Цезар - Еден шут, еден гол. Не е во потребната форма, лошо ја почна 2009та.
Маикон - Под нивото денес, променлива форма. Ако ви текнува на првата утакмица со Торино сезонава, постигна еврогол и беше еден од најдобрите на теренот. Денеска недостасуваа пробиви по таа десна страна, поготово во второто полувреме кога влезе Фиго.
Кордоба - Одбраната не ни е воопшто константна. Мурињо не може да направи стандарден двоец, поради многуте повреди. Денес мораше да затвори подобро при постигнувањето на голот.
Бурдисо - Постигнат гол, солиден во одбраната. Добар натпревар според мене...
Сантон - Неоспорен талент, има надеж во детево. Физички добро спремен, одличен во нападот, го следи примерот на Маикон. Слаб во дефанзива, можно е многуте натпревари изиграни да се причина за тоа. Требаше да тој да ја напушти играта наместо Максвел. Вреди да биде во 18те до крајот на сезоната.
Максвел - Лошо полувреме, не се снајде добро во поофанзивната улога. Како да беше збунет од новата позиција и премногу се враќаше во дефанзива место да повлече напред.
Камбијасо - Се вклопи во сивилото на тимот, стандардно игра, пресечени многу топки, иако во второ полувреме Торино направи многу контри, дел од кривицата има и тој. Сепак еден од подобрите денес.
Станковиќ - За тие 40тина минути што ги помина на теренот, не покажа ништо, како и целиот тим на Интер во првото полувреме. Да се надеваме дека нема да биде сериозна повредата и ќе се врати веќе во следното коло.
Занети - Капитенот исто стандардно, мирно второ полувреме, повеќе сконцентриран на одбраната и неутрализирање на контрите на гостите. Првиот дел направи неколку пробиви кон противничкиот гол.
Круз - Добар удар со глава во првото полувреме, Серени одлично одбрани. Исто во првиот дел беше себичен кога требаше да го проигра Максвел кој утрчуваше, а тој шутна покрај голот. Толку може да се очекува од овој играч, толку се можностите.
Ибрахимович - Под нивото, премногу повлечен, не успешни дриблинзи... Знае Ибра многу подобро. Требаше повеќе време да минува во противничкиот 16ик, и да чека нафрлување. Вака, безопасен, мирен. Далеку од зоната за удар. Немаше среќа во финишот при ударот со глава.
Резерви:
Фиго - Асистенција до Бурдисо при изведувањето на корнерот. Сметам дека премногу доверба има од Мурињо. Треба да се уфрлува Мансини или Кварезма како прв избор од клупата.
Кварезма - Голем е притисокот врз него, огромен. Најтешко му е него, сигурно. Не е лесно да те исвиркува публиката на домашен терен. Голем товар носи, и никако не може да ја најде посакуваната форма. Се плашам да не добие “време“ од Мурињо да се смири т.е. да не го видиме 2 месеца на теренот.
Креспо - Катастрофално реагираше при првата шанса, кога го промаши голот, но имаше страшен удар со глава кој Серени го спаси со помош на стативата. Си стојам на мислењето дека Креспо треба да биде последен избор. Балотели мора да биде трет напаѓач, после Адри.
Убаво кажа Мурињо, каде беше Интер во првиот дел, ама па и тој треба да се запраша каде требаше да биде со толку дефанзивци во тимот. Можевме да направиме огромна предност, не дека и вака не е, ама треба вакви шанси да се користат. Торини и Каљари на домашен терен, лошо... Имаме среќа што и конкурентите не се на потребното ниво, па предноста се зголемува

Сепак ова се полесни натпревари кои МОРА да се добијат, следува потежок период со натпревари во ЛШ, а ако не поминеме како што треба и ако е фати криза како лани... лошо се пишува.