Па нема официјална потврда за што повреда е. Ако е бутниот мускул може и до еден месец, ако се препоние помалку. Ги изгубивме сите Бразилци што беа на интернационална должност, прво Маикон па Адри па сеа Цесар. Малер е тој Дунга
Па ако се сеќавате ( за тие што го гледаа мечот Еквадор - Бразил ) Цезар се пожали на повреда, а ако не се лажам за истата работа стануваше збор . . . знам тогаш искоментирав, уште ова ни фалеше зашто претходно Маикон го напушти теренот поради повреда .
Иначе според fcinternews Цезар ке отсуствува најверојатно месец дена, веста ја имаат превземено и преведено
goal.com .
А за вчерашниот меч незнам зашто некои беа разочарани од играта, јас напротив, по ремито на Јуве го добив она и што го очекував, единствено ме разочараа Сантон, Дејо и Балотели .
Типичен Мурињо стил беше вчерашниот дуел, цврсто во одбраната и со добра реализација во нападот ( 3 добри шанси, 1 гол ). . . ако приметивте сезонава, Интер не создава многу шанси, но има висок степен на реализација на истите со некои исклучоци ( Јунајтед вториот меч, Торино на домашен терен ) . На крај краева кои беа шансите на Удинезе, во споредба со оние две супер шанси на Мунтари во првиот дел, и онаа на Дејо по пасот на Ибра во вториот дел .
Мене ме радува играта во одбраната сезонава, проблемот секогаш на истата го прави анемичниот напад и дефанзивната средина, додадете ја тука
желбата на Мурињо за двајца играчи од средината и еден во нападот, и тешко дека Интер ке биде oна што ние од истиот го гледаме последниве неколку години, бледа и лоша игра во средината и нападот а со тоа и дозволување противникот да го диктира поседот на топката .
п.с. Сите овие идеи на Мурињо за иднината на Интер, желби за нови трансфери, инвестирање во млади играчи и слично, не би ги правел тренер кој има намера да остане овде 2-3 години . :smir: Али ај, се во свое време .