Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе така е зборот ебаго не биди буквалист :):)

И јас се радував коа ги даде двата гола против Парма,се радував како мало дете за лижавче,почнав и да плачам од срека,башка и пијан бев тогаш,оправдано ми е :):)

Викаш не треба да се лутиш,пошо негов избор било ??
-Ни на сон не требаше да дава такви изјави,пошо го нарушуваше тимот и хармонијата создадена од Мурињо.

И за крај како си игра Балотели курот со нас не знам ???

П.С-Болдот горе не ти чини,смени си го тимот :):)
Добро Ибра е веќе заборавен и одмене, а многу сум задоволен што го донесоа Весли Шнајдер, иако некој од фановите почнаа да го пцујат уште недојден поради неговата тешка одлука да го напушти Реал Мадрид.
По доаѓањето на Шнајдер поголема е самодовербата дека овој состав на Интер може да ја одбрани титулата во Сериа ( замене тоа е примарна цел 0, доколку имаме повеќе среќа може да се надеваме и на Лигата на Шампиони, но за тоа ќе ни биде потреба и многу среќа.

Едно имаме исто, сите подеднакво ги доживуваме победите и неуспесите на Интер.
Не е лесно да си фан на Интер, сите се емотивни фанови, за разлика од другите клубови кој два-три пати годишно ги гледат своите клубови на ТВ.

Нај страствени фанови има Интер, немам сретнато фан на Интер , а да е рамнодушен.
 
Сакаш да кажеш дека уште пред да излезат екипите на терен, Интер веќе ќе биде совладан?!

Во 20:45 почнува утакмицата, така прочитав... Но ај, кога се работи за мудрата страна на Милано, никогаш не се знае, може така и ќе биде.
...NOT.

Таман си е де :helou:
 
Дајте бе не беа доволни дискусиите за Ибра пред еден месец кога беше трансферот? Изигра одлични сезони во Интер, благодарни треба да му бидеме за титулите, ама типот е таков што постојано нешто му фали и мене барем никогаш не може дами биде омилен како играч. Некој ќе го сака, некој ќе го мрази, работа на вкус.

Групата не би требало да биде проблем, но мислам дека Барса ќе биде прва, што значи Интер како втор во група пак би добил силен тим во 1/8 финале и пак нови нервози.

Се надевам и дека Снајдер нема да се повредува како лани во Реал и конечно ќе биде плејот што фалеше во екипата.
 
моментално ја гледам утакмицата на нашиот противник во лигата на шампиони ДИНАМО МОСКВА - РУБИН КАЗАН на SKYSUPERCALCIO
Alejandro Domínguez од Аргентина е еден од најдобрите во составот.
Пишав нешто за Динамо и Рубин на претходните страници ( али лавината '' конструктивни '' постови си го направија своето ), го споменав него заедно со неговиот партнер во нападот, Букаров, во 19 кола во Русија имаат дадено вкупно 21 гол, 11 Домингез, 10 Букраров .

Пак ке повторам, и против Рубин, и против Динамо, мора да се искористи силниот напад на Интер, тука ја гледам предноста и шансата за победа во дуелите со Динамо и Рубин, потфрли ли нападот, Интер нема да го добие посакуваниот епилог на тие мечеви .
 
Јас искрено го почитувам ибра за се што напправил за овој клуб што ни донесе радост и титули,но ако ги памтите последните натпревари од последната сезона сите играчи играа за ибра да биде прв стрелец,. а он врати со заминуване од клубот мислам дека тоа не е во ред.
 
Ја едно знам =) Се кладев со 20души на Милан за дербиво така да ако изгубиме ке бидам префарбан у црвено/црно или ке бидам мн. груп навивач на интер на фан клубов ;)
 
Барселона, Интер, Динамо и Рубин!

Уште кога замина Златан таму реков дека сакам да играме со нив, сега сум задоволен што ни се паднаа токму тие. Но крајно сум разочаран што ни се паднаа Динамо и Рубин. Зошто баш мораше две екипи од истокот во иста група, во нашата..
И на крај како шлаг на тортата првата ја играме со Барселона дома.. Полошо од ова не можеше ни турците да смислат, како во минатото со ропството..
Знаеме дека нашиот тим игра доста слабо во Лигата на Шампионите. И кога на тоа ќе се додаде дека првата ја играме против најдобрата екипа од изминатата година, против играчи кои играат заедно веќе долго време, кога на тоа ќе се додаде дека имаме обичај најмалку една од оние лесните против останатите да ја кикснеме, се плашам да не треба да бараме бодови за пласман понатаму во она 5 коло на гости кај Барселона..
И кога на се тоа ќе додадеш дека играме под притисок поради слабите игри, кога на се тоа ќе ги додадеш разочарувањата од Лацио, Бари.. (не сакам ни да помислам и на Милан).. лошо ни се пишува.. Особено што овие две екипи можат ако треба да се договорат на крај за бодови, додека Интер и Барселона не играат на таа карта..
Најдобрата екипа од Русија во која сопственикот изминатата година вложи преку 50 милиони евра, најдобрата од Украина.. и секако во нивниот тим има доста фудбалери од Јужна Америка.. се тоа ја прави оваа група потешка..
Читам таму погоре некој напишал како ќе се снајделе против Ето и Милито..
Јас се прашувам како ќе се снајдат Ето и Милито против екипи кои негуваат 5-4-1 систем без подршка на нашата средина..
Задоволен сум што ќе гледаме епски натпревари со Барселона, а разочаран од противниците од двата ранга подолу.. Мислам дека ова е најлошото кое можеше да ни се падне..

Сега за друго нешто.. гледам читам таму ставате тактики и едвај чекате да го извадите Станкович од средниот ред..
Станкович точно дека не е којзнае колку добар за истурен плеј, но Станкович е класа подобар на било која позиција во средниот ред од Мота, Виеира, Мунтари и Занети. Единствено подобар е Камбиасо на дефанзивната позиција.. Кога тој играше најдобро во Лацио, во средниот ред таму имаше доста офанзивни фудбалери.. Цезар кој играше доста добро по левата страна, Фиоре кој беше доста добар по десната..
Додека кај нас Дејан игра како единствен офанзивен во среден ред со тројца дефанзивни фудбалери.. И дел од вас сеуште не ја научија лекцијата.. Сеуште во прв тим ставаат три од нив..
Значи ако веќе го имаме Снајдер во тимот, тогаш Дејан треба да игра поназад во средината со Камбиасо и еден од Мота/Мунтари/Виеира за овој наш тим да добие на креативност..
Толку накратко имав да кажам.. Не ми се зборува веќе толку после вака слаби игри на Интер.. Да го гледаш немоќен против Бари да даде гол.. Катастрофа..
И некои од вас ќе речат Бари играл дефанзивно.. се бранел.. А што сакате Бари да прави? Што ако сите останати тимови се бранат против нас? Со сите ли ќе губиме бодови? Не е проблемот до Бари.. Проблемот е што немаме лидер.. Како муви без глави сме по теренот.. Не сме уиграни.. Имаме 5-6 нови првотимци.. Со друг збор.. СРАМОТА!
Среќа наша што Милан и Јуве не се којзнае колку добри.. Инаку кај ќе ни беше крајот..

Толку.. Поздрав..
 
ако забележавте Ларсон кога отиде во Барса истата година во групите се паднаа Барса и Селтик!
Бекам кога отиде во Реал во групите реал Манчестер!
и многу такви примери има само не ми текнуваат!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom