По крајот на сезоната слободни агенти се Хернан Креспо, Хулио Круз, Луис Фиго, Оливиер Дакур и Паоло Орландини. Не очекувам да се продолжи договорот на ниту еден фудбалер иако со Орландини е неизвесно зошто ќе ни треба трет голман а мислам дека младиот Вивиано треба да се пресели кај нас да биде голман број два а Толдо број три, што е малку нелогично зошто неодамна Толдо доби нов договор.
Максвел сигурно си оди и тоа го најави неговиот агент, ќе го искористи членот 17 најверојатно со што ќе може да се пресели и во Милан а договорот ќе си го откупи за околу 2 милиона. Мислам дека лоше е изменаџирана целата работа со Максвел зошто да не ми истекуваше договорот за 15 месеци сигурно ќе можевме да го продадеме на Барса за некои си добри 10-15 милиони евра.
Кордоба има договор до 2012 исто како и Самуел и Киву и мислам дека токму овие тројцата ќе бидат скелетото во централниот дел од одбраната.
Бурдисо е одличен за пополнување на дупки во одбраната па очекувам да остане.
Матераци има договор до 2010 па лесно може да се случи да ќариме некое евро ова лето и да го продадеме исто како и Ривас кој неможе да се снајде во Интер и мислам дека треба да си оди.
Маикон и Сантон остануваат за страничните бековски позиции а тука е и Занети да помогне.
Околу засилувањата за одбраната, мислам дека нема потреба да фрламе големи пари зошто имаме солидна одбрана (штета што оваа сезона имавме многу повреди). Бруно Алвес Порто го цени 30 милиони евра, Челзи сигурно ќе бара над 20 за Карваљо па ако веќе се купува тогаш некој од Италија како што е Мексес.
Средниот ред ни е најпроблематичен дел од клубот. Ни недостасува класичен плејмејкер а имаме играчи кои не се на потребното ниво па цела сезона ја изигравме горе доле со исти четворица.
Патрик Виеира најверојатно ќе замине, поради повреди е делеку под нивото од Јуве и Арсенал. Има договор кој истекува во 2010 што значи дека ова лето е последна шанса да го искешираме. Има неколку опции за негова замена, Оби Микел кој е слободен играч, Есиен кој е еден од омилените играчи на Мурињо, Диара од Реал.
Стигнавме и до делот кој е најважен - ПЛЕЈМЕЈКЕР - играч кој и самиот Мурињо призна дека му фали на Интер. ВО 2010 доаѓа младиот Коутињо но мора да го решиме проблемот една година порано. Хамшик е мој фаворит - докажан во Серија А, крупен и силен - ги исполнува физичките барања на Мурињо, а Жозе се интересираше за него уште кога беше во Челзи. Воопшто нема да биде лесна трансфер цел Наполи сигруно ќе бара 30-40 милиони. Диего исто така котира високо на листата а во зависност од сезоната на Рома можно е да се обидеме и со Аквилани чиј договор истекува во 2010. Со доаѓање на ваков играч мислам дека Хименес ќе биде вишак во нашиот тим и најверојатно ќе си замине.
Кварезма не очекувам да се врати во Интер а мислам дека ќе биде грешка доколку не му даеме шанса на Мансини кој покажа дека може да игра и дека е многу покорисен од Мунтари на таа лева крилна позиција.
Ибра и Балотели се сигурни за нападот. Бранка најави враќање на Аквафреска. Обиња би требало да замине и единствена енигма е Адри.
Има договор до 2010 не е целосно опоравен од приватниот живот но и покажа дека не заборавил да игра фудбал. Пресудни ќе бидат преговорите за нов договор. Ако прифати помала плата може ќе остане ако не воопшто нема да бидам изненаден ако ни даде два гола на градското дерби со Милан.
Жозе сигурно ќе сака напаѓач плус, сите сонуваме за Агуеро, иако верува дека Моу повеќе цели на Дрогба и Милито. Треба добро да внимаваме на Тевез за 25 милиони евра сигурно можеме да го добиеме што не е многу за напаѓач од негово реноме. Тука е и Ето иако верувам дека ќе остане во Барса.
Мене многу ми се свиѓаат Давид и Давид од Валенсија и верувам дека треба да се приклучиме во трката иако сум свесен дека шпанските клубови, Барса, Реал и Ливерпул имаат предност.
Мурињо рече дека ја научил лекцијата и дека знае што му треба на Интер па со нетрпение очекувам да видам што ќе донесе ова лето