Нешто не сум расположен да дебатираме околу Калчополи ама сакам нешто друго да ти одговорам. Мислам дека постов не му е местото во фан клуб Интер, па може и да се премести во Италијанско првенство.
Сакам да се осврнам на другите првенства и фановите на тие екипи, за кои ти упорно потенцираш дека имаат негативно мислење за Јувентус и Калчото воопшто. Ако почнам јас да зборам за судиски грешки во Премиер лигата, малку ќе биде просторов за пишување тука на форумов. Само таму никој не зема здраво за готово тоа што лани на пример Ливерпул мал милион мечеви победи со гол во 90+, никој не му префрла на Манчестер Јунајтед што до лани(сезонава тоа не е случај) секој меч кога не му одеше добиваше судиска помош во вид на пенал, на никого не му паднало во очи тоа што Тери милион пати му помогнал на својот Челзи со прекрасна голманска интервенција а на сето тоа судијата замижал и уште многу вакви ситуации кои секое првенство се повторувале. На сето ова англичаните не покренале никаква истрага, затоа што нормално не им оди во прилог некој некој од нивните големи тимови да биде разоткриен (во што не се сомневам дека би се случило доколку истрагата би била покрената) и да доживеат опаѓање на квалитетот на лигата како што тоа се случи со Калчото. Затоа можам само да кажам дека мислењето на Англичаните ама ич не ми е меродавно за квалитетот на Италијанското првенство. Подобро за нив да си ја свиткаат опашката затоа што истото што се случува во Калчото, се случува и во нивната лига само што таму никој не превзема ништо.
A ja што зборам веќе 2 години на форумов .
Па цело време дробам гледајте англиско и споредете со судиските грешки во Италија, и цело време потенцирам дека за разлика од Англија, во Италија за секоја судиска грешка под дифолт се лепи етикета на местење и мафија, тоа е факт, такво размислување владее кај секој што следи Калчо и што навива за екипа од истото, од фанови до медиуми .
Јас никаде немам кажано дека пример,во Антлија, судењето е префектно и скалило погоре над она во Италија, бап напротив, судењето во Англија во последниве години е хаотично, со грешки во дерби натпрераври, со продолжување на време од продолжени плус минут ипол, со голови од офсајд, со смешни пенали и слично .
И пак, разликата меѓу Англија и Италија е во тоа што во првата земја не избил скандал за наместени натпревари ( бар не во модернава историја, за минатото незнам ) а во вторава тој скандал е сеуште свеж и сеуште излегуваат некои нови информации поврзани со истиот . И се додека работите се вакви какви што се, за судиска грешка во Англија, макар и истата е гол во кој играчот бил 10 метра во офсајд, ке се гледа само како погрешна проценка на судијата и ништо повеќе, нормално плус медиумски препукувања што се нормални, а во Италија иста таква ситуација ке биде ко во земјата да пукнала атмоска бомба, и за таа грешка ке се говори минимум 2 месеца, ке се анализира секој пиксел од повторената снимка, и нормално, ке се удира на муабет за нов Калчополи .
И затоа беше оноа познатоно на Мурињо, кога рече дека ова е веќе '' интелектуална проституција '' наменето за новнираите нормално, зашто истите работеа под директиви на други луѓе и истите намерно или ненамерно ги забораваа сите судиски грешки кои беа на штета на тимовите кои играа против Милан и Јувентус .
Затоа Мурињо во една ситуација кога Берлускони го спомна голот со рака рече, нема проблем, ке говориме за тој гол но јас сакам да говориме за Се, алудирајќи на сите грешки кои судиите ги правеле во корист на Јувентус и Милан .
До сите Интераши од Велес и пошироко: ИМАМЕ ПОКАНА ОД ФИЛЕ ОД КАНАЛ 5 ДА ГОСТУВАМЕ ВО СТУДИО СО НАТПРЕВАРОТ СО БАРСЕЛОНА!!!
Ова го прочитав на ФБ ако му се оди на некој нека се пријави на време!
Како и да е, нема да не собере сите, ја сум за кафич, т.е. еве велешани нека одат таму, ние у кафич, како и да е ја сум за вторава опција, дал 3ца дал 10 сеедно, покомотно се осеќам, па недај боже да изгубат бре, скиснат да ме гледа цела Македонија т.е. сеир да ми пукаат

. Taка да, размислете поубаво ! Секоја чест за велешани, они 100 % одат, очекувам бар поздрави од нив и нормално презентирање на Се Интерашко од земјава, од сајт, до facebook група и нормално, слики од собиранки и гледање на мечеви во живо од Италија .
п.с. Малце на ретро да удриме.
Начекав еден мој пост од лани, кога Милан се " приближија '' на -7 и кога повторно се '' отвори '' битката за Скудетото, ова е преведена изјава од Мур
Изјавата на Мур во врска со предноста од 7 бода на табелата, и во врска со губењето на титулата од Лацио во 2001 :
Приказната од 7 бода е многу интересна бидејќи истата предност ја имавме со месеци, потоа имавме предност од 10 бода неколку натпревари, но предноста беше секогаш помеѓу 5 и 7 бода. Сега, на 5 натпревари до крајот на првенството ние сеуште ја имаме таа предност, од 7 бодови . Освен првенството во Кипар и Холандија, каде Се е познато во врска со шампионот, нема друго првенство во Европа каде првиот ја има предноста што ние ја имаме, и сите тука ми зборуваат за приказната од 5ти Мај 2001, кога Интер загуби од Лацио .
Јас го паметам 1ви Мај, го паметам и 25ти Април, ден со специјално значење за вас италијанците, а и за нас, португалците .
Го паметам и 25ти Декември ( Божиќ ) како и 26ти Јануари, денот кога го прославувам мојот роденден .
Го памтам и 4ти Ноември но не го знам значењето на 5ти Мај. Ако ме прашате мене за денот кога ја освоив Лигата на Шампионите, ке ви го кажам, нема проблем, но ако ме прашате за датата кога сум изгубил во полуфинале од ЛШ, е на тоа не се сеќавам, исто е и со Интер, треба да се паметат само оние денови со големо значење за клубот, 5ти Мај не е важен .
