Доста го дрвите за Златан.. Ќе дадел гол, немало да дај.. Ќе го повределе, ќе го свиркале.. Пола од тие работи по весниците се пишуваат заради поголем тираж.. Знаат новинарите кој наслов се купува пред дуелот Интер - Барселона..
Туку Златан ич не е битен во моментов.. Нека даде ако сака и 2 гола.. Нека победи Интер само..
Што се однесува до формацијата гледам сите фудбалери со исклучок на Матераци и Манчини се спремни.. Значи Мурињо има главоболки според мене.. Нашата најдобра одбрана во моментов е Маикон, Лусио, Самуел и Чиву! Значи тука нема место за Занети според мене..
Нашиот најдобар среден ред според мене е Камбиасо, Станкович, Снајдер и уште еден. Тој уште еден е голема главоболка мислам за Мурињо.. Нападот стандардно Ето и Милито.
Значи една работа е капитенот да игра.. Доколку биде изоставен тоа ќе биде голем психички удар за него.. Од друга страна Мота е покорисен во организација на напад и уфрлање во шанса.. Додека Мунтари е подобар кога ги брка противниците и со оние клизачки стартови од позади им ги одзема топките.. Значи според мене тука можеби е изненадувањето.. Ако веќе се реши Мурињо да го стави Камбиасо.. Доколку не, тогаш Занети игра 100 % и ќе се бира помеѓу Мота и Мунтари.
Чиву е доста добар во дефанзива, можеби најдобар што го имаме од левите бекови.. Знаеме дека Меси игра по таа страна.. Но Меси некогаш знае и да се уфрли во средина да одигра некое 1-2 подавање.. Тука ни треба Мунтари..
Маикон треба да растура по таа десна страна.. Нема конкуренција по левата страна на Барселона..
Станкович и Снајдер да упатуваат колку е можно повеќе удари од 20 метри.. Онаа глупавост која ја има Валдез мора да се искористи..
И секако.. Тие се послаби во одбраната.. Доста неконстантни ми делуваат кој и да играат назад.. Пујол, Пике и остала багра знаат и тоа како да направат по 1 до 2 кикса во натпревар..
Додека ние сме понеуиграни и послабо технички потковани во средината.. Тука треба помош и од Ето да се извлекува.. Како што тоа го прават Анри и Меси и на моменти нивната средина делува како да играат со 5 играчи, а не 3! Тоа е тоа..
Барса обично секој почеток на сезона го игра слабо.. Некако немотивирано.. Изиграа 0-0 со Шактар.. Минатата со Гетафе првото полувреме двапати им беше погодена стативата, за во второ онака рутински со еден необичен гол да поведат.. Тоа треба да го искористиме.. Ќе имаме преку 70.000 наши фанови за кои не се сомневам дека ќе бидат гласни во текот на цел меч.. Еден гол во раната фаза и очекувам делириум..
Ајде нека доаѓа среда упм веќе..
П.С. Нели се прави тема Интер - Барселона?