мејден...
Успеа да стане првиот човек во тој силен тим, ја доби капитенската трака, беше првиот играч на списокот, играчот околу кој се градеше тимот. Таа година Ајакс газеше се пред себе. Светот дозна за Киву, всушност Рома беше првата звучна екипа која го забележа неговиот талент. Рома која во тој период бележеше финасиски загуби сепак реши да ризикува и дури се позамуваше, за да собере доволно пари за Киву. Навивачите на Рома очекуваа многу од него, сепак не ги разочара. Со блескави игри Киву стана еден од топ 3 дефанзивци во Калчо лигата. Одличното дуо Мексез-Киву стана поим, успешно се справуваа со сите предизвици. Но се се' смени...
На сцена стапи Морати. Интер беше во потрага по дефанзивец, дефанзивец кој ретко се наоѓа на пазарот. Левичар, техничар, со добра градба и добар баланс... играч кој би се снашол перфектно во партнерство со некој робусен дефанзивец како Неста, Тери, Матераци. И го најде... тоа беше Киву. Романецот кого секој тренер би сакал да го има во својот тим. Зошто? - Прво е млад, но има огромно искуство зад себе, потоа тој знае да игра на повеќе позиции, централен дефанзивец, лев или десен бек, дефанзивен среден па дури и лево крило. Едноставно никој не треба да се грижи ако го има Киву во својот тим. Иако е сеуште рано, сепак треба да се навикне на новата средина... неразурите очекуваат многу од Киву, тој треба да биде играчот околу кој ќе се гради новата одбрана на Интер. Но ќе биде, со тек на време ќе се среди и тој, впрочем покажа и во Ајакс и во Рома дека е класа сам по себе.
Претставува еден од најинтелигентните играчи во фудбалот, впрочем тоа се гледа во неговата игра, во преку 400 одиграни натпревари ретко кога знаел да погреши. Едина лоша партија која ќе остане запаметена е таа со Манчестер. Зборува 5 јазици, зрачи со позитивна енергија, со сите е добар пријател, едноставно е перфектен. Одличен дефанзивец, со цврста природна градба, одличен бек... знае правовремено да се уфрли и во напад и за разлика од неговите колеги секогаш, ама секогаш е на вистинското место. Никогаш не сум го видел да се загуби да остане во нападот додека противничкиот тим повлекува контра. Еднакво е добар и во дефанзива и во офанзива. Одличните пасеви и креативноста дозволува да се употреби и како дефанзивец во средниот ред... едноставно нема што не може да игра. Гладен за добра игра, гладен за победа, за трофеј, за крв... тоа е вампирот од Трансилванија.
Врв на кариерата: Доаѓањето во Интер, жедта за нови трофеи
Маикон (184cm 77kg)
''Новиот Кафу''
Има ли надеж за бразилската репрезентација која стана запаметена по тие нејзини бекови, со тие поими Р. Карлос и Кафу. Офанзивни бекови какви што светот немаше видено досега. Ок се пензионираа и двајцата... но прашањето е - Кој ќе ги наследи?
Ок за Карлос не знам, но за Кафу мислам дека ќе има достоен наследик. Човек кој е неуморен, човек кој трча побрзо од коњ, човек кој поседува огромна стамина, кој е невозможно да се помине, и човек кој секогаш знае да се уфрли во напад НО и да севрира топка за напаѓачите.
Првите неколку работи не можат да се стекнат, треба природна дарба но со 184 cm и со 77 килограми чиста мускулна маса, звучи застрашувачко. Сето тоа искомбинирајте го со одлична креативност, голема брзина и експлозивност, одлични дилагонални топки кои ги наоѓааат напаѓачите како да имаат вграден ГПС.
Ете тоа ви е накратно Маикон. Ок не спомнав дека е одличен изведувач на слободни удари, дека има топовски шут има 28 настапи за репрезентацијата а 4 голови и не споменав дека игра бек, не средина или напад... туку бек. Релативно непознат за спортската јавност, дури критичарите беа доста скептични за неговото доаѓање во Интер и високата цена која ја плати Морати за него. Колку ли само не беа во право, добивме одличен бек, одличен играч. Играч кој игра добро во одбрана, секогаш се уфрлува во напад. Ланската сезона беше ВТОР асистент во тимот зад ФИГО!!! На досега одиграни 32 натпревари за Интер има постигнато 2 гола и иднината изгледа светла за Интер и за репрезентацијата... најверојатно гледаме во новиот Кафу.
Врв на кариерата?
Епа не знам дали ви изгледа на врв но на 26 години има освоено:
2 трофеи Копа Америја
1 Куп на Конфедерации
1 Скудето
стандарден во Интер, стандарден во репрезентацијата... што би можел повеќе да посака?(се разбира сеуште е млад ЛШ и СП се пред него)
Хавиер Занети (178cm 75kg)
''Тракторот''
Капитенска константност... тоа е фразата со која би се опишал овој човек. Тој стои зад успехот на Интер во последнава декада. Иако во ерата на Морати сите знаме дека политиката беше да се носат квалитетни играчи, ако не се докажат одма да се расипат, сепак овој човекот е нешто посебно. Искрено не памтам еден натпревар кој го изиграл лошо, макар Интер и да губи со 5-0 сепак тој ќе биде најсветлата точка во тимот. Човекот кој претрчува по 15 километри на натпревар и го има насекаде. Во секоја акција, во секој дуел, во секоја контра, на секој дел од теренот... неуморен го дава срцето за тимот. Тој треба да претставува модел, како треба да се развиваат следните генерации на фудбалери. Да се залага за тимот, да нема изгубена топка да нема изгубен натпревар. Беше првиот играч кој го купи Морати и единствениот кој остана да игра за Интер во последниве 10 години, сите знаеме колку е строг Морати, значи мора да е нешто посебно штом преживеа 10 години во Милано. Има преку 500 настапи во дресот на неразурите и рече дека би сакал да изигра уште толку. ЛЕГЕНДА!
Ил Капитано, како што е познат кај навивачите на интер е подготвен да ја испишува историјата. Во неговата кариера има освоено повеќе трофеи но сепак кажа дека му фали најсјаниот од сите - ЛШ трофејот. Нема да се откажам додека не го освоеме рече Занети. Можеби денес имаме поинаков Интер, можеби денес имаме тим полн со звезди и млади таленти кои допрва треба да се докажат, но бидете сигурни дека тие секогаш ќе можат да се потпрат на стариот и добар Занети.
Врв на кариерата: Конечно скудетото во неговиот плакар и секако прекрасниот гол во финалето на УЕФА купот, во 1998 кога Интер успеа да го освои.