Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Aбе фраер, еден од вашите газди или што и да е, алудирам на Галијани, вели, кхм, цитирам "Ние против Бари освоивме еден поен а не загубивме два. Би сакал така да се гледа на работите", и сеа ти најде овде да тролаш неосновано . :| :pop:
Да бе Syn.. Работава е се e*евме ама не ни влезе... Абе што се не ќе слушниш од овие.. А и овај Marley987 поќе постој во фан клуб Интер има од колку во неговиот Фан Клуб.. Изгледа верен навивач е.. И во добро и во лошо тој секогаш е со вас!!:toe:
 
Работава е реков вчера, ти доаѓа некој ретардиран на улица и ти вика '' Ти си тешка ретарда '', капираш, не иде, башка у негови очи да си нормален, пу пу скраја да е . :tv:
 
Да бе Syn.. Работава е се e*евме ама не ни влезе... Абе што се не ќе слушниш од овие.. А и овај поќе постој во фан клуб Интер има од колку во неговиот Фан Клуб.. Изгледа верен навивач е.. И во добро и во лошо тој секогаш е со вас!!:toe:

хахахаха истото мислење и јас го имам за Marley987 од поразот во градското дерби човекот повеќе е присутен во овој фан клуб, миланезиве приказна за себе од Љупче па до....
 
хахахаха истото мислење и јас го имам за Marley987 од поразот во градското дерби човекот повеќе е присутен во овој фан клуб, миланезиве приказна за себе од Љупче па до....
Ако не нешто сум имал среќа што не се од Торино.. Ако беа тешко на нас!!:pos2::pos2:
 
Марли е наш трансферот ќе го официјализираме во јануари. Не го р'чкајте :pos2:
 
Марли е наш трансферот ќе го официјализираме во јануари. Не го р'чкајте :pos2:
Eдната половина од 4 му ја плативте?? сеа чекате уште 4 или?? Сепак што е тука е.. Честитки од мене!!:bravo:
 
Офф мамата бе :pos2::pos2::pos2::pos2:

Фала на исправката...:pos2::pos2:

Па ништо чудно,дечкото изјави вчера тука дека е навивач на Реал Мадрид,не ме чуди мене тоа што пишал...:pos2:
Ja ispravuvam greskata,milito pred eto
Zna4i so eden spic + 2 krila+playmaker...e toa e neto drugo....a ne gi zaboraviv igracite ili neshto drugo,kako sto kazav me interesira fudbalot,pa gi znam iminjata na 90 % od igracite na inter:):)I ne e ova nikakva navreda,niti pak namerno napraveno...i vidov eden sega fan od milan imase pisano,pa ke mu recam neka se smee use malku,duri ne pomine cunamito Real Madrid niz san siro.....
Sepak podobro Interista,od kolku milanista :D:D
 
За нас има ама за вас нема....:skoka:

Добро е што уште има надеж кај вас...

Еве денес читам изјава на Берлускони каде што вика дека ББилан е број 1 клуб во светот!:tapp:

Човек да незнае дали да плаче или да се смее.:kesa:
 
Eдната половина од 4 му ја плативте?? сеа чекате уште 4 или?? Сепак што е тука е.. Честитки од мене!!:bravo:


Moжеш ти на Марли да му се фатиш за онаквото, со друголигаши непраем муабет, тебе да не ти чуе ја кај правам постови

Енд оф дискушн, ќе напоменам второлигаши идат на игнор кај мене.
 
Да да, просечен е. Само просечен тренер може со просечна екипа како Порто, полна со просечни играчи, да освои Куп на УЕФА и ЛШ во две години едноподруго :)

Патем не ни треба да видиме којзнае каков фудбал, сме навикнале на многу поголемо убивање на фудбалот, сега има наптревари кои се поезија (Милан, Наполи...). Кога ќе се уигра екипата ќе има уште такви претстави, но и да нема, важно е да се победува. Да навиваме за убавина ќе навиваме за други, неиталијански екипи.

Ферги минатата сезона изјави дека Мур го гледа како свој наследник во Јунајтед, мене тука Се ми беше кажано за тоа кој всушност е Мурињо .
По таа изјава, останатите на ваквите '' стручњаци '' ми се некако ирелевантни, Земан само дава на дознаење дека постои, нема кадар за да го стави у уста Мурињо, тип со зеро титули во своја 26-7 годишна кариера . :toe:

Мене Мур ми ја праи интересна Серија А надвор од терените, кошкањата со останатите тренери ми се интересна ствар, тоа до неговото доаѓање во Италија беше реткост, не за џабе англиските медиуми '' плачеа '' по неговата разделба со Челзи, и Ферги тогаш кажа, нема да биде иста ПЛ без Мур ( важеа за добри пријатели надвор од теренот ) .

А за тоа каков тренер е, доволно е да се погледне неговата кариера и воала, едноставно е, мрази да губи, победник е, таков менталитет има и прави Се за екипата, макар и цел Свет е против него, неговиот тим е над Се, све остало е минорно, ирелевантно .

ЕЕ конечно да фатам тастатура и јас да се изјаснам за Му како шо ветив.
1. Што се однесува до Земан ако некој треба да го смета за 0 фактор тогаш то би требало да е навивач на Јуве. Колку шо памтам типот има доста гомна јадено па да не го слушам. Ајде настрана пристрасност мислам дека има напраено и квалитетни муабети од стручен аспект па токму затоа и го постирв и чекав мислења.
2. Мурињо. Гледам го цените најмногу поради титулата на Порто. И навистина да успејш со нив да освојш титула е ... успех. Од друга страна редовно бранам тврдење дека во ЛШ малку треба и среќа. Па ќе си дозволам да му ја избришам таа титула и да го гледам останатото шо го има направено. Со Челзи ја освои ПЛ ама со тим кој беше составен од зверови од играчи (ајде секое стадо не прај тим па има дста удел и Му во титулите во ПЛ) арно ама не успеа да го повтори успехот во ЛШ. Да е трегедијата поголема успеа еден Аврам Грант да извади повеќе од истиот тој тим кој Му не го донесе во финале на ЛШ.
Е сега истото се случува и во интер. Има силен состав арно ама ме тера да мислам која е неговата улога. (титулата во калчото пак можи да се гледа дека повеќе ја изгубија јувентус и милан или ја донесе надмоќниот тим оставен од Мачио отколку шо ја доби мурињо предводејќи го интер). Лани не видов голема разлика од онај тим на Манчини до овај тим на Мурињо. Малку се повеќе организирани ама пак целта поради која беше доведен Му не е реализирана а то е титула во ЛШ.
Овие работи ме тераат да мислам дека Земан е до одредена мера во право. Имаше доста дискусии околу ефектот на Му лани во интер. Дека е интересен за медиумите то е факт и за то се солжваме сите, ама претходните размислувања ме тераат да мислам дека титулата на Порто беше повеќе поради „добра генрација (како на пример онаа на ѕвезда)“ и малку среќа и следните домашни титули поради супердоминантните состави. Лоша работа е во рана фаза на кариерата да достигниш до голем успех (читај порто) бидејќи после ќе те демни цел живот. Овде можиме да збораме уште колку сакаме на темава ама ако Му не успеј да ја освои ЛШ со било кој тим уште еднаш она мислење од погоре можи да испадни дека е вистина. Останува времето да покажи.
 
Јас само на кратко: токму затоа ти пишав дека ја освои прво УЕФА па потоа и ЛШ. Значи ај среќа, секогаш е потребна среќата, и Барселона ја имаше лани. Ама кога се победува две години по ред, со онаков тим, не може да биде до среќата. Тоа е квалитет.

Патем, сега се посетив на The Damned United (2009) тазе филм, сега го гледав скоро. Биографска приказна за Брајан Клоф, важи за најуспешен тренер во Англија, човек кој маалски екипи доведуваше до врвот во Англија и Европа. Има и такви луѓе. Но и тој си имал лоши моменти, Проклетиот Јунајтед е филм за неговиот престој во Лидс, тогаш шампион и најсилна екипа во Англија, со која доживеал потоп.

Има многу фактори во Интер, не е само до Му. Екипата се подобрува но прашање е, битна е формата во вториот дел од сезоната, и се разбира доста среќа. ЛШ стана исклучително тешко натпреварување, има 6-7 претенденти за титула од кои во добар ден, секој може да победи секого. Никому ништо не му е гарантирано.
 
Јас само на кратко: токму затоа ти пишав дека ја освои прво УЕФА па потоа и ЛШ. Значи ај среќа, секогаш е потребна среќата, и Барселона ја имаше лани. Ама кога се победува две години по ред, со онаков тим, не може да биде до среќата. Тоа е квалитет.

Патем, сега се посетив на The Damned United (2009) тазе филм, сега го гледав скоро. Биографска приказна за Брајан Клоф, важи за најуспешен тренер во Англија, човек кој маалски екипи доведуваше до врвот во Англија и Европа. Има и такви луѓе. Но и тој си имал лоши моменти, Проклетиот Јунајтед е филм за неговиот престој во Лидс, тогаш шампион и најсилна екипа во Англија, со која доживеал потоп.

Има многу фактори во Интер, не е само до Му. Екипата се подобрува но прашање е, битна е формата во вториот дел од сезоната, и се разбира доста среќа. ЛШ стана исклучително тешко натпреварување, има 6-7 претенденти за титула од кои во добар ден, секој може да победи секого. Никому ништо не му е гарантирано.

По една точка за секој параграф :)

1.Ок тој детал го изумив и то е навистина тешко. Ама се случува Порто, Севиља, Валенсија*. Пак се работи и за супер генерација. Знајш колку звезди излегоа од тој тим. Сепак работата на тренерот е битна и ќе повторам пак голем неуспех ќе биди ако Му не го повтори истото.

2. Фала за филмот, можеби треба да отвориме тема за вакви филмови спорт/документарци и слична тематика.
П.с. типов е клон на Раниери а?:pos2:

3. Да има многу фактори зато и викам треба среќа. Ама зато и не викам дека мора оваа сезона да успеј. Битно е само да биди во врвот на ЛШ за да си го оправдува името и да нанижи барем уште една титула. во било која од верувам следните 20 години како профи.
 
Ако гледаме реално мурињо освен тоа што се бори како животно за своите играчи на прес конференции и со изјави тој во тимот не донесе ништо ново.
лани на почетокот почна да си го применува неговиот 4-3-3 систем надевајки се дека Мансини и Кварезма ке се истурат со топки накај ибра па после 7-8 коло кога имавме полоши резултати од лани мораше да смени тактика, односно почна да игра по стариот систем на Манчини.
оваа година најави дека купил се што му треба и дека оваа година ке сме го виделе интер и него во вистинско светло, ако ова е светлото тогаш јас го сакам манчини назад, иако е идиот во некои ситуации..

реков погоре, поарно порази сега и анулирање на истите отколку истото да ни се случува во Март после осмина финалето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom