Не беше толку глупост, на граница беше, мислам дека одеше на топка но по се изгледа и го закачи Неста. Мислам дека заслужено изгубија зошто второ полувреме никаде ги немаше, а кога го оставаш противникот така да ти влегува во 16 метри со 5-6 играчи, нормално е дека некој ќе направи пенал.
Кога сме кај пеналите, најмногу може да се пожали Сампдорија, какви пенали не им досудија денес тоа е страшна работа. На првиот Муслера нокаутираше еден играч на Самп (не видов кој), му го скрши носот, и судијата свирна гол-аут. Намера немаше, ама глуп старт од Муслера, страшно.
Кога сме пак кај наши позајмени играчи, Нелсон Ривас има среќа што останал жив. Ја удрил главата и изгубил свест, бил пренесен во болница. Надвор од животна опасност, со сеуште е во болница. Му посакувам брзо враќање на терените, на Меаца само како гостин, и то...