Фан Клуб: Динамо Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktoranius
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде на сите фанови на Динамо Загреб честито победа а посебно до SJE , сигурно многу се израдувал вчера сигурно со причина , и нека се множат што повеќе во Европа победиве :helou: . Иначе ја гледав утакмицава на Сателитска на Романската , навистина секоја чест , имаше игра , имаше акции , борбеност секоја чест , коментаторот на 3-0 си ќутеше не му се коментираше :pos2:. БББ беа навистина на ниво :smir: , со среќа :helou: .
 
Крвави глави, искината облека и стотици полицајци, така во попладнавните часови изгледаше Темишвар. Последните денови се најавуваа навивачки пресметки, а се зборуваше дека во најавениот судир ќе учествуваат и Срби. Покрај нападот со шишиња и пепелници кон Здравко Мамиќ, денот минуваше доста мирно се до послепладневните часови. А тогаш тепачки се заредија низ целиот град, навивачите не се пресметуваа само на едно место.„Забележавме неколку судири на навивачи, но, се уште не можеме да ви кажеме детали“, изјави претставникот на полицијата на Темишвар.
Информациите кои пристигнуваат од Романија говорат дека судирите ги започнале навивачите од групата Бед Блу Бојс, кои ги нападнале романските навивачи на Плоштадот на единството. Некои романски медиуми го напишаа спротивното, дека всушност романските навивачи ги нападнале загребските. Покрај со романските, БББ-овците се тепале и со Српските, некои дури тврдат со здружените навивачи на Гробарите и Делиите. Србите ги провоцирале бројно надмоќните Бед Блу Бојс, на што овие реагирале жестоко и буквално ги претепале провокаторите. Но набргу на српска страна застанале романските навивачи, па ќотекот го добиле и хрватските хулигани.
Покрај сето тоа, друштвото од Хрватска стигнало и меѓусебе да се степа, па полицијата во Романија, целиот ден, имала полни раце работа. Приведени се скоро 50 навивачи, а наводно агресивните навивачи на Динамо во сите тие силни тепачки го изеле подебелиот крај. Што во пресметката со романските навивачи, што против 350-те полициски специјалци.
Но, тука не прекина дивеењето во изведба на навивачите, и едните и другите и третите. Макљажата продолжи и пред влезот на стадионот.
„Србија, Србија, Србија!“, извикувале романските навивачи во моментот кога поминувале покрај трибината во која влегувале Хрватите. Реакцијата повторно била радикална. Оние кои се уште не биле влезени во стадионот тргнале во нова пресметка, а им се приклучиле и оние кои успеале да се вратат од внатре. Но и реакцијата на специјалците биле брутална. Палките повторно почнале да работат, а припадниците на Бед Блу Бојс масовно завршиле на подот. Набргу потоа почнале и приведувањата, пристигнал стар камион со грда церада во кој плицајците ги сместиле здивените навивачи. Во меѓувреме бакљи летале на обете страни, навивачите се гаѓале и со оваа особено опасна артилерија.
Нередите не престанаа ни на трибините. Бед Блу Бојс беа сместени во кафез, кој тргнаа да го пробиваат по новите скандирања „Србија, Србија, Србија“. Обезбедувањето во немоќ почнало да ги повикува специјалците, а за тоа време неколкумина загребски хулигани успеале да се измолкнат од кафезот. Специјалците придружувани со кучиња стигнале брзо, привеле уште навивачи и повторно ги транспортирале, сега со два уште постари камиони.
Дишењето на стадионот, во тие кризни моменти станало многу отежнато, најверојатно поради употреба на солзавец од страна на полицијата. Некои спомнуваа дека биле употребувани гумени куршуми во делот каде биле сместени навивачите од Хрватска. Во еден момент навивачите на Темишвар тргнале кон кафезот, но полицијата повторно брзо реагирала.:duel:
 
МАМАТА НИВНА ХУЛИГАНСКА ПРИМИТИВНА,СЕ ШТО ИМ Е ЖЕНСКО У ФАМИЛИЈА ДА ИМ ЕБАМ :tapp::tapp::tapp: Кретени,може да го избацат Динамо од европа,едино што го спасува од избацување е тоа што веќе се почнати фазите по групи,па ќе се наруши распоредот.Динамо е веќе на условна од УЕФА,3 години,сега најмала казна што може да се очекува е забрани за гостувања и неколку утакмици без публика на Максимир.:tapp::tapp::kesa::zid: :nerv:Против Удинезе,против Спарта и сега во Темишвар нереди.На Динамо ради нереди веќе им е забрането да играат во Италија,Швајцарија и Австрија......До кога вака.Едино што не спасувало до сега,односно единствен што не спасувал е Дамир Врбановиќ,еден од директорите на Динамо што е на една од повисоките позиции во УЕФА,ама ни он не е семоќен,неможе сегаш он да ургира.Веќе нема смисла по 1000000 пат да уригира за Динамо. :nerv:
Олеснителна околност,на која Динамо укажува е тоа што имало мало полициско обезбедување и тоа што Динамо доставил детална евиденција со имињата на сите навивачи,на сите што им е забранет пат,рутата со по која ќе се движат и каде ќе седат.
 
БББ е една од ретките групи која колку што може да му донесе добро на својот клуб во смисла на бодрење,верност,срце, толку може да му донесе и лошо ...
 
БББ е една од ретките групи која колку што може да му донесе добро на својот клуб во смисла на бодрење,верност,срце, толку може да му донесе и лошо ...
дури повеќе штета носи:)
 
Вие поарни ко да сте случајно.

:smir:
Па за некој степен да!:)
Среќа за Динамо што има врски у Уефа иначе ќе го јадевте на големо,реално гледано...
 
Па за некој степен да!:)
Среќа за Динамо што има врски у Уефа иначе ќе го јадевте на големо,реално гледано...
Еј,убивте навивач на Тулуз,убивте лани мислам на Војводина,ве исфрлија и вас ради нереди во Мостар.Јест да имаме врски,али ништо поарни не сте.

:smir::)
 
Еј,убивте навивач на Тулуз,убивте лани мислам на Војводина,ве исфрлија и вас ради нереди во Мостар.Јест да имаме врски,али ништо поарни не сте.

:smir::)
Исти нереди правевте во Прага лани,2-3 недели откако нас не избација а вие бевте казнети парично и тоа многу малку,нема смисла:)
 
Исти нереди правевте во Прага лани,2-3 недели откако нас не избација а вие бевте казнети парично и тоа многу малку,нема смисла:)
Да,ама немаше нереди на стадион и плус тоа ни беше прв посериозен инцидент на натпревар организиран од УЕФА( УЕФА куп квалификации,другите сериозни инциденти беа на пријателски утакмици).УЕФА повеќе казнува за нереди на стадион.Ако има нерди само во градот,тогаш само парична казна се доделува.
 
Да,ама немаше нереди на стадион и плус тоа ни беше прв посериозен инцидент на натпревар организиран од УЕФА( УЕФА куп квалификации,другите сериозни инциденти беа на пријателски утакмици).УЕФА повеќе казнува за нереди на стадион.Ако има нерди само во градот,тогаш само парична казна се доделува.
Со Удинезе да не беше надвор од стадион?
 
Со Удинезе да не беше надвор од стадион?
Со Удинезе само бакљи џиткаа на терен,а пијаниците паднаа од трибини( идиотите имаа среќа паднале врз монтажните вециња и се спасија ),а не се тепаа со никого на стадион.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom