Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ibracadabra убаво си ја разработил трансфер политиката но си го заборавил можеби најзначајниот фактор.
Ако Интер сака следната сезона да остане компетентен за Сериа А и да ја освои ЛШ(или барем финале) треба многу многу да се уигра оваа екипа составена од евентуално новите засилувања и тие што ке останат.
без разлика колку е добар мурињо и колку ке траат подготовките сепак кога се прави ремонт таков на цела екипа тогаш најмалце 2 години треба да се вежба.
Сметам дека најпрвен Морати нема да дозволи толкава промена и губење на статусот први во сериа А во последните 5 години.

сепак ние овде сме само да коментираме а морати и мурињо што кројат само они си знаат:smir:
Кога имаш добар трењер, мотиватор и менаџер се е можно. Жозе уште првата сезона ги направи страшни Челзи, тоа ќе го направи и со Интер.
И летото мислам дека ке го земат само Диего и некој висок централен дефанзивец. Двајца играчи и те како ќе се уиграат со останатите.
Памтиш Барселона кога ги купија Ето, Роналдињо и Деко. Газеа уште првата сезона, тоа ке биде случај и со споменативе цели на Мурињо.
 
Ibracadabra убаво си ја разработил трансфер политиката но си го заборавил можеби најзначајниот фактор.
Ако Интер сака следната сезона да остане компетентен за Сериа А и да ја освои ЛШ(или барем финале) треба многу многу да се уигра оваа екипа составена од евентуално новите засилувања и тие што ке останат.
без разлика колку е добар мурињо и колку ке траат подготовките сепак кога се прави ремонт таков на цела екипа тогаш најмалце 2 години треба да се вежба.
Сметам дека најпрвен Морати нема да дозволи толкава промена и губење на статусот први во сериа А во последните 5 години.

сепак ние овде сме само да коментираме а морати и мурињо што кројат само они си знаат:smir:

Како тоа треба многу да се уигра? Јас не ги променив сите 11 во стартната постава.. Тие што ги пишав, а што мислам дека ќе заминат ја поминаа сезонава на клупата на Интер! Значи како што кажав нови треба да бидат еден централен дефанзивец кој игра со десна нога и еден или максиум двајца во средината кои и тоа како ќе се вклопат. Останатите за подмладување кои ги најавив како Болцони, Андреа Меи, Аквафрешка се фудбалери кои пред се ќе бидат резерви. Затоа јас не гледам којзнае колку големи промени во оваа екипа. Костурот сепак останува истиот. Во одбраната стандардните Маикон, Сантон и Самуел, во средината Занети, Камбиасо и во нападот Златан. Тоа е костурот на тимот.
 
да не даде господ еве еден од костурот се повредува и што тогаш:?
 
Па од одбраната на клупа ќе седат Бурдисо, Чиву, Андреа Меи и највероватно Кордоба. Од средината на клупата доколку дојдат двајца нови ќе бидат Станкович, Мунтари, Болцони.. можеби и Манчини.. од нападот тука покрај Златан ќе бидат Адриано, Балотели и Аквафрешка.. и сега не те разбирам.. јас за сите први 11 гледам замени кои на краток рок достојно би ги замениле од овие играчи.. Кој тоа ти го гледаш да се повреди, а ние да немаме замена?
 
и јас го знам интер и ти го знаеш интер.
кога еден се повредува тоа ти е пирамидално одма паѓаат уште 3-4 со него што играат на истата позиција.
втора година по ред неможеме одбраната да ја составиме целосна да биде.
а носењето на играч од странство носи и проблеми како првен прифаќање од екипата и снаоѓање во италијанскиот живот а на крај во италијанското првенство!
 
Па тогаш според тебе нека одат во Рим, нека ги купат Мексес, Де Роси и Аквилани. Завршена работа. Нема неизвесности околу тоа дали ќе се приспособат. Едноставно треба да се плати. Или ако веќе не може таму, тогаш ги имаш Кјаер од Палермо, Паломбо од Сампдорија и Инлер од Удинезе. Италијанска работа. Италијански специјалитет. Завршена работа. Моја желба се Лусио, Рибери и Диего. Можно ли е тоа? Морати пред некој ден изјави за Ибрахимович, во стилот дека секој има своја цена. Баш ме интересира која е цената на овие три кои јас ги посакувам. Имаат ли цена? Може ли Морати да ја плати? Овие три кои јас ги сакам и те уверувам дека ќе прочиташ за година и еден месец во сите спортски весници: "Internazionale conquer Europe!"
 
ти пишав горе едно сакаме и коментираме ние друго планира мм екипата!
јас го сакам Мексес Хамшик и Лавеци како докажани за италијанско!
а кога веќе би се напаѓала ЛШ Диего и Кун Агуеро затоа што во ЛШ ни е многу послаба реализацијата одколку во италија.
 
Според мене под итна постапка треба да се земи Диего или Хамшик, потоа Агуеро и на крај ни треба дефанзивец...Камби се скина од играње во одбраната :)

OUT: Виера, Бурдисо, Матераци, Ривас (на позајмица), Креспо, Обиња(на позајмица), Круз, Фиго па дури и Адриано, а да им се даде уште една шанса на: Кварезма, Мансини, Хименез и Суазо.

Гледам прашина се крена за Максвел дека ќе оди Барса или во Милан...не сум за негова продажба, а додека за Ибра не се секирајте никаде не оди :wink:

Голмани:
12. Ј. Цезар
1. Толдо
22. Орландони

Одбрана:
2. Кордоба
4. Ј. Занети
6. Максвел
13. Маикон
25. Самуел
26. Киву
39. Сантон и + уште еден нов

Средина:
5. Станкович
7. Кварезма
10. Диего или Хамшик
11. Хименез
19. Камбиасо
20. Мунтари
33. Мансини

Напад:
8. Ибрахимович
9. Агуеро
29. Суазо
45. Балотели
 
Според мене (најново) ... се земаат Диего како плеј и Агуеро со Златан во Напад ... и се продаваат Адриано,Матераци,Бурдисо,Мунтари и остали неспособњаци и се праи дрим тим !
 
abe samo eden zver vo odbrana ni fali i dvajca u sredina kreativci.ima rshum da prajme da vidite togash dali ne daval adriano golovi so ibra napred:smir:
 
Не сум за продавање на Адриано , Коста му дава поке предност на Суазо кој се поверди и до крајот на сезонава нема да заигра :nenene:
Мислам дека Суазо нема да се врати во Милано. Адри ке остане , Мур сака големи и снажни напагачи.

Ни требаат 3-4 топ засилувањња , 1 во одбрана , 2 во средина и 1 во напад ..
 
Абе ве гледам, ве читам и се чудам :)
Не е малку рано да се размислува за трансфери и слично? Чекајте успешно да ја завршиме оваа сезона, па по завршувањето ќе можеме да се препуштиме на такви муабети. Се до крајот на сезоната олабаветесе малку и не ги сваќајте толку сериозно трансфер шпекулациите на медиумите на Берлускони, и онака најмногу му се читани кога нешто се пишува во врска со шампионите :):)
 
Абе ве гледам, ве читам и се чудам :)
Не е малку рано да се размислува за трансфери и слично? Чекајте успешно да ја завршиме оваа сезона, па по завршувањето ќе можеме да се препуштиме на такви муабети. Се до крајот на сезоната олабаветесе малку и не ги сваќајте толку сериозно трансфер шпекулациите на медиумите на Берлускони, и онака најмногу му се читани кога нешто се пишува во врска со шампионите :):)
Брзо поминува времево Грејт :pos2:
Шо се секираш , наша е сезонава , ако нема вакви муабети фан клубов пуст е , два три постови на 3 дена , вака две три страни на ден :pos2:
 
По крајот на сезоната слободни агенти се Хернан Креспо, Хулио Круз, Луис Фиго, Оливиер Дакур и Паоло Орландини. Не очекувам да се продолжи договорот на ниту еден фудбалер иако со Орландини е неизвесно зошто ќе ни треба трет голман а мислам дека младиот Вивиано треба да се пресели кај нас да биде голман број два а Толдо број три, што е малку нелогично зошто неодамна Толдо доби нов договор.

Максвел сигурно си оди и тоа го најави неговиот агент, ќе го искористи членот 17 најверојатно со што ќе може да се пресели и во Милан а договорот ќе си го откупи за околу 2 милиона. Мислам дека лоше е изменаџирана целата работа со Максвел зошто да не ми истекуваше договорот за 15 месеци сигурно ќе можевме да го продадеме на Барса за некои си добри 10-15 милиони евра.

Кордоба има договор до 2012 исто како и Самуел и Киву и мислам дека токму овие тројцата ќе бидат скелетото во централниот дел од одбраната.

Бурдисо е одличен за пополнување на дупки во одбраната па очекувам да остане.

Матераци има договор до 2010 па лесно може да се случи да ќариме некое евро ова лето и да го продадеме исто како и Ривас кој неможе да се снајде во Интер и мислам дека треба да си оди.

Маикон и Сантон остануваат за страничните бековски позиции а тука е и Занети да помогне.

Околу засилувањата за одбраната, мислам дека нема потреба да фрламе големи пари зошто имаме солидна одбрана (штета што оваа сезона имавме многу повреди). Бруно Алвес Порто го цени 30 милиони евра, Челзи сигурно ќе бара над 20 за Карваљо па ако веќе се купува тогаш некој од Италија како што е Мексес.

Средниот ред ни е најпроблематичен дел од клубот. Ни недостасува класичен плејмејкер а имаме играчи кои не се на потребното ниво па цела сезона ја изигравме горе доле со исти четворица.

Патрик Виеира најверојатно ќе замине, поради повреди е делеку под нивото од Јуве и Арсенал. Има договор кој истекува во 2010 што значи дека ова лето е последна шанса да го искешираме. Има неколку опции за негова замена, Оби Микел кој е слободен играч, Есиен кој е еден од омилените играчи на Мурињо, Диара од Реал.

Стигнавме и до делот кој е најважен - ПЛЕЈМЕЈКЕР - играч кој и самиот Мурињо призна дека му фали на Интер. ВО 2010 доаѓа младиот Коутињо но мора да го решиме проблемот една година порано. Хамшик е мој фаворит - докажан во Серија А, крупен и силен - ги исполнува физичките барања на Мурињо, а Жозе се интересираше за него уште кога беше во Челзи. Воопшто нема да биде лесна трансфер цел Наполи сигруно ќе бара 30-40 милиони. Диего исто така котира високо на листата а во зависност од сезоната на Рома можно е да се обидеме и со Аквилани чиј договор истекува во 2010. Со доаѓање на ваков играч мислам дека Хименес ќе биде вишак во нашиот тим и најверојатно ќе си замине.

Кварезма не очекувам да се врати во Интер а мислам дека ќе биде грешка доколку не му даеме шанса на Мансини кој покажа дека може да игра и дека е многу покорисен од Мунтари на таа лева крилна позиција.

Ибра и Балотели се сигурни за нападот. Бранка најави враќање на Аквафреска. Обиња би требало да замине и единствена енигма е Адри.

Има договор до 2010 не е целосно опоравен од приватниот живот но и покажа дека не заборавил да игра фудбал. Пресудни ќе бидат преговорите за нов договор. Ако прифати помала плата може ќе остане ако не воопшто нема да бидам изненаден ако ни даде два гола на градското дерби со Милан.

Жозе сигурно ќе сака напаѓач плус, сите сонуваме за Агуеро, иако верува дека Моу повеќе цели на Дрогба и Милито. Треба добро да внимаваме на Тевез за 25 милиони евра сигурно можеме да го добиеме што не е многу за напаѓач од негово реноме. Тука е и Ето иако верувам дека ќе остане во Барса.

Мене многу ми се свиѓаат Давид и Давид од Валенсија и верувам дека треба да се приклучиме во трката иако сум свесен дека шпанските клубови, Барса, Реал и Ливерпул имаат предност.

Мурињо рече дека ја научил лекцијата и дека знае што му треба на Интер па со нетрпение очекувам да видам што ќе донесе ова лето
 
Имам едно прашање ... зашто заборавив ... Кај и што стана со Думан ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom