Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
На комшијата козата... : ))) Она македонското нели. Абе лека полека почнавме да бегаме, се надевам ќе ни дишат у прашината до крајот на сезоната. Ко што и си е редот, нели : )))

Да ги откорнеме Лацио и на коњ сме...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
На комшијата козата... : ))) Она македонското нели. Абе лека полека почнавме да бегаме, се надевам ќе ни дишат у прашината до крајот на сезоната. Ко што и си е редот, нели : )))

Да ги откорнеме Лацио и на коњ сме
...
Токму така!
следните утакмици што ни следнуваат после лацио се за академијата да ги изигра!
 
Среќен роденден на Франческо Толдо.Денес полни 37 години . Нека ни е жив и здрав вториот голман :smir:
111538.jpg
 
Секоја чест за него. Мината година кога го прашаа зошто досега не заминал од Интер, со оглед на тоа што ептен ретко добива шанса да ги покаже своите голмански способности, рече дека така бил воспитан кога бил млад, да биде маж и да издржи. Среќен роденден Франческо. :smir:
 
Богами многу полни... Машала... Ај ваљда е ко виното :)))

Можеби и го имаме еден од најдобрите втори голмани низ фудбалските терени во Европа, можно е и тука да ја заврши својата кариера со оглед дека долго време е сенка на Цезар а не го напушти тимот иако заслужува првотимски статус во друга екипа . Ништо чудно да биде и тренер на голманите за некоја година . :toe:

p.s. Buon Compleanno за Толдо
 
Овој коментатор најмногу го сакам .. Ти го буди Интерашкото во тебе ... ТОЛДОНЕ !!!
 
Да, имаш право. Абе знаеш бајаги имам зборено со луѓе на тема стари играчи, кога веќе очигледно е (извини на израз) дека им паѓа г‘зот и дека не можат да пружат ни дел од тоа што некогаш биле, ама поради авторитетот и претходното постигнување во екипата упорно им се дава шанса, а тие пак само ја кочат играта и ништо не постигнуваат. Последен пример за тоа ми е Роки од Лацио, сите сме свесни дека почетокот на калчото беше во знакот на напаѓачкиот тандем на Лацио, Пандев-Зарате, и стварно топ им идеше и супер играа, ама се чекаше Роки да се врати од повредата за да го поебе тој тандем и автоамтски (со тоа што е здрав) заслужи место во први 11. Друг таков пример е со Виери, кого бајаги нагло му падна формата. Ко преку ноќ да заборави да игра. Има и други примери за вакви стари играчи, кои нема сега да ги разглабаме. : ))

Назад на темата
За да не дојде до тоа можеби, Толдо прифати да биде замена на Цезар.

П.С. Како и да е, нека му е среќен роденденот
 
Толдо е легенда на Интер.Како со рече Syn можеби имаме еден од најдобрите втори голмани.Ама Цезар е млад во најдобрите години, одличен голман секако прв избор е тој. А во врска со Роки во право си , ко не беше тој Пандев и Зарате се растураа од голови, а кога дојде тој од тогаш Пандев нема гол даено,игра повлечено .. То тие то . Сигурен сум дека Толдо ке ја заврши кариерата кај нас :smir:
 
Среќен роденден Франческо :smir:
Како денес памтам кога им го закопа последна минута на јубе, и кога им одбрани мислам четири пенали на холанџаните на Еуро 2000.
 
Среќен роденден Толдо!
Многу ми е жал што голман како него седи на клупа, но со годините кои ги има и Цезар во тимот тоа е неизбежно. Толдо ми е еден од омилените играчи во Интер, го сметам како икона на тимот, едно од првите имиња на кои помислушам и ме асоцира кога некој ќе го спомене Интер.
Жал ми е поради него, но многу добро е за тимот да има еден таков втор голман како алтернатива за Цезар.

И на крај уште еднаш, среќен роденден и што побрзо да се врати од повредата!
 
Среќен роденден Толдо!
Многу ми е жал што голман како него седи на клупа, но со годините кои ги има и Цезар во тимот тоа е неизбежно. Толдо ми е еден од омилените играчи во Интер, го сметам како икона на тимот, едно од првите имиња на кои помислушам и ме асоцира кога некој ќе го спомене Интер.
Жал ми е поради него, но многу добро е за тимот да има еден таков втор голман како алтернатива за Цезар.

И на крај уште еднаш, среќен роденден и што побрзо да се врати од повредата!

Мене Толдо ме асоцира на пропаста на Фиорентина kога банкротираа ( за жал ), и кога беа приморани да се откажат од него и од Руи Коста ( еден од моите омилени играчи тој период ) . Т.е., тоа беше период кога започна тонењето на Калчото, кризата ги зафати и Лацио, па и они станаа просечен тим, истото важи и за Парма а кулминацијата беше Калчополи . Бев премногу среќен со носењето на Толдо, a и тоа ми беше едно од најеуфоричните лета кога се во прашање Интер, ако не се лажам тогаш го донесоа и Купер, а и се очекуваше враќање на Феноменот на терените, подоцна познат и како Јуда, за нас фановите на Интер . :smir:

п.с. Толдо е легенда на Фиорентина, а како што кажа и самиот, икона на Интер, факт, еден од најомилените играчи на сите Интеристи .
 
По фациве не се некако пријателски настроени кон фотографов :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom