Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве прво полувреме го завршивме со водство од 1-0
гол постигна Камбиасо.
Колку е лесно да се игра без стрес, а исто така и многу е поубаво да го гледаш Интер растеретен од резултатот.
Балотели ми изгледа дека се уште не е отрезнат од прославата, влезен е во филм. Многу се курчи сега, знае дека денеска се му е простено, што сака може да одигра и нема да му се бара одговорност. Жива кома е Балотели, ќе ни треба за расположение во соблекувална ( за атмосферата тој е задолжен).
 
Хаха, банерите се посебна приказна. На крај ќе има слики каде што ќе можат целосно да се видат, инаку за ова со адресава алал да им е, инспирација на ниво.
:tv:
 
Леле која кореографија ја имаше у пм низ цел стадион,целата сврзана во едно.Кај CURVA NORD беше ненормална кореографијата,свака част,но и на другата страна беше добра со италијанското знаме како корео и голем транспарент со број..........17:vozbud::vozbud:
За играта,добра беше,се гледаше дека се нервозни малку играчите,не се разбираа мегу себе,сакаа побрзо да дадат гол па да удрат уште едно славје.Но Камби наш заврши работа,ја плесна рутински за ерупција од емоции на Џузепе Меаца:vozbud::vozbud::vozbud:
Се би дал да сум таму вечерва,на Џузепе Меаца да почуствувам атмосфера и да се развикам со цело срце........:vozbud::vozbud:

CAMPIONIIIII D`ITALIAAAAA:vozbud::vozbud:
 
Гледајтего натпреварот, зашто вакава прилика релаксирано да гледаме натпревар нема секој ден.
Сега уште две утакмици можеме да ги гледаме со релаксација.
Уживајте мој ИНТЕРАШИ, ве сака најголемата обожавателка на ИНТЕР во МАКЕДОНИЈА - ЈАСМИНКА

БАЛОТЕЛИ за лудило на МЕАЦА
. . . . . . . . . . . 2-0 . . . . . . . . . . . .
 
Фиго како во своите најдобри денови, Балотели убав гол, показалецот кон италијанското знаменце на дресот !!! 2-0

Претходно Curva Nord скандира ,, Tutti Pazzi Per Materazzi ''
 
Цела Џузепе Меаца го скандира името на ИБРА.
CN му простила на Ибра за неговиот гест.
Сега секој допир од Ибра на топката е проследен со аплаузи од публиката.
Ибра е среќникот на Интер, тој изгледа е сречкото во Интер, после неговото доаѓање 4 титули.
Човеков е роден шампион.
Ибра и Мрињо до крајот на нивните кариери во ИНТЕР.
 
Фиго како во своите најдобри денови, Балотели убав гол, показалецот кон италијанското знаменце на дресот !!! 2-0

Претходно Curva Nord скандира ,, Tutti Pazzi Per Materazzi ''
Koн Скудетото, тоа го направи и по голот против Јувентус, покажа кон Скудетото .
 
САНТОН влезе на местото на ФИГО, а Фиго најави пензионирање на крајот од сезонава.
 
80.000 луѓе пеат Jose Mourinho, lalala, Jose Mourinho...

Толку омилен, за толку кратко време, браво Мур.
 
80.000 луѓе пеат Jose Mourinho, lalala, Jose Mourinho...

Толку омилен, за толку кратко време, браво Мур.
Па тие многу добро знаат кој е најзаслужниот за оваа четврта по ред титула.
За следната година најави 3-4 добри засилувања и сигурно одбрана на титулата во Италија.
Да бидам искраен ,друг тренер со ваков состав тешко дека ќе ја одбранеше титулата во Сериа А.
Во иднина само ќе биде на подобро.

ИБРО , па ти си МАЈСТОРОТ
 
Во првата шанса за него, Ибра прави 3-0, за да помине неговата нервоза зошто немаше дадено гол оваа утакмица :)

Во меѓувреме, генијалниот Мур прави измена, излегува Цезар, влегува Орландони. Со ова покажува колку е благодарен на целиот тим и изнудува аплаузи повеќе за најдобриот голман на светот.

Jose Mourinho lalala, Jose Mourinho ...
 
Многу атрактивно играл и Интер кога играл опуштено.
Егзибиции на Ибро, Мунтари, Занети и останатите.
 
Значи официјалната прослава на скудетото ќе биде против Аталанта...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom