Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да,да добро е што има пауза 2 недели сега поради национални натпревари.

Потоа играме со Џенова,поранешниот тим на Милито но штета што нема да игра да видевме како ке реагира.Да се надеваме дека Мота ке игра тогаш.
 
Палермо туче!!!
2:0 43та минута. Ќе ни направат голема услуга доколку забежат побееда :)
 
Утре да победи ЈуБе во Палермо треба да им поклонат пенал и црвен за домаќините! Утре чекам кикс на Сампдорија и да избиеме на првото место..

Колку за потсетување само.. :back:
 
Колку за потсетување само.. :back:
Ти да не си пророк? :vozbud:

Ок.. шала на страна, се очекуваше Јуве тешко да помини на ова гостување. А Сампдорија реално гледано нема капацитет да држи чекор со Интер во борбата за скудетото.

Палермо има одличен состав, одличен стратег како Зенга за кој имав вакво мислење уште кога беше тренер на Катанија и треба да очекуаме во иднина да застане и на нашата клупа. :zver:
 
Зенга е закон нема што! Го сака Интер, навивачите го сакаат него.. После Мурињо мислам дека ќе биде тој..

П.С. Штотуку конкурирам за најубав потпис меѓу фановите на Интер.. :smir:
 
Чист гол им поништија... Миколи, или кој и да беше таму, беше во пасивен офсајд. :uvo:
 
Најинтересно е тоа што судијата прво почека да види кој ќе ја прими топката.. Ја прима играчов кој е барем 3 метра во дозволена позиција и овој крева офсајд! Катастрофа..
 
Ајдее чист гол беше ова... каков офсајт бре човече. Ова само за Јуве не се суди :icon_lol:

пс. Вака се освојува Титула.
 
Палермо досега требаше да им даде 5 гола. Јас сум задоволен и од овој резултат, исто како и од играта на јубе, посебно во одбраната. Ќе ги снајде судбината на милан во Derby d'Italia.:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom