Ibracadabra
Волшебник
- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 1.299
- Поени од реакции
- 65
Епа ако е така јас би му препорачал повеќе да се залага на терен и да употреби барем 50% од тоа што го има и така ќе дојде до победи и титули, а воедно најдобро е да се извини на навивачите зошто без нив нема титули ...
Морати или Curva Nord не сакам никој да ги чепка, а Ибра баш ме погоди кај што боли![]()
Шала на страна, на еден вистински навивач на Интер не може да му биде сеедно кога некој си игра со Морати, Curva Nord или Занети, ако грешам исправетеме.
Неможам да останам рамнодушен кога го гледам скокањето на трибините после голот на Мунтари против Јувентус, или скокањето вчера, на огромните транспаренти, се ежам кога ги гледам...
Il Cuore Della Nord Batte Dentro Di Te !!!
Му препорачуваш на Ибра да игра 50 % подобро или на управата односно на оној дел од управата кој е задолжен за нови трансфери 50 % подобро да си ја вршат работата? Или сакаш да им порачаш на играчи како оние од нашиот среден ред како се игра во големи натпревари? Едноставно да речам.. со зборовите.. ПИЧКА! Тоа е нашиот среден ред во големите натпревари..
Викаш на еден вистински навивач на Интер не може да му биде сеедно кога го исвиркувале Занети!? Кој е тој навивач на Интер? Зарем Интер постои само 15 години колку што е Занети тука? Зарем Занети има повеќе направено од Златан за Интер? Што е со оние навивачи кои почнале да го гледаат Интер пред 3 сезони, исто како што ти си почнал пред 10 тина, за кои Занети е еден борец и одличен фудбалер од средината, но не е незаменлив како Златан? Што е со оние навивачи пред да почни Занети да игра фудбал, за кои Факети бил најдобар? Секој играч смее да биде исвиркан.. но во овие последни години ако некој заслужил најмалку од сите тоа е Златан.. па ич кур не ме боли дали се викал Занети..
И за крај.. убаво ви напиша некој погоре.. Интер без Златан во овој момент е нула.. јас ви напишав 0 со букви за поубаво да прочитате..
Интер пред Златан го имаше Адриано, пред Адриано го имаше Виери, пред Виери го имаше Роналдо, пред Роналдо го имаше Џоркаеф, Ди Биаџо.. и да не набројувам.. ама во овој момент ако замине Златан од овие кои ќе останат можи една равенка да си направиш.. бидејќи Интер ви реков без Златан е 0, тогаш останатите сите помножете ги по оној резултат без Златан и видете што ќе добиете..
Замина Адриано.. уште овој да замини и ќе играме со Сампдорија за 8 место! А рекордот на Мурињо? Мурињо тој рекорд на победи немаше да го има без еден Деко, Карваљо.. во Порто.. и без еден Лампард, Тери, Дрогба во Челзи.. а за Мурињо освен Златан во Интер не гледам ништо друго освен една голема нула!