Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Жално е стварно како не успеаа со играчишта како Заморано, Симеоне, Роналдо, Баџо, Јури Џоркаев, Паљука итн...итн... да не се освои Серија А. Од сегашна гледна точка тоа ми изгледа mission impossible !!!
И Пирло го заборај...
 
Ајде во новата 2010 да го видиме Гоги како кине мрежи во црно - плавиот дрес, Скудетото секако е освоено, така што останува конечно да се помине 1/8 финале во ЛШ.:)
 
Ова од задутре оди на сајт:

Ако не беа навивачите на Интер, Челзи и Порто, и некои ретки исклучоци, Жозе Мурињо ќе беше веројатно најомразен човек на светот. Сите го мразат, дури и оние кои од фудбалот го гледаат само финалето на Светското првенство и знаат само дека Мурињо е тренер на Интер, заработува милиони и се изразува поинаку од останатите тренери.

Година и пол во Италија не беа доволни за луѓето и новинарите да сватат за колку фантастична, искрена личност се работи. Човек кој ја зборува само вистината, апсолутната вистина. Анализите ни покажуваат зошто омразата е насекаде околу тренерот од Португалија: Мурињо едноставно не е како другите. Не е тренер кој ги зборува истите досадни фрази, зборува што мисли, без маска на лицето, и го прави тоа само од две причини. Прво, затоа што верува во тоа што го зборува, и второ, и исто толку важно, затоа што сака да го заштити тимот, на тој начин што се става себеси на удар на медиумите, и тоа го прави успешно.

Само мал пример за да го разберете тоа: колку новинари или навивачи денес зборуваат за Сантон или Кварезма? Многу малку. Сите зборуваат за ароганцијата на Мурињо, за тоа како е тој незадоволен во Италија.

Но да ги расчистиме работите: Мурињо од секогаш велел дека го преферира Англискиот фудбал пред Италијанскиот. Сакате да го обвините за тоа? Гледајте било кој натпревар од Премиер лигата, како оној Астон Вила - Ливерпул 0-1. Паѓаше снег на теренот а стадионот беше преполн и од секој агол одблизу навивачите ги бодреа своите херои. Стадионите полни со семејства, деца... после натпреварот навивачите се упатуваат во локалните пабови на добро пиво. Мислите ли дека тој дух сеуште е присутен во Италијанскиот фудбал? Да не зборуваме за тоа дека нивото на насилство во Англија сега е помало од она во Италија, на ТВ-преносите, забавените снимки, новинари кои се обидуваат да доловат снимка од холот и соблекувалните...

Мурињо го зборува тоа што мисли и не се плаши од тоа. Новинарите, наместо да му се благодарни за прес-конференците (во споредба со него, оние на Раниери, Леонардо, Ферара и други угледни тренери не се ни 1% возбудливи) тие сакаат да го распнат.

Но во меѓувреме, никој не пишува за Сантон кој не играл со месеци и за можната негова замена со Коларов, никој не пишува за Кварезма кој работи во мир без никаков притисок однадвор. Единствено се пишува за наводната нервоза на Жозе и за Пандев. А Мурињо? Тој во меѓувреме веќе контактирал со Пандев, нема никакви проблеми или си ги држи за себе.

Но само нека продолжат медиумите да го напаѓаат. Можеби еден ден, во недела наутро, кога ќе ги читаме досадните монотони лекции на Прандели или Раниери, ќе бидеме посреќни...

Многу добар текст од ИнтерЊуз, на моменти имав проблеми со преводот ама мислам дека испадна добро...
 
и официјално за суазо
Inter reach agreement with Genoa over Suazo

124703-500.jpg


Дечки среќна нова година и среќни празници, се најубаво во новата 2010 и во неа пак да си редиме трофеи како во изминатите.

p.s. блајан оф назарет(лево),садам хусеин(десно)
 
и официјално за суазо
Inter reach agreement with Genoa over Suazo

124703-500.jpg


Дечки среќна нова година и среќни празници, се најубаво во новата 2010 и во неа пак да си редиме трофеи како во изминатите.

p.s. блајан оф назарет(лево),садам хусеин(десно)

блајан оф назарет лево, бигас дикас десно :pos2:
Новата година започнува на 6-ти во Верона. Нека ни е среќна и 2 у 2!!!
 
Среќна Нова и Среќни празници се најубаво во новата година мн успеси мн здравје мн срека мн радост итн
Поздрав:smir:
 
блајан оф назарет лево, бигас дикас десно :pos2:
Новата година започнува на 6-ти во Верона. Нека ни е среќна и 2 у 2!!!

Започнува на 2ри во Абу Даби:wink:

Дејо е цар. Еве превод на крајот од разговорот со него на Интер каналот:

2009 за нас беше добра година, година на победи. Би било убаво ова да го кажам повторно наредната година, со неколку повеќе купови за паметење!

Инаку, нели мислите дека Занети подоли алудира на предноста, не на климата:pos2:
"It's good to work in this temperature because in Italy the temperature is rigid at this time of year and there are more risks. We will have to be careful when we return on 3 January and adjust to the change in climate, but we're used to it.

Тој, воедно ја споменува само Рома како конкурент! Добро е што го зедоа Тони, кој ќе го пцуеше доколку дојдеше кај нас:
The finishing posts are still a long way away. We have a slight advantage in the championship but I am convinced that all the teams will try and do better, like Roma who have moved up after a string of good results. Roma are a strong opponent and they will be even stronger with Luca Toni."
 
Комши ај со среќа во новата година па тоа 1/8 финале еднаш да го поминете :smir:
 
Среќна нова комшии, и ви посакувам се најдобро во новата 2010, да го поминете Челзи и да му земам дрес на Фантом, и ви посакувам успех и во Калчото, да ви донесе 2010 второ место :pipi:
 
Среќна НГ Интераши,се најубаво..да не го поминете Челси,да освоите Италија и така..:tv:
 
Среќна нова комшии, и ви посакувам се најдобро во новата 2010, да го поминете Челзи и да му земам дрес на Фантом, и ви посакувам успех и во Калчото, да ви донесе 2010 второ место :pipi:

Фала, Господ здравје да ти дае, ама тешко за второ место, треба ептен да запнеме... :pos2:

Многу успех и за вас и 2010 да ви биде поуспешна од 2009, да дадете барем еден гол против Интер :pos2:
 
И од мене едно видео...Милан - Интер (0-3) :tv:


Симеоне :zver:

Дечки, да ви посакам и јас среќни празници и среќна нова година, се најубаво во новата 2010 и уште многу години да го гледаме Интер и заедно да се радуваме на нови титули!!!

Интеристи :salut:
 
Момци среќна нова година, се најубаво и сите желби да ви се остварат.

Нареднава година повеќе посакувам на навивачиве на Јувентус и Милан да им се исполнат желбиве за да гледаме поинтересно калчо. :)

Се читаме утре, поздрав до сите. :)
 
Ајде комшии нека ви е среќна Новата, се позитивно да ве прати и во 2010 та да догурате што подалеку во ЛШ, а во лигата да имате среќа зошто ќе ви треба. Поздрав. :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom