Гус Хидинк е новиот менаџер на Челзи
Тренерот на Русија Гус Хидинк ќе биде новиот тренер на Челзи до крајот на сезоната. Холанѓанецот, истовремено ќе ја води Руската репрезентација, пренесува "Ројтерс".
"Ситуацијата е доста деликатна. Ќе биде тешко да се води и Челзи и Русија"- коментира Хидинк кој се наоѓа заедно со селекцијата на Русија во турскиот Белек. "Односите со Абрамович ми се доста корекни. Некој друг тим да ми понуди на светот не би прифатил,но во оваа ситуација ќе помогнам и до крајот на сезоната ќе се преселам во Лондон."
Договорот со Челзи на холандскиот стратег ќе биде привремен.Само до крајот на сезоната во Англија,поради тоа што ќе работи со Русија во квалификациите за СП.
На прашањето од новинарите дали ќе му биде напорно,околу самата работа,Хидинк рече дека во исто време ги водеше и ПСВ Ајндховен и селекцијата на Австралија.
Значи имаме тренер,ај со среќа нека ни е:helou: