"Многу сум изненаден. Тоа е шокантно. Тој само пред седум месеци почна со работа" - изјави Фергусон за официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.
"Сколари е човек со големо искуство. Тој го однесе Бразил до финале на Светското Првенство и го освои и беше добар избор за заменик на Аврам Грант пред седум месеци".
"Навистина ова е белек на ова време. Апсолутно се нема трпение во денешниот свет".
"Фудбалот изгледа многу поразлично денес. Неможете да ги обвинувате пресот, но и тие си имаат свој удел".
"Од секој лош резултат се прави сензација, сите ние сме предмет на тоа овиие години".
"Челзи го изгуби финалето на Лигата на Шампионите минатата сезона, постоеа очекувања тоа да биде постигнато оваа година".
"Навистина само овој месец Челзи игра лошо. Па мислам дека отпуштањето на Сколари се базира на игрите од само овој месец, не од изминатите шест. Тоа е изненадувачко" - заврши Ферги.