Искрено многу повеќе го сакав Адриано од Златан. Адриано ми е најмил играч откако го пратам Интер.
А под играч светска класа подразбирам играч кој може да го поведе тимот кон освојување на титула, било да е првентство или лига на шампиони. А според тебе класа треба да бидеш, само да се најдеш во тој тим.. значи за тебе класа играчи се Фавали (кој беше во Милан кога ја освоија ЛШ), Фереира (кој игра во Челзи), Белети (кој играше во Барса), Хипиа, Шмицер, Барош (кој играа во Ливерпул).. итн..
Имаме различни сфаќања за тоа што е класа играч, а јас погоре го наброив моите.. доста сме далеку..
А Занети дефинитивно не е во нив. Туку да.. тој го кревал трофејот..

Па го крена во купот еднаш и Кордоба.. и тој е класа.. Ама Меси никогаш го нема кренато.. оти не е капитен.. а не класа..
Јас сум за разлика од вас навивач кој мисли на Интер, а не на легендите.. Јас сум во оние на кои подраг му е Златан од Занети, Кака од Малдини, Роналдо од Гигс, Меси од Пујол, Зидан од Раул..
Има голема разлика меѓу нас.. а не сакам да бидам како вас..
Ти бе драги што броиш.. Кордоба капитен на Колумбија, Киву капитен на Романија, Виеира капитен на Франција па што? Тоа ли ги прави светска класа? Капитени се оти се најстари и наискусни во тимовите..
А за Занети ако толку пратите фудбал не е веќе капитен на Аргентина.. играше на последната која ја гледав во квалификациите и не беше капитен.. друг беше.. не се сеќавам кој.. под водство на Марадона веќе не е капитен.. и што? Светска класа? Тоа нема врска..
А за Цезар што ми го токмиш со Златан многу грешиш..
Оваа му е прва сезона како брани Цезар.. како брани таак добро.. минатите не знаеше на која страна тера.. безброј киксови и тоа во клучни утакмици како Интер-Валенсија, Ливерпул-Интер.. бранеше добро минатава сезона.. ќе видиме наредната.. па и време беше да ти кажам.. веќе има 30 години.. да почни да бране..