Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда му понуди домаќинство на Интер за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Валенсија(поради одлуката на Владата на Италија), која е закажана на 21 фебруари.
Во дописот кој претседателот на ЦЅ- Драган Стојковиќ ПИКСИ му го доставил на Морати стои:„Искрено честитам на сјајните резултати и одличната форма на екипата во досегашниот дел од сезоната и Ви пожелувам многу успех во следните мечеви на сите фронтови“
Раководството на ЦЅ е убедено дека Интер ќе има сјајна подршка од домашните навивачи, бидејќи двајца бивши играчи од ЦЅ играат многу важна улога во Интер-Станковиќ(спортскиот идол во Србија) и Легендата на југословенскиот фудбал и помошник тренер на Интер,Синиша Михајловиќ.Предност е и во тоа што Маракана ќе биде во голем број посетена и од навивачите од Милано, поради тоа што географската одалеченост со Милано не е голема.

Да даде Господ Морати да се согласи прв ќе се нацртам таму!:zlo:
 
Е па кога е така одиме на Маракана.. :zlo:
 
Dime dobra ideja! Site interasi-kajgandzii na Marakana! Aaaajdeeee :drk:
 
да ама could be не е исто со is. Затоа велам да сочекаме, па ако ни е во комшии ќе одиме и ние да го погледаме кремот на фудбалот.Леле колку жалосно ми звучи ова „и ние да погледнеме”...Тоа е...
 
Не е лоша идејата во основа.Да го погледнам Интр во живо.:vozbud:
 
1. Прати изјавава на Стојковиќ:
Ако се договориме со Интер за наредниот натпревар да се игра во Белград ќе ги ангажираме сите слободни авиони да летаат на релација Белград - Милано, за да може што повеќе фанови на Интер да дојдат од Милано, а исто Интер ќе ја добие огромната поддршка од фановите на Црвена Звезда!

2. Еве уште нешто друго:
Интер е последниот што што искажа заинтересираност за услугите на Кристијано Роналдо.

Португалскиот интернационалец пред неколку дена изјави дека не знае каде ќе настапува идната сезона, зголемувајќи ги шпекулациите дека лесно може да се случи летово да си замине од Манчестер Јунајтед.

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона најавија дека нема да жалат пари за да го доведат Роналдо во своите редови, но од вчера во трката по овој фудбалер се вклучи и Интер.

"Неро-азурите" во март 2008 година ќе го прослават својот стогодишен јубилеј, и претседателот Масимо Морати сака токму Роналдо да биде негов подарок за навивачите на Интер за оваа пригода. Поради ова, Морати е подготвен да плати 50 милиони евра за услугите на португалскиот ас, кој на Џузепе Меаца би го заменил својот сонародник Луис Фиго (кој веќе го договори својот трансфер во Ал Итихад по завршувањето на оваа сезона).

Незнам имам чувство дека Роналдо ќе дојде!
 
Да и јас имам такво чуство,за Меси некако не ме палеше,премногу млад и многу пари се даваа за него,а за Роналдо и толкава сума пари се даваат.
 
Дали знаете што е ова?
lalard4.jpg

..
..
..
..
Пирели на кинески
 
Без да ве разочарам мислам дека ќе оди Реал М
 
A тогаш кој би можел да дојде како замена на Фиго? Мислам идеи... ќе треба некоја квалитетна замена за него... и уште 1-2 во одбрана.
Друго не смејат да чепкаат ни средина ни напад! Тие ни се најаки страни...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom