Vartolu
The Infamous Mobb
Интер и Рома имаат одлични трансфер односи, можеби и најдобрите во Италија од една страна, а од друга страна сметам дека овој трансфер е можен поради фактот дека Аквилани е незадоволен од платата (што автоматски дава слика дека Рома и не е толку врежана во неговото срце). Де Роси секогаш давал изјави дека е од Рим и нема да ја напушти Рома, но истото никогаш не го изјавил Аквилани. Вие како фанови на Рома сигурен сум дека ја чуствувате разликата во приврзаноста кон клубот на Де Роси и Аквилани, како што јас ја чуствувам на онаа приврзаност на Занети и на Виера. Се надевам ме свативте што сакав да кажам.
Инаку потпишувањето на договор нека не ве залажува, истото се деси и со Насри, па во наредните денови стана играч на Арсенал.
На вас е да очекувате Аквилани да остане, на нас да се надеваме дека ќе дојде (секако доколку влезе во списокот на Мурињо).
Аквилани е дете на Рома, и кога не си отиде летово, кога јавно Претседателот на Јуве понуди 30 милиони за неговите услуги сигурно нема да си оди..И меѓу навивачите е познат како „IL Roma bambino“, прекар кој досега го носел само Тоти...
За болдираното грешиш..Неколку пати кога Јуве јавно сакаше да го доведе Аквилани во Јувентус минатото лето, тој изјавуваше дека Рома е негова љубов и дека сака да остане во Рома, и дека Рома му е во срцето..
Паметиме дека од Реал на времето стигаа понуди и од 60 милиони за Франческо Тоти, ама Рома не се дрзна да го продаде..Летово се докажа дека истото го планира Рома и со Аквилани...