Вака сега на тимот на Интер потребна е една реконструкција да се направи! Во одбраната да се земе еден добар одрбранбен играч некој централен DC, во средината на местото на Фиго да се земе некое опасно крило, Кристијано Роналдо не доаѓа во обзир зашто нема шанси да го дадат, тогаш да се земе Кварезма кој според мене е копија на Кристијано Роналдо и многу добро ќе се снајде во Интер. Да се продаде Солари. Човекот многу се труди ама едноставно не го бива. На негово место да дојде Диего од Вердер. Тој не игра лево крило ама ќе се најде место за него. Нека го земат и Алмирон од Емполи за резерва, го гледав човекот има ист стил на игра како Верон. Тоа би било се за средината. Напад, не треба ништо да се менува. Ибракадабра со Ел Императоре е ѕверски напад, ќе се среди Адриано догодина и ќе биде подобар. Нека го продадат Рекоба, ќе си иде и Креспо во Челзи. Круз нека остане тој човекот има реализација добар е за џокер. И да се земе уште некој нападилац треба! Нека го земат Савиола од Барса. Знам дека тој нема да си иде ќе потпише нов договор со Барса ама ако не го земат него нека земат друг напаѓач брз! Најголема грешка на Интер е што го продадоа Мартинс. Ѕвер напаѓач брзина невидена, силен како бик, и се сложуваше да биде резерва. Ама тоа е Интер се шупаци за трансфери исто како и Барса! На Роналдо му тргна во Барса, првата сезона зема златна копачка и го шитнаа одма во Интер! Па Интер го шитнаа Пирло, Сидорф, Мартинс, се што имало барем малку надеж! А го остави тогаш Грешко и тие мртвите играчи! Ама тоа е веќе историја! Сега го освојуваме 2 рото скудето по ред и гледаме напред!
FORZA INTER!!