Фан Клуб: Фиорентина

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување
Е како бе друже не ве надигравме, мислам, ако не си ја гледал утакмицата, глеј ја статистиката, ве спаси Нето повеќе пати. Не беше нешто којзнае што, ни Јувентус не изигра нешто најсјајно али сепак бевме подобри.

Црвениот позаслужен, амин, незнам што гледаш педерски тука. Првиот фаул ми се чини за опструкција на некаде 40тина метри од вашиот гол и спречена контра/полуконтра, вториот на 16 метри спречена чиста шанса. Не се ни бунеше воопшто Гонзало, сега ти викаш дека педерски било.
Спречи класична контра, влечејќи го Тевез, каде што првин Тевез убаво се загради па го заобиколи и овој го тегнеше за дресот и чист жолт имаше..
 
Нема сомнеж дека беше црвен... и велам иритира пошто ете во еден битен меч се деси тоа, ама тоа е фудбал. Иначе Фиорентина има напад ист како Јувентус, еден корпулентен напаѓач Гомез и еден мал брзоног технички поткован кој знае да задржи топка Роси. Исто како Тевез-Љоренте. И сигурен сум дека со оваа копија во напад можат следната година да го освојат ова натпреварување. Вчера Иличиќ го мењаше Роси на таа позиција, ама разликата помеѓу Роси и Иличиќ е видливо голема...и да поминеа вчера сигурен сум дека ќе имаа шанси за трофејот, единствена пречка ја гледам Бенфика која сезонава е супериорна, ама тоа е тоа. Сега нека се фокусираат мирно да го првршат првенството...не е битно дали на 4то место или на 6то би завршиле, преку купот обезбедија место во Лига Европа догодина. Нека штедат играчи од повреди и нека дава повеќе шанса на Волски, на Андерсон да се врати во кондиција и форма, на Ронкаља.... купот може да се освои, а и Роси би требало да е спремен на 3ти мај.
 
1965049_365971363544521_1440717430_n.jpg


Најдобрата информација !!!
 
Дај боже, сакам у Бразил да го гледам....
 
вечер ако ги тепаме наполитанкиве,се враќаме у игра за ЛШ,плус за нас е тоа што они имаат потежок распоред
 
Ама ако...а Сан Паоло е можеби најтежок стадион за играње...тешко ќе биде,а и Монетела нешто мења ко што гледам[DOUBLEPOST=1395620404][/DOUBLEPOST]Честито победа со среќа нека е и мала надеж за 3то место :) Малер ако Гомез се повреди пак. Денес Нето беше ОДЛИЧЕН, заслужува да бида бар на клупата на Бразил летоска
 
Последно уредено:
Гомез надвор од терените еден месец.
 
Гомез и Варгас + Роси+Пизаро= милан фанс лајкс дис :D
 
Нема да биде лесно без сите овие повредени, пред се Пизаро,Гомез и Роси... во спротивно ќе беше убав театар за гледање. Имаат и они шанси да земат бодови, ако Матри игра ко против Наполи.
 
Некако ич немате респект кон Милан, каков и да е, јас секогаш имам стравопочит спрема Милан. Еве и оваа година кога Рома игра супер,а Милан е за никаде, чувството секогаш е исто.
 
Милан има поединци кои можат да ја решат утакмицава и не оваа, сите во Серија А, ама сезонава се многу многу лоши...дури и проблемот тешко да го лоцираш, не се знае ништо... чудно. Нормално дека не е исто кога играш со Милан и некој друг тим, ама ова не е Милан што јас го знам години назад
 
Нема сомнеж дека беше црвен... и велам иритира пошто ете во еден битен меч се деси тоа, ама тоа е фудбал. Иначе Фиорентина има напад ист како Јувентус, еден корпулентен напаѓач Гомез и еден мал брзоног технички поткован кој знае да задржи топка Роси. Исто како Тевез-Љоренте. И сигурен сум дека со оваа копија во напад можат следната година да го освојат ова натпреварување. Вчера Иличиќ го мењаше Роси на таа позиција, ама разликата помеѓу Роси и Иличиќ е видливо голема...и да поминеа вчера сигурен сум дека ќе имаа шанси за трофејот, единствена пречка ја гледам Бенфика која сезонава е супериорна, ама тоа е тоа. Сега нека се фокусираат мирно да го првршат првенството...не е битно дали на 4то место или на 6то би завршиле, преку купот обезбедија место во Лига Европа догодина. Нека штедат играчи од повреди и нека дава повеќе шанса на Волски, на Андерсон да се врати во кондиција и форма, на Ронкаља.... купот може да се освои, а и Роси би требало да е спремен на 3ти мај.
Ако нешто ви фали како тим е клупа, квалитетна клупа :D од тука се трга можеби и по еден квалитетен играч во одбраната и средината зато што аквилани јас не го ценам многу искрено :)

а wolski ќе биди играчиште :D
 
Гледам мрење сте, па ај викам да пишам. Не пишувам за нетпреварот и за тоа што допрва следи, него за трансферите ова лето. Почнува на велико да се пишува по медиумиве па ќе издвојам неколку имиња што константно се спомнуваат

Одбрана: Кабул-Тотенхем (0 евра пошто е слободен на лето), Федерико Фазио-Севиља(10 милиони евра), Матео Мусачио-Виљареал, Дориа-Ботафого (8 милиони евра), Баланта-Ривер Плата (10 милиони евра), Кришито-Зенит (8-10 милиони евра), Ариас-ПСВ (7 милиони евра), Коларов-Сити ( 12 милиони евра), Сантон-Њукасл (8 милиони евра),Вермален-Арсенал (/)

Среден ред: Бонавентура-Аталанта (10 милиони евра), Базели-Аталанта (12 милиони евра), Кедира-Реал Мадрид ( 15 милиони евра), Марио Суарез-Атлетико Мадрид (/), Ларсон-Сандерленд (слободен играч),Бен Једер-Тулуз (7 милиони евра),Шачири-Баерн Минхен (15 милиони евра

Напад: Муриел-Удинезе (/),Маркос Асенсио-Мајорка (5 милини евра),Пандев-Наполи (/), Џакерини-Сандерленд (7 милиони евра)

Ова се оние кои највеќе се спомнуваат. Од овие дефинитивно медиумите највеќе форсираат со Кабул,Фазио,Кедира,Муриел,Бонавентура и Мусачио. Колку има вистина ќе видиме...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom