Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
се сеќавате дека лани мурињо сакаше да го продаде станковиќ?

Не беше сигурен Мурињо во неговата одлука,затоа после некој ден ја смени и рече дека ке го направи истиот Станковик додека играше во Лацио...што и успева во тоа. :smir:
 
Jaс се сеќавам дека лани 95% од фан клубов сакавте да се шитне Стаковиќ :) .
Мурињо прво кажа дека Дејо е непотребен, за потоа да каже дека е одличен деструктивец ( го заменуваше Камби еден период на пријателските ) и на крај да испадне дека Дејо ке игра позади напаѓачите . :toe:
Доволно говори истово за универзалноста на овој играч, али ок, да бидеме реални, не е оној играч кој беше во Лацио, повредите и полека и годините веќе си го прават своето но тоа што ми се допаѓа кај него е што го остава срцето на теренот за овој клуб а таквите денес се ретки .
Еден Балотели да е дел од она што е Дејо на теренот и дечкото ке биде меѓу први 3 стрелци во Италија . :wink:
 
Да, ама кај Мурињо пали тоа: „играчот сака да се докаже, работи напорно...“ човекот го цени трудот на фудбалерите. Станковиќ дава се од себе, игра како да има 25 години а не 31. Таквите фудбалери се ценети кај тренерите. Ако се сеќавате, пред да премине во Интер (договорот веќе потпишан), последниот натпревар на Станковиќ за Лацио беше против Интер. И тогаш сите го обвинуваа дека може да одигра намерно лошо и да му помогне на новиот клуб... но Станковиќ одигра одлично, гинеше на терен па дури и намести гол. Покажа дека е вистински професионалец, и тоа го покажува одтогаш наваму и на терен и надвор од него.

И најсериозно, без Снајдер и Станковиќ, напаѓачите ќе ни решаваат крстозбори напред, така да не би требало да се жалиме...
 
И со Дејо и Снајди знаат да решаваат крстозбори поради дефанзивната поставеност на Мур, не ми е јасен најискрено, да ги имаш Милито и Ето напред а да тераш пак своја дефанзивна филозофија, не иде !
 
Се случува. Овде не ме сваќаат многу сериозно кога викам дека едвај го чекам Пандев, ама тој кога игра нападот никогаш не е тапа. Стави го позади двајца ќе најде начин да ја протури топката. Ни требаат играчи кои имаат преглед на играта, некој што може во една секунда да одлучи дали да ги бара Ето - Милито или Маикон на десната страна, и да ги проигра како со рака. Патем, ни треба и еден офанзивен играч лево, спие таа страна. Ни центаршут, ни продор, ништо...
 
Eпа јебига, еден од моите омилени, Максвел, мораше да го дадат место да му продолжат договор, инати, поготово Мурињо . Подобар е моментално од секој на таа позиција во Интер, а сеа и он што се заеба и што грее клупа во Барса тоа е веќе негов проблем, Абидал има таму предност .
Жалосно со оглед на фактот што се мачеа на таа лева бековска позиција со години а Максвел беше одлична солуција, дечкото премногу го ценев, му висеше кариерата по незгодната повреда во Ајакс, дојде во Интер, се согласи да игра една година во Емполи ради тоа што беше играч со пасош надвор од ЕУ и во Интер покажа дека се работи за квалитетен бек, не беше случајно и првотимец за Бразил скоро година дена, до незгодната повреда мислам лани, кога го изгуби првотимскиот статус таму .
Една од грешките али тоа е тоа, башка, само да го цитирам Мурињо лани '' Киву е цетрален играч во одбраната, не бек, најдобар е централно '' за сега да биде прв избор на бековската позиција лево, а незнае еден квалитетен крос да направи а Максвел стандард по 1-2 гола даваше во сезона и секогаш ја покриваше левата страна кога се напаѓаше .

п.с. Сантон му е мајката, не Киву .
 
И мене ми е криво за Максвел. Кога веќе го дадоа, глупаво е Сантон да грее клупа, пошто тој беше алтернативата за него (го имаме Сантон, што ќе си ни...). Во меѓувреме се надеваа дека Кварезма ќе се разигра на таа страна ама видовме како тоа заврши. Очајно сме слаби по левата страна во досегашниов дел од сезонава, мора да се признае тоа.
 
@ Iosono

Искрено, и јас едвај го чекам Пандев. Докажан во Италија, желен за успеси со друг тим во Италија и во ЛШ. Башка Интер, тимот кој го зема од Беласица и тимот каде што “пропадна“ (најглуп македонски муабет) ПанЧев. :) Нели се почести се споредбите на овие двајца, па Пандев сигурно би сакал да успее каде што Панчев не успеал.

@ Syn
Слушај С“у“н, имаш право во муабетов со Станковиќ, ако нешто вреди кај овој играч тоа е пожртвуваноста која ја гледаме од него на теренот. Колку и да не му оди, секогаш делува дека дава максимум од своите можности.
Иначе да, јас сум од тие што не може да го смисли овој играч, не се срамам да го кажам тоа, ама еве и признав дека сезонава е меѓу најдобрите во тимот. ФАКТ.
Плеј не му лежи, ама позади плејот е веќе друга работа, ваков Станковиќ барем јас одамна не сум гледал. Голот со Милан е врв + оној со Рубин (со глава :kesa:)
 
Муабетот е глуп исто како и споредбите на играта на Пандев во Лацио и репрезентација, кои се прават секогаш кога Пандев нема да даде гол :)

Сепак, има многу едноставно објаснување зошто Панчев не се наигра во Интер:

1. Панчев премина од офанзивна гол машинерија како Црвена Звезда во тогаш најдефанзивната екипа во Европа.

2. Колку и да им е чудно на новиве генерации, Панчев тогаш премина од подобра во послаба екипа.

3. Панчев и Пандев се различен тип на играчи. Панчев беше Пипо Инзаги играч, му беше потребна офанзивна тактика за да можат да дојдат до израз неговите голгетески способности (од кои болеше глава).

Пандев е играч кој може да игра на повеќе места во тимот, во различни формации, и кој може да се снајде во различни тактики, сам да си одработи шанса и да им створи шанси на противниците. Тој не е типичен центарфор како Панчев. А денешниот Интер во споредба со оној кога Панчев играше, е далеку поофанзивен и поквалитетен.

Нема ни една причина зошто Пандев не би се снашол во ваков Интер, само да нема повреди другото ќе си дојде на свое место.
 
А бе каков Пандев !Сега дека е наш па ај добар бил,не ме зезај!Го почитувам и се тоа ,ама мислам дека во интер би бил катастрофа!
 
Да се надеваме дека ќе дојде Пандев во Интер бидејки и Јуве не седи мирен.Киелини перед некој ден го повика да оди во Јуве.
Пандев лани играше со повреда и не одигра баш на ниво освен во купот.Ако одиграше као по минатата кога даде 20 гола тешко дека ке го снајдеше ова.Пандев во Лацио во последните 4 години откога е првотимец има над 70 гола во 100 и нешто мечеви во сите натпреварувања за Лацио.
За Интер Пандев ќе е корисен бидејќи Интер нема играчи кои можат да прават посед.Пандев одлично се гради кога ја има топката без фаул тешко да му ја земат а најдобра особина му е што меѓу 5 играчи може да подаде топка таков во Интер нема.
Јас сум и Ледезма да го земеме и тој знае да задржи топка да подаде за разлика од неговите конкуренти во Интер и е типичен плеј за разлика од Снајдер кој е повеќе полушпиц.
Најдобро би било си одат Суазо,Мансини,Кварезма,Виера а доаѓаат Пандев и Ледезма.
Пандев нема да зафаќа место на странец ќе биде пријавен како играч од младинскиот погон.
Пандев според мене ќе се снајде во Интер но се надевам дека нема као Арнаутович од еден натпревар одма плуење не го бивало во сите весници во Италија е критикуван.
 
Јас се загрижив веднаш по изјавата на Моџи дека: „Пандев е веќе играч на Интер“. Во превод, тоа за мене значи дека Јувентус и тоа како намислил да влезе во трката. За мене би било сериозен удар да ни го земе Јувентус пред нос. Ако веќе не игра за Интер, би сакал да оди во Фиорентина. Нема да можам да се помирам ако ни го земат овие... :)
 
Јас се загрижив веднаш по изјавата на Моџи дека: „Пандев е веќе играч на Интер“. Во превод, тоа за мене значи дека Јувентус и тоа како намислил да влезе во трката. За мене би било сериозен удар да ни го земе Јувентус пред нос. Ако веќе не игра за Интер, би сакал да оди во Фиорентина. Нема да можам да се помирам ако ни го земат овие... :)

Доколку Пандев е на списокот за засилувања на Мурињо нема мрдање.

П.С. Си остарел. 100ка :)
 
се сеќавате дека лани кога мур рече-Станковиќ е на продажба, јувентус очи извадија да го земат :)
Пандев е карика која недостасува.
ето оди во африка, Снајдер е стаклен тоа се 2 позиции на кои Пандев се докажа како најдобар во Лацио.
првен како партнер на Роки во нападот-кога беше прв стрелец на лацио и го постави личниот рекорд за постигнати голови во сезона.
и вториот пат односно лани кога играше позади напаѓачите(зарате+роки) кога 90% од головите на лацио беа негова идеја.
 
Инаку интересна изјава на Фреј прет натпреварот против Јубе....изјавил дека ЈуБе е омразен во цела Италија поради калчо-аферата од 2006 година :smir:

Прочитав на страна на А1...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom