Се додека Интер победува, нема никаков проблем за нас

, +4 плус меч помалце во Ноември е супер, искрено, бар јас не очекував вакво одлепување во овој период .
За утре, победа и ништо друго, Интер е влезен во победничка серија, и со втор тим победува рутински, конечно тој менталитет го префрлија и во ЛШ и искрено очекувам да продолжат во вакво супер темпо .
Рома не е во сјајна форма, ги гледав со Фулам тиња беа до црвениот на противниците, претходно вртеа резултат дома мислам со Болоња и искрено не гледам опасност кај овој противник, Тоти не им игра, со одбраната имаат проблеми, во доста тешка ситуација се наоѓаат .
Се е во рацете на Интер, изиграат ли како што знаат и умеат и ке успеат конечно да ја совладаат римската волчица дома, велам конечно зашто последни 3 дуели дома со овој тим Интер не успеал да победи, пред 3 години загубија а последните 2 меча завршија нерешено и во двата Интер бркаше негатива ( само во куп лани победија дома ) .
Чудна работа, Рома гости последниве 3 години им е локумче, рутина, дома претставува проблем па редно е истиот да биде надминат

.
Раниери ко Раниери си има етикета на лузер, лани Мурињо во двата наврати го надигра на тактички план, мада непредвидливо е копилево, има блесоци у сезона увек, се надевам тој блесок нема да се вика Интер .