Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Aквафреска сезонава нема гол дадено, бетер од Амаури е :) .
Шала на страна, немаше место за него во Интер и не е она потребното од младинците, статик е, со онаа фудбалска филозофија која Интер ја практикува години и години наназад дечкото само ке се угушеше односно немаше да има никаква шанса за покажување на својот потенцијал .
Друга работа, трансферот беше договорен веднаш по завршувањето на сезоната, кога Интер сеуште беа убедени дека Ибра ке остане, плус дојде Милито, тука беше Балотели, немаше, најискрено немаше простор за Аква, баш ради овој третиов, не можеш двајца младинци, напаѓачи подеднакво да форсираш во екипа, факт, а и јас кога би бирал, би останал на овој егоцентриков али секој втор ден на шамари и клоци ке беше дур не се уозбили и не покаже што знае .

А Крхин, реков летово, нешто налик на Пирло е, таков тип на играч е, не е деструктивец не е ни офазинвен играч од средината, има убитачен пас, бар од тоа што го имам видено и добра контрола врз топката и играта . Ако ви текнува, со Парма, влезе и учествуваше во акцијата за вториот гол, прими топка на средина и отвори простор со пас за Балотели кој асистираше до Милито .
8 милиони плус Крхин за играч кој по Јануари може ко слободен да се земе нема шанса, Лолито ептен удрил на фантазија, почна да блада откако свати дека двајца супер фудбалери од кои можеше да ќари скоро и 30 милиони евра можат да заминат за НУЛА евра .
 
Натпреварот со Пјаченца беше организиран само заради него. Морати бил толку разочаран што предвреме си заминал.

Тоа и не е толку важно. Глупост е зошто дадовме играч кој одлично играше во Сериа А за млад играч кој тукушто дојде. Искусни играчи кои доаѓаат во Сериа А се случува да потонат. Во крајна линија, се откажавме од сигурна работа за нешто со голем ризик.

Добро, но тој тим што излезе на теренот беше составен од ниту еден првотимец (освен ако играл Самуел), 5 примавера играчи и друѓите како постојани “греачи“ на клупа, неможе да се очекува Арнаутовиќ да игра сам и да ѓи воодушеви сите.

Аквафреска е навистина еден иден голем италјански напаѓач кој навистина добро би се снашол но тешко дека ќе играше во тим со Ето, Милито и Балотели. Како подршка па уште и Суазо не ми се верува дека би добил некоја поголема шанса.

Марко е најавуван како идниот “Ибра“ во Интер, но сеуште ништо не сме виделе од него за да оцениме за каков играч станува збор.

А Крхин, реков летово, нешто налик на Пирло е, таков тип на играч е, не е деструктивец не е ни офазинвен играч од средината, има убитачен пас, бар од тоа што го имам видено и добра контрола врз топката и играта . Ако ви текнува, со Парма, влезе и учествуваше во акцијата за вториот гол, прими топка на средина и отвори простор со пас за Балотели кој асистираше до Милито .
8 милиони плус Крхин за играч кој по Јануари може ко слободен да се земе нема шанса, Лолито ептен удрил на фантазија, почна да блада откако свати дека двајца супер фудбалери од кои можеше да ќари скоро и 30 милиони евра можат да заминат за НУЛА евра .

Се слагам со тебе погоре за Крхин. Да не е огромен тален нема Мурињо толку да го форсира.

Инаку за Пандев, Лотито бара 4 милиони евра плус 2ца примавера играчи. Што е многу, многу е за играч за кој што како што кажа ти од Јуни е слободен играч.

4 милиони во оваа ситуација се и повеќе од доволни за Пандев.
 
Треба интер да се будали да го дадат Крхин (мислам дека Хрин се чита али нема везе) дечкото полека почнува да добива мала но соодветна минутажа за да ги потврди неговите квалитети,,,

евентуално позајмица би било добро решение но на клуб кој му треба ваков играч ,а мислам дека во лацио ке се бори за позиција се доколку не направат некоја рокада тие...

Заклучок е дека Хрин не треба да се даде...:smir:
 
А Крхин, реков летово, нешто налик на Пирло е, таков тип на играч е, не е деструктивец не е ни офазинвен играч од средината, има убитачен пас, бар од тоа што го имам видено и добра контрола врз топката и играта . Ако ви текнува, со Парма, влезе и учествуваше во акцијата за вториот гол, прими топка на средина и отвори простор со пас за Балотели кој асистираше до Милито .
за тој гол Крхин на средината со двајца на парма се бореше и со добра финта се ослободи и ја направи контрата :)
0.20-0.25
означен е на клипов види што има прави на средината, во голем дел од такви случаи дури и постари играчи можат да згрешат.
пес 2010 ball control 99 :)
клипов се вика-преслаб за марибор, но доволно добар за Интер
во интервјуто кажува дека Деки му помагал во Милано :)
 
Ова за Пандев е уште пред некој ден, мислам дека е од il messaggero, римски весник ама Мурињо веднаш им кажал дека нема шанси да се откаже од Рене пошто планирал да му даде многу повеќе простор во првиот тим оваа сезона.

Лотито ќе добие најмногу пет милиони евра плус еден младинец на позајмица плус уште еден во ко-сопственост.

Мислам дека целиот трансфер ќе изнесува над 10 милиони евра поради почитта што клубовите од Серија А ја имаат помеѓу себе и Лотито пак ќе добие една реална сума за Горан Пандев.

За клубовите ќе испадне онаа поговорката, Волкот сит овците на број, само нашиот Паце ќе го јаде што дремеше на клупа една полусезона и го изгуби угледот кај фановите на Лацио.
 
клипов се вика-преслаб за марибор, но доволно добар за Интер
во интервјуто кажува дека Деки му помагал во Милано :)
И дека омилен клуб му е Ливерпул.:tv:
 
8 милиони плус Крхин за играч кој по Јануари може ко слободен да се земе нема шанса[/b], Лолито ептен удрил на фантазија, почна да блада откако свати дека двајца супер фудбалери од кои можеше да ќари скоро и 30 милиони евра можат да заминат за НУЛА евра .

4 + Крхин, 8 милиони кеш бараат без други играчи. Станковиќ на времето дојде за 4 + Пандев. Ова им е нешто како шема на Интер и Лацио...

Добро, но тој тим што излезе на теренот беше составен од ниту еден првотимец (освен ако играл Самуел), 5 примавера играчи и друѓите како постојани “греачи“ на клупа, неможе да се очекува Арнаутовиќ да игра сам и да ѓи воодушеви сите.

Марко е најавуван како идниот “Ибра“ во Интер, но сеуште ништо не сме виделе од него за да оцениме за каков играч станува збор.

Не се согласувам баш, ако е тој класа ќе отскокне со играта на теренот. Баш на такви натпревари во кои нема други ѕвезди треба да покаже дека е класа. Очигледно, тој не само што не бил просечен како другите, туку бил големо промашување. Ова го пренесоа и во извештаите од мечот, по потреба можам да ги побарам. Инаку играа Мансини, Кварезма и Виера.

Патем, и Славковски беше „идниот Ибра“.
 
Знам дека играа и Мансини и Кварезма и Виера и исто така и Матераци играше но тие не се првотимци. Мансини и Кварезма досега на 2 утакмици изиграле и Виера кој одиграл некои 260 минути се на се. Баш на овие утакмици Мансини и Кварезма требаше да покажат дека може да се смета на нив, а Арнаутовиќ кој беше повреден подолго време само се вклопи во сивилото. Знам дека имаше такви натписи дека Арнаутовиќ потфрлил но зошто не се кажа тоа за Кварезма или Мансини или Виера?

За Славковски знаеме каква беше ситуацијата а дечкото нема ни И од Ибрахимович. Инаку знаеш ли уште колку „идни“ фудбалери наследници на Ибра ќе бидат најавени од Интер? :)
 
не разбирам словенски, ако разбираш бујрум преведи го нема да штети.
Новинар:Како се снајде на почетокот?
Крхин:Во првите 2 месеца малку потешко,таму е уште Белец кој ми доста помагаше,после 3-4 месеци почна се нормално.
Новинар:Сега практично си сталан на тренинг,што очекуваш од оваа сезона,што ти кажа Мурињо,разговаравте ли околу тоа?
Крхин:Ми рече да продолжам да работам како до сега,работам добро,задоволен е,за натаму ќе видиме.
Новинар:Дали би сакал да бидеш позајмен во друг тим да би играл повеќе или не размислуваш?
Крхин:Сега не размислувам ништо,сеуште играм у Примавера тимот.
Новинар:Како е да тренираш со такви асови како што се:Камбиасо,Самуел Ето и Снајдер?
Крхин:Малку тешко,не сум навикнат на тоа,на тој ритам после се навикнеш на тоа.
Новинар:Со кој играч најмногу се согласуваш,кој најмногу ти помага?
Крхин:Станковиќ и во Америка и пред тоа најмногу ми помага.
Новинар:Милано е познат по тоа дека лесно може да те завлече ноќниот живот,што последно се случи со Адриано,дали очекуваш дека и ти ќе имаш такви проблеми?
Крхин:Излегувам малку надвор,но знам да се контролирам не претерувам.
Новинар:Сега си повикан и во репрезентацијата,веруваш дека уште малку ќе станеш стандарден член,со оглед на тоа дека приказната за У-19 заборавена?
Крхин:Па јас уште еднаш сакам да му се заблагодарам на селекторот за таа можност во Англија,мислам дека на натпреварот во Англија му покажав нешто,не знам ако ме повика на нареден пат ќе бидам среќен.
Новинар:Сеуште следиш словенска лига?
Крхин:Следам,Марибор секогаш.
Новинар:Мислиш дека после пак би заиграл за некој словенски клуб,Марибор?
Крхин:Ако би заиграл пак за некој словенски клуб тоа ќе биде Марибор друг не.
Новинар:Рене,сега малку незгодно прашање,некои твои врсници или помлади имаат желба да играат за голем клуб,ти веќе играш за голем клуб можеби имаш желба да играш за друг клуб за кој навиваш од мал или тоа е Интер?
Крхин:Од почеток сум навивал за Ливерпул,но сега за сега Интер е мојот клуб.

Новинар:Веруваш дека некогаш ќе заиграш на Енфилд?
Крхин:Не знам сега сум многу задоволен од Сан Сиро.

Се надевам ви се допадна преводот.:helou:
 
Rene sigurno ke ostane vo inter so ogled na faktot sto vo januari ke si odi Vieira a pod znak prasalnik si i Muntari , Mancini i Kvarezma. Znaci ovde ima dvajca klasicni igraci od sreden red kade sto Rene po izgleda ke dobiva pogolema sansa DOKOLKU Mourinho ne donese igrac od sreden red kako sto se najavuvaat Inler od Udinese , Diarra od Bordeaux i uste eden od Parma. Forza INTER od januari uste pojaki ke bideme
 
Кога сме веќе кај "идниот Ибра"... Славковски во Бохум

Сречан пут на Славковски за Швабска му посакуваат сите навивачи на Интер,а богами и Глујо ке му посака.:smir:

Во зима 90% си одат Виеира,КвареЖма,за Мансини не сум сигурен дека ке си оди толку...доага Пандев,можеби и Ледезма и то је то,мада треба да се доведат играчи и по страничните позиции,каде што сме најслаби.
 
Kao da ne bideme najslabi tamu koa murinjo ne igra so krila ;) ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom