На ова гомново не му доаѓа памет: ЛУЧИЈАНО МОЏИ ПОВТОРНО ГИ РАЗГОРУВА СТРАСТИТЕ - Интер мораше да го уништи Јувентус
Лучијано Моџи по подолга пауза проговори за Калчополи скандалот, како и за екипите на Јувентус, Интер.
Екс-генералниот менаџер на Јувентус беше прогласен за главен виновник во големиот скандал што беше откриен минатото лето откако беше откриено дека користел нелегални методи за ангажман на нови фудбалери, а истовремено и добивал "многу услуги" од голем број италијански судии.
"Јас сум единствениот што навистина го бранеше Јувентус, с$ уште го тврдам тоа. Тие отидоа на судење бранејќи се со молчење и барајќи што поблага казна. И јас можам да бидам адвокат, ако бранењето на нечии права значи само молчење", ги критикуваше Моџи новите челници на најтрофејниот италијански клуб.
Според Моџи, целиот скандал се појавил на површина поради борбата за власт во Јувентус, по смртта на браќата Џани и Умберто Ањели.
"Доколку Лука Монтеѕемоло го бранеше Јувентус како што тоа сега го прави во Ферари, ви гарантирам дека клубот никогаш немаше да испадне од Првата лига. Сепак, очигледно на некого му одговараше Јуве една сезона да одигра во Серија 'Б'. На тогашниот комесар Роси му рекоа дека ако го прати Јувентус во втората лига, италијанскиот фудбал ќе се врати во нормала. Откако тоа се случи, истите тие луѓе му рекоа дека с$ било попусто, дека ништо не е сменето", прокоментира "сивата еминенција" на Калчото, како што беше наречен од страна на италијанските новинари.
Моџи беше фатен на дело по прегледувањето на аудиоснимките од неговите телефонски разговори со видни луѓе од федерацијата.
"Можам да ви кажам дека беа прислушкувани уште многу разговори. Она што беше слушнато на разговорот меѓу директорот на Милан, Леонардо Меани, и Пјерлуиџи Колина, беше многу полошо, но никој не го објави тоа во јавноста. И се прашувам себе си уште една работа, зошто Интер никогаш не беше прислушкуван. Затоа што Марко Тронкети не дозволи такво нешто, знаеше дека ако тоа се случи, ќе бидат откриени многу нечисти работи. Тронкети е директор во Интер, а истовремено е и прв човек на италијанскиот телеком, така 'неро-азурите' ги прилушкувале и сопствените фудбалери", изјави Моџи.
Моџи изјави дека очекува Интер да доминира во Калчо-лигата во следните неколку сезони.
"Според мене, Интер ќе го освојува скудетото во следните четири години. За да го сторат тоа потребни им беа Ибрахимовиќ и Виеира, фудбалери што јас никогаш не би им ги продал. Очигледно им стана јасно дека не можат да бидат шампиони додека не го уништат Јувентус, и го сторија токму тоа. Ова беше единствениот начин да го добијат она што го немаа добиено веќе 18 години", заврши Моџи.