Сампдорија ќе го продава Касано
13.07.2009.
Екипата на Сампдорија најверојатно ќе се ослободи од услугите на напаѓачот и голгетерот Антони Касано, потенцира еден од шефовите Бепе Марота.
“Во овој момент нема ништо конкретно во разговорите со Интер но ако добиеме понуда дефинитивно ќе ја разгледаме а големи се шансите и да ја прифатиме.Ќе инсистираме на нашите услови и мислам дека може да се исполнат.Дефинитивно Интер располага со фудбалери што може да бидат добредојдени за Сампдорија.Мислам дека и тука може да се најде заеднички јазик и да се реализира трансферот на Касано.Тоа ќе биде добар потег за него“-издвои Марота.
Иако одигра одлична сезона за екипата од Џенова, Касано не се најде на списокот на селекторот на Италија Марчело Липи на Купот на Конфедерации.



Аман бе уште овој ни фали :pishtoldz